Спектакуларна прослава по повод 20 години од независноста

Статус
Затворена за нови мислења.

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Сакаш да кажеш дека тоа се проблеми кои можат да бидат решени пред 21 годишнина од независноста?
Не. Сакам да кажам дека тоа се вистинските проблеми на кои треба да им се обрне внимание.
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.818
Поени од реакции
10.171
Доволно беше да ја отворам темава после вчерашната прослава и од состојба во која го љубев македонскиот народ да дојдам во состојба да ми се гади од него. Срамота, за родителите што ве тровеле со омраза кон се македонско и за вас што сте го дозволиле тоа. И пред некој од таборот на Колишевски да почне да се жали за сиромаштија (која истите ваши родители ја створија), ќе ве поштедам од тие коментари:

Немате пари а дремете на Интернет? Од кај ви се парите за Интернет, нели Уганда бевме?
Немате пари а постирате слики на Фејсбук во албум Лето Грчка 2011? Ниту во ЕУ средната класа не си дозволува Грчка секое лето.
Немате пари а плаќате бугарски пасоши, за потоа да платите 2000 евра помалце за некоја крнтија од автомобил?

Доста глумите адвокати на македонскиот народ. Ми се повраќа од вашето лицемерие. Нема да одговарам на оние што ќе ме цитираат.
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Не. Сакам да кажам дека тоа се вистинските проблеми на кои треба да им се обрне внимание.
Се сложувам.
Сега најверојатно очекуваш да почнеме да се докажуваме кој работи, а кој не за решавање на овие вистински проблеми. Па, сите помалку, никој доволно.
Сепак вчера беше јубилеј (каков-таков) и јас мислам дека како луѓе можеме да си дозволиме да прославиме нешто (луѓето славеле, пееле и имале моменти на радост и во турско) бидејќи овие проблеми ќе постојат и ќе треба да се бориме против нив уште долго. Народот отиде на манифестација организирана од институциите на државата Македонија, а не од ВМРО-ДПМНЕ.
И не се секирај, никој од нас не ги заборавил проблемиве, така да двете партии ќе имате и во иднина широко поле за препукувања и собирања политички поени и удобни фотелји. Не го потценувајте до толку народот, ве ранел толку години ќе ве рани уште стотина.:)
 
Јас само ќе те замолам да одиш од почетокот на мојата дискусија, да прочиташ како влегов во неа и како се разви истата таа дискусија. Ваљда ќе ме сфатиш па ќе го повлечеш твоето мислење за мене, дека позади мојот јузер се крие некој слеп партиски послушник (болд), а таа етикета автоматски се лепи веднаш на некој што јавно ќе проговори дека нешто не му се допаѓа во оваа држава.
Инаку се сложувам со тебе, треба да се слави, голем национален празник е, треба да се слави без обид за политизирање на настанот, затоа што нели институциите ја организираа таа манифестација.
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Јас само ќе те замолам да одиш од почетокот на мојата дискусија, да прочиташ како влегов во неа и како се разви истата таа дискусија. Ваљда ќе ме сфатиш па ќе го повлечеш твоето мислење за мене, дека позади мојот јузер се крие некој слеп партиски послушник (болд), а таа етикета автоматски се лепи веднаш на некој што јавно ќе проговори дека нешто не му се допаѓа во оваа држава.
Во ред, не ни планирам да ја читам дискусијата отпочеток бидејќи не се однесува на прославата, ама штом застранила во тој правец сигурно има присуство на партиски тролови. Забелешката ја упатувам до билокој од двете страни.

Во другите градови се празнуваше ли?
http://daily.mk/cluster3/9d2469b61d7c7dfb8950e5060efd1044/895186
 
_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Во ред, не ни планирам да ја читам дискусијата отпочеток бидејќи не се однесува на прославата, ама штом застранила во тој правец сигурно има присуство на партиски тролови. Забелешката ја упатувам до билокој од двете страни.
Ондак немаш право да упатуваш забелешки. ;)

А кој е партиски трол, нека оценат драгите поштовани читатели. Peace.
 
A

Alexander Nevsky

Гостин
Викаат дека слогата поместува планина.Ама поради тој недостаток патиме и ќе патиме во иднина очигледно.
 
Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.813
Благодариме до сите албанци кои не собраа храброст да го честитаат,а камо ли па да прокоментираат околу прославата....епа после коезија,соживот....абе ај.
 
Arta

I AM THE YUMMY PIE!
Член од
26 јуни 2011
Мислења
142
Поени од реакции
49
Благодариме до сите албанци кои не собраа храброст да го честитаат,а камо ли па да прокоментираат околу прославата....епа после коезија,соживот....абе ај.
Ete bash za ova mi ispadna da gledam na vesti I toa: albancite diskriminirani vo proslavata,od 90 peaci nieden albanec,I niedna pesna albanski ili turski, a da ne zboruvame za drugite nesta koi uopsto ne ja reflektira multietnickata drzava vo taa cudesna zabava,sve beshe samo makedonsko I nisto drugo ova e ocigledno,monoetnicka drzava nislam za proslavata...I ps albanskite peaci se zalea deka nikoj od niv organizatorot ne gi pokanil...
 
Член од
19 октомври 2010
Мислења
576
Поени од реакции
344

Хахахахаа какви глупости изнатропа девојко не си свесна! Па Американците кога си слават ден на државноста викаат пеачи од Италија, Шпанија, Монголија, Габон, Узбекистан, Пакистан, Палестина, Оман, Јемен......? И тие се жители на Америка нели?
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646

А додека премиерот во неговиот говор повика на обединување на соселани и сограќани од разни националности, после во музичката програма излезе војо стојановски екс пратеник на вмро и пееше ние не сме срби, грци, бугари и др. кој парадокс :D
 
Член од
11 декември 2010
Мислења
51
Поени од реакции
7
Прослава во која по обраќањето на премиерот беше извадено огромно знаме на голема Македонија и ѕвездата од Вергина. БРАВО, БРАВО, до каде ќе одиме вака само се чудам...
И ДА, АЛЕКСАНДАР УБАВО КАЖАЛ: НЕ СЕ ПЛАШАМ ОД АРМИЈА ЛАВОВИ ПРЕДВОДЕНА ОД ОВЦА, СЕ ПЛАШАМ ОД АРМИЈА ОВЦИ ПРЕДВОДЕНА ОД ЛАВ!
Токму второто и ни се случува. Да живее Македонија!
 
Член од
31 декември 2007
Мислења
441
Поени од реакции
111
Хахахахаа какви глупости изнатропа девојко не си свесна! Па Американците кога си слават ден на државноста викаат пеачи од Италија, Шпанија, Монголија, Габон, Узбекистан, Пакистан, Палестина, Оман, Јемен......? И тие се жители на Америка нели?
Глупа ти е споредбата ,САД е земја на емигранти ,не сум гледала ниедна нивна прослава ,ама не би ме чудело да се пее и на шпански ,поради големата застапеност на население од тоа говорно подрачје
Искрено не знам што им било толку тешко да повикаат и пејачи од други националности ,им ја рушат концепцијата или што
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom