Токму толку колку што зема овдека еден полуписмен партиски тркач вработен во државната администрација!
Да ама што им е гајле, таму стратешките енргетски потенцијали, инфраструктурата, телекомот ( колку ми се допаѓа ова Телекомот - колку моќно делува!? ) , водата, енергенсите како нафтата..... се е во народни раце, се е национално богатство, а не како овде распродадено за беспари - опљачкано! Во право биле партизаниоте кога пееле: Америка и Енглеска, биче земље пролетерске! (Многу слатко!)
Да, веројатно и таму пред некоја бакалница чучнати со пиво меѓу нозете муабетат: Види го бе овој клошар беше Zuckerberg, па Jobs, Cuban... а каде стигнава. Приказни никогаш крај! за мали деца и за наивни..... Но дека американскиот сон е само сон отсонуван.... тоа треба да му биде на секого јасно!
А ние ВЕЧНО ке офкаме туфкаме и кукаме, жалиме: зошто Александар умрел млад, да поживееше уште некоја година ќе појдеше на Рим па денес римјаните ке не викаа *тато* зошто Персеј во трите војни од нив бил поразен, зошто на нашата војска и ваделе очи (па изгледа сами себе сме си ваделе!?)... зошто Австријците го заебале Карпош, зошто само не делеле, парчеле... зошто 45 години Социјализам, зошто неправедна приватизација.... го знаеме ова, секако! И мене ми е мака, се разбира дека ми е! И за ова последново, за приватизацијата и грабежот... но нема да дозволам да загосподари со мене да ми биде опсесија, труење секојдневно.... нема да дозволам евентуално да ми послужи како оправдување за сопствената немоќ.....
Нормално е дека спасот сите го бараме за себе си, те се почнува од индивидуата.....темава е има ли спас за Македонија - жива материја луѓе кои живеат во неа, тоа се подразбира..... И нема ништо почовечно од тоа човек да се надева и бара спас, решение некое.....