Спас за Македонија

Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Не е се украдено,уште се краде :) Верувај дека не е касно/ Само така ќе се заплашат политичариве,кои си играат курташак со животите на големото стадо овци :)
Сега се крадат само трошките, со турнати гаќи, и опинок во глава. Телекомот отиде, Окта отиде, струјата отиде, се што вредеше отиде. Провизиите се лапнати, националното богатство е одамна разграбено.

Сега по некое тендерче на ситно, како оној кутриот градоначалник во некоја забутана општина кој глумеше селски курназ и кој го фатија со рацете во медот.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Да не ја должиме многу, едно се желби , оптимистичко фантазирање, па и работа на ставот и на перцепцијата......(Dr.Zmigo).....стварноста е сурова...едноставно речено за к...р не не бива!!!
Многу сме прости, необразувани, смотани, завидливи....дестилат на простољудието...есенција.., народ кој смислил:да му умре козата на комшијата....!!!..........не може ништо да се очекува таков народ.
Додека беше Југославија се шлепавме ко вагонетка у композицијата, но сеа композицијата ја нема...и ние сме kaputt!!!
Зар некој и у сон може да помисли дека сиромаштијата е од Бога дадена работа.., на простор каде метла наопаку да збрцаш у земја...кајсија расте????
Нема такво нешто...се е у глупоќа, а кога ја има неа нема ни организација, ни продуктивна работа..., ни бизнис клима...ни релации со околниот свет...глупоќа увек побеџује...увек и заувек..., но да не ве депримирам...пробај те.. сепак со афионот.....:)

:salut:Конкрит, решението значи како оние у Француска Гвајана! Нема друго!.... Или гледаш што вели Заратустра, 2-3 хеликоптери со антракс врз државава.... СТРАШНА РАБОТА ЧОВЕЧЕ! Има ли дискусија после ова?
А извини каде го нема сето ова што го напиша, сите оние атрибути? Сеуште веруваш дека ќе најдеш човек како што бараше Диоген или нација како што создаваше фирерот!?.... Каде кажи ми? Каде ги има? Во државата во која што има регистрирано партија на педофили? Или на педери?.... Во државата која изеде 150 милијарди, а сега сака уште 100..... или на онаа Иберискиот полуостров со жители колку Хрватска а исто така сака стотче!? Мислиш дека нив за к..р ги бива? По што се поразлични од нас? Мислиш дека ние сме посебна сорта? Се лажеш! Многу *талентирани* нации има. Голема е конкуренцијата!.... Со било што ќе пробаме, со афион, со јагоди (на таа тема ти беше апологет на иницијативата, ако добро се сеќавам)...... се ке пробаме да сееме, садиме, произведуваме само нема да сееме: песимизам, разочараност, нихилизам, ресантиман... Макар и неуспешно! Битно е да се обидеме. Поарно на душата ќе ни биде. Дека е подобро страдање отколку празнина тоа одамна е докажано!
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
:salut:Конкрит, решението значи како оние у Француска Гвајана! Нема друго!
А извини каде го нема сето ова што го напиша? Сеуште веруваш дека ќе најдеш човек како што бараше Диоген или нација како што создаваше фирерот!?.... Каде кажи ми? Каде ги има? Во државата во која што има регистрирано партија на педофили? Или на педери?.... Во државата која изеде 150 милијарди, а сега сака уште 100..... или на онаа Иберискиот полуостров со жители колку Хрватска а исто така сака стотче!? Мислиш дека нив за к..р ги бива? По што се поразлични од нас? Мислиш дека ние сме посебна сорта? Се лажеш! Многу *талентирани* нации има. Голема е конкуренцијата!.... Со било што ќе пробаме, со афион, со јагоди (на таа тема ти беше апологет на иницијативата, ако добро се сеќавам)...... се ке пробаме да сееме, садиме, произведуваме само нема да сееме: песимизам, разочараност, нихилизам, ресантиман... Макар и неуспешно! Битно е да се обидеме. Поарно на душата ќе ни биде. Дека е подобро страдање отколку празнина тоа одамна е докажано!
:)..........
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
:salut:Конкрит, решението значи како оние у Француска Гвајана! Нема друго!.... Или гледаш што вели Заратустра, 2-3 хеликоптери со антракс врз државава.... СТРАШНА РАБОТА ЧОВЕЧЕ! Има ли дискусија после ова?
Дискусија мора да има, само е малку залудна. Приватизацијата беше класична пљачка, и секој кој сега поседува богатство стекнато во тој период мора да биде свесен дека е стекнато на криминален начин . Тоа практично го оправдува секој чин на насилно одземање на тоа богатство од трети лици. И сега, во едни такви услови, ќе глумиме држава и ќе разговараме за спас? Не оди тоа така. Дали ти разбираш дека неколку семејства од црвената боржуазија кои половина век владеа со Македонија, одлучија на почетокот на приватизацијата кој ќе биде богат со 5 генерации однапред, а кој сиромав? После дојде Љубче, и доукраде што остана. Тоа е во две реченици транзициската историјата на Македонија.

Ама ништо страшно, ние сме потомци на Александар, крцкајте си и размислувајте за спас на Македонија...

Тенгала.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Ме боли мене уво чии потомци сме. Да, да и за заверите за кои зборуваш исто така!... како оправдување за бедата, добри се - митологија чиста! Така изгледа настанале повеќето митови. Дај му митови на народецов - оправдување за неговата беда и неуспех.... Јудо-саксонски ложи. Масонерија.... теорија на завера....Зеитгеист срања... Одбрани фамилии.....одбрани луѓе, нации.... бла,бла, бла.......
Не! Нема да размислуваме за спас било чиј! Ќе читаме поезија од *народниот херој* на БИХ, Караџиќ кој пишуваше: Све че (или *ќе* кој како милува) горети! Сарајево че горети, Јахорина че горети.... горече небо и земља!...... Ќе кукаме за неправедната приватизација, за пљачките на столетието, за неправдите (како Калимеро)......и ќе ги чекаме хеликоптерите! :pos2:.... Сето тоа само нема да размислуваме за спас.
 
Која црна завера бе пријатек, кој Ајк, кај замина?

Мислиш дека е потребна завера за Штерјо преку ноќ да стане најбогат човек во Македонија?

Потребна е само одлука во ЦК на СКМ...
 
tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Ме боли мене уво чии потомци сме. Да, да и за заверите за кои зборуваш исто така!... како оправдување за бедата, добри се - митологија чиста! Така изгледа настанале повеќето митови. Дај му митови на народецов - оправдување за неговата беда и неуспех.... Јудо-саксонски ложи. Масонерија.... теорија на завера....Зеитгеист срања... Одбрани фамилии.....одбрани луѓе, нации.... бла,бла, бла.......
Не! Нема да размислуваме за спас било чиј! Ќе читаме поезија од *народниот херој* на БИХ, Караџиќ кој пишуваше: Све че (или *ќе* кој како милува) горети! Сарајево че горети, Јахорина че горети.... горече небо и земља!...... Ќе кукаме за неправедната приватизација, за пљачките на столетието, за неправдите (како Калимеро)......и ќе ги чекаме хеликоптерите! :pos2:.... Сето тоа само нема да размислуваме за спас.
Види точно е дека богатството е концетрирано во мала елита.. Да го следевме моделот на Словенија досега ќе имавме по 20.000 евра дивиденди и некои 30-40 илјади евра во капитал во акции.. секој граѓанин..

Проблемот е што мега-капацитетие т.е капиталот како макстил, фершпед, технометал вардар итн легнаа на личните конта на "одбраните" кои денес се милјадери наместо да имавме прав капитализам каде што денешните милјардери ќе беа милјардери не од наследвуање на цела фабрика туку од тргување на капиталот кој ќе му припаѓаше на 2 милони акционери. Некој ќе продадеше, некој ќе купеше.. на крај ќе имаше и богати и сиромаси и средни... богати ќе беа по заслуга а не по одлука на ЦК или по случајност што се нашле на местото па можеле да украдат...
 
THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333

Ај сега ти кажи ми зошто нашиве тајкуни не инвестираат во Македонија ?
Се осеќаат неспособни па се плашат да не им пропадне инвестицијата или нешто трето е работата ?
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Види точно е дека богатството е концетрирано во мала елита.. Да го следевме моделот на Словенија досега ќе имавме по 20.000 евра дивиденди и некои 30-40 илјади евра во капитал во акции.. секој граѓанин..

Проблемот е што мега-капацитетие т.е капиталот како макстил, фершпед, технометал вардар итн легнаа на личните конта на "одбраните" кои денес се милјадери наместо да имавме прав капитализам каде што денешните милјардери ќе беа милјардери не од наследвуање на цела фабрика туку од тргување на капиталот кој ќе му припаѓаше на 2 милони акционери. Некој ќе продадеше, некој ќе купеше.. на крај ќе имаше и богати и сиромаси и средни... богати ќе беа по заслуга а не по одлука на ЦК или по случајност што се нашле на местото па можеле да украдат...

А кој ЦК решаваше за богатството на Тодоровиќ или за Велија? Или за Трипун или Гуштеров? Или за Зоре? И овие натепаа по десетици или можеби стотици милиони Евра! Без приватизација, без Централни комитети.... го нема тоа во другите земји? Што измисливме сега, топла вода?
Tomsaso, мене сето ова ми е јасно, ама те прашувам дали можеш да го промениш тоа?... Една партија уште пред да се направат тие срања, проба да ги добие изборите со ваучерски систем на приватизација. Знаеш ли како поминаа? Онака како што ќе поминат и сега! Кој е крив за тоа?.... Невер мајнд. Поентата ми е: Било па поминало! Премногу се гушиме и давиме овие години, децении со расправање и полемизирање.... што би било кога би било!? Да имаше баба туле че беше дедо! До кога ќе кукаме за тоа? До кога? Уште една година? Уште две? Три? .... Аман доста е веќе! "Don't cry over spilled milk" да не плачеме по истуреното млеко више! Треба да го сватиме тоа како една несреќа, елементарна непогода, војна.... треба да се оди натаму! Од тоа да се најадеме не ќе можеме, ниту да живееме.... Ќе треба да внимаваме да не ни се случи уште една елементарна непогода!
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444

Да се угледа рајата на Велија,Зоре и Гуштеров а? Нешто ко roll models...:tv:
Спас на што???
Ти се измешале концептиве некако...темата е спас за Македонија, се имплицира на економски спас и веројатно на висок животен стандард, а тоа ако се земе генерално за екомонијата на РМ и мнозинството население, е во меѓусебна зависност со „ситниците“ како криминална приватизација, бирократски overload, партизиран правосуден систем, јадна инфраструктура, бедно здраство, образование за кое што помалку се каже тоа поарно, државата како најголем работодавец и распределувач на добрата на оваа територија и уште 1001 фактор надвор од можноста на поединецот да ги промени, освен со насилна револуција за која секако нема и нема ни да има критична маса.
И најлегендарно секој кој го споменува очигледното а тоа е неможност за било какви коренити промени на ниво на држава добива етикети теоретичар на завери...неее не се тоа основните економски параметри кои ја градат економијата, тоа рајата си прави филмови...

Фрази како “не плачете за пролеаното млеко“ во контекст на горенаведеното како “спас“ за РМ...продавај на некои малоумни пред кооперација. Транзициски мудрости од типот „снаџи се па живи“ и “види го оној бе,клошар беше сеа растура“
Како да ти кажам посликовито...ако те кастрира некој, планирањето фамилија ќе спадне на теоретска основа, лишена од практична апликација за потомство...
Се е распродадено и разграбено, сета стратешка инфраструктура,енергетика,телекомуникации... а ние ќе си правиме муабет за “спас“...how cute...:tv:

Уште бирократијата како илузија да ја сфатиме и од магаре на коњ ќе се качиме и ќе почниме да садиме афион, море и индустриски канабис...“шо кукаш бе, ти зеле пола од заработеното, чесно било, ова-она...гледај ги Велија и Зоре“...:pos2:

Како поединци е друго прашање, кое има реална основа и “спасот“ секој го бара за себе и за својата најблиска околина, некој во емигрирање, некој во започнување некој бизнис, некој во штедење и преживување од први до први, варијантите ги има многу да се набројуваат, но едно е сигурно, every man for himself, and that`s that...ако некој има среќа да најде истомисленици за некоја работа и да започне нешто...добро...ако не...пак добро...:)

“Спасена“ е РМ одамна, немај мака...:)
 
tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
А кој ЦК решаваше за богатството на Тодоровиќ или за Велија? Или за Трипун или Гуштеров? Или за Зоре? И овие натепаа по десетици или можеби стотици милиони Евра! Без приватизација, без Централни комитети.... го нема тоа во другите земји? Што измисливме сега, топла вода?
Tomsaso, мене сето ова ми е јасно, ама те прашувам дали можеш да го промениш тоа?... Една партија уште пред да се направат тие срања, проба да ги добие изборите со ваучерски систем на приватизација. Знаеш ли како поминаа? Онака како што ќе поминат и сега! Кој е крив за тоа?.... Невер мајнд. Поентата ми е: Било па поминало! Премногу се гушиме и давиме овие години, децении со расправање и полемизирање.... што би било кога би било!? Да имаше баба туле че беше дедо! До кога ќе кукаме за тоа? До кога? Уште една година? Уште две? Три? .... Аман доста е веќе! "Don't cry over spilled milk" да не плачеме по истуреното млеко више! Треба да го сватиме тоа како една несреќа, елементарна непогода, војна.... треба да се оди натаму! Од тоа да се најадеме не ќе можеме, ниту да живееме.... Ќе треба да внимаваме да не ни се случи уште една елементарна непогода!
Се согласувам дека нема што да направиме. Проблемот е што и да имаме сега експроприајција и повторна поделба на капиталот по ваучери штетата од тој потег ќе биде далеку далеку поголема одколку да се продолжи со статус квото. Ама не се согласувам дека не треба да се каже и да се знае. Треба да се знае причината за македонската мака. Не значи дека ние треба да се депресираме и се одкажеме од секакова надеж за напредок - напротив треба дупло да се трудиме, но треба да се ЗНАЕ кој кога и како ја уништи светлата македонска иднина и не направи да трчаме транцизија со 20 години хендикеп.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Една партија уште пред да се направат тие срања, проба да ги добие изборите со ваучерски систем на приватизација. Знаеш ли како поминаа? Онака како што ќе поминат и сега! Кој е крив за тоа?.... Невер мајнд.
Таа партија помина така како што помина сигурно НЕ заради ваучерскиот систем кој го предлагаше, нема потреба да продаваш овде извесни органи за бубрези.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Не значи дека ние треба да се депресираме и се одкажеме од секакова надеж за напредок - напротив треба дупло да се трудиме, но треба да се ЗНАЕ кој кога и како ја уништи светлата македонска иднина и не направи да трчаме транцизија со 20 години хендикеп.

Сигурен сум дека разбра (дискусијата беше со тебе) во која конотација ги споменав Велија, Зоре, Тодоровиќ.... и тн. Драго ми е што мислиш дека треба нешто да се прави (ги читав твоите идеи на оваа тема предходно и воглавно се согласувам со тебе).... и многу повеќе би сакал да читам за твоите идеи, или било чии размислувања во таа насока.....како и да дискутирам, па макар и пред кооперација..... одколку да седам во некоја соба за кукање и да го чекам звукот на хеликоптерот!
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Сигурен сум дека разбра (дискусијата беше со тебе) во која конотација ги споменав Велија, Зоре, Тодоровиќ.... и тн. Драго ми е што мислиш дека треба нешто да се прави (ги читав твоите идеи на оваа тема предходно и воглавно се согласувам со тебе).... и многу повеќе би сакал да читам за твоите идеи, или било чии размислувања во таа насока.....како и да дискутирам, па макар и пред кооперација..... одколку да седам во некоја соба за кукање и да го чекам звукот на хеликоптерот!
Хммм..не те разбирам зошто би требало да чекаш хеликоптер...??????, си го живееш својот живот.., задоволен, незадоволен или потонат во беда...зависи како те зафатила фортуната.., како и милиони ..милијарди..низ историјата...
Ако мислиш за она другото т.е.:шта би било кад би било( што ти останало и тебе од групното сеќавање од пред дваесет години..)...пиши пропало...за подолг временски период...се додека и тоа само ЕВЕНТУАЛНО ( многу малку извесно), не зајакнат некои идеи и не генерираат доволна критична маса луѓе ( сигурно нема да биде во Македонија)..за експропријација на експропријаторите...т.е. транзиционерите., на кој бран и ние Македонците ( ако тогаш ги има такви ) традиционално се возиме...т.е. сурфаме :)
Како гледаш...историјата е тркало...на некој начин...ротира во качувачка спирала:) но тоа мене , тебе и на сите во моментов живи или кое се скоро пред раѓање ( ако не се родат со сребрено лажиче).....во Македонија не ги тангира...тоа нема да се случи во наше време.... :)
Инаку со tomsaso ќе мораме да седнеме на муабет веднаш штом се врати од USA :)
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Не, не ме разбра Concrete, не чекам јас хеликоптери, нити Годо го чекам, ниту некој месија што ќе не спаси, ниту чекам да падне нешто одозгора, ниту чудо некое да се случи....било што такво! Ниту пак се замарам со: шта би било кад би било!? Ниту што било пред 15-20 години Ниту плачам или се јадосувам по тоа! ОК е ова што велиш. Се разбира си го живееш животот сега и одма ваков или онаков.... и се надеваш за подобро, тоа е човечно!
А со tomsaso обавезно седнуваме на муабет кога ќе се врати, има за што да се зборува со него.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom