А кој ЦК решаваше за богатството на Тодоровиќ или за Велија? Или за Трипун или Гуштеров? Или за Зоре? И овие натепаа по десетици или можеби стотици милиони Евра! Без приватизација, без Централни комитети.... го нема тоа во другите земји? Што измисливме сега, топла вода?
Tomsaso, мене сето ова ми е јасно, ама те прашувам дали можеш да го промениш тоа?... Една партија уште пред да се направат тие срања, проба да ги добие изборите со ваучерски систем на приватизација. Знаеш ли како поминаа? Онака како што ќе поминат и сега! Кој е крив за тоа?.... Невер мајнд. Поентата ми е: Било па поминало! Премногу се гушиме и давиме овие години, децении со расправање и полемизирање.... што би било кога би било!? Да имаше баба туле че беше дедо! До кога ќе кукаме за тоа? До кога? Уште една година? Уште две? Три? .... Аман доста е веќе! "Don't cry over spilled milk" да не плачеме по истуреното млеко више! Треба да го сватиме тоа како една несреќа, елементарна непогода, војна.... треба да се оди натаму! Од тоа да се најадеме не ќе можеме, ниту да живееме.... Ќе треба да внимаваме да не ни се случи уште една елементарна непогода!
Да се угледа рајата на Велија,Зоре и Гуштеров а? Нешто ко roll models...:tv:
Спас на што???
Ти се измешале концептиве некако...темата е спас за Македонија, се имплицира на економски спас и веројатно на висок животен стандард, а тоа ако се земе генерално за екомонијата на РМ и мнозинството население, е во меѓусебна зависност со „ситниците“ како криминална приватизација, бирократски overload, партизиран правосуден систем, јадна инфраструктура, бедно здраство, образование за кое што помалку се каже тоа поарно, државата како најголем работодавец и распределувач на добрата на оваа територија и уште 1001 фактор надвор од можноста на поединецот да ги промени, освен со насилна револуција за која секако нема и нема ни да има критична маса.
И најлегендарно секој кој го споменува очигледното а тоа е неможност за било какви коренити промени на ниво на држава добива етикети теоретичар на завери...неее не се тоа основните економски параметри кои ја градат економијата, тоа рајата си прави филмови...
Фрази како “не плачете за пролеаното млеко“ во контекст на горенаведеното како “спас“ за РМ...продавај на некои малоумни пред кооперација. Транзициски мудрости од типот „снаџи се па живи“ и “види го оној бе,клошар беше сеа растура“
Како да ти кажам посликовито...ако те кастрира некој, планирањето фамилија ќе спадне на теоретска основа, лишена од практична апликација за потомство...
Се е распродадено и разграбено, сета стратешка инфраструктура,енергетика,телекомуникации... а ние ќе си правиме муабет за “спас“...how cute...:tv:
Уште бирократијата како илузија да ја сфатиме и од магаре на коњ ќе се качиме и ќе почниме да садиме афион, море и индустриски канабис...“шо кукаш бе, ти зеле пола од заработеното, чесно било, ова-она...гледај ги Велија и Зоре“...:pos2:
Како поединци е друго прашање, кое има реална основа и “спасот“ секој го бара за себе и за својата најблиска околина, некој во емигрирање, некој во започнување некој бизнис, некој во штедење и преживување од први до први, варијантите ги има многу да се набројуваат, но едно е сигурно, every man for himself, and that`s that...ако некој има среќа да најде истомисленици за некоја работа и да започне нешто...добро...ако не...пак добро...
“Спасена“ е РМ одамна, немај мака...