И мене ми е жал што понесен од емоции постираше таков пост. Никој апсолутно никој во овие 47 страни не плука по денот на независност ниту по својата земја. Како што ти си ја сакаш земјата, исто толку ја сакам и јас и сите овде на форумов. Нема некој што повеќе ја сака, а некој помалку тоа го има само во политичките штабови за ситни души и прости мозоци.
Секој има право да каже како ја доживеал прославата тоа не значи дека плука по 8 Септември ниту по Македонија. Генерално сите се согласивме дека прославата беше навистина спектакуларна и одлично организирана. Главен момент кој сите го плукаат е митингот на премиерот на кој не му беше ни место ни време, тоа не е дел од прослава на независност туку редовна лекција до своите клатодршци како пред него ништо после него пролет. Сите кој барем малку одат по земја го искритикуваа говорот и треба да се критикива бидејќи е прост потег. Исто како што се критикуваше моронската изјава пред прославата за паралелна прослава и неприсуство. Тоа е непристрасност.Следната прослава ќе му напишат говор од 5 минути ако ја научи лекцијата. Ако не ќе се даде предлог и кревети да се постават на плоштад.
Нашата историја е долга, но гледам дека ни се случува најстрашното - различно читање и толкување. Тоа страшно ќе ни се одрази понатаму.
Е сега критики од типот зошто на Каролина не и била убава косата и слични работи се муабети за на маса и не и влијае на генералната слика дека имавме фантастична прослава за 20 години независност на Македонија.
Ќе се научиш да не се вреѓаш лесно е. Секој ден по еден ќе те нарекува комуњар или глупа овца па ќе ти стане сеедно.