Претпоставувам дека некого ќе заборавам да споменам од луѓето кои ги запознав на собиранката, но барем ќе се потрудам да не се многу ...
Princ ... многу пофин човек од тој што го замислував кој постојано е нешто наку*чен на форум ... жал ми е што се немаше време да си поправиме муабет и да се подружиме повеќе во таа гужва и тие песни, но ќе има други прилики ... првиот пат е најстрашен:smir:
Nemirna ... толку очекуваната средба, конечно се реализира ... најубавата и моја најмила девојка тука ... златна е!:kiss:
Crazy in Love ... една од девојките со кои сакав да се запознаам и се радувам на тоа ... позитивна, убава и мила ... срцка.:kiss:
Red Hot ... најпосакуваната девојка на вечерта ... срцка убава.:shame:
Zemzela ... немам што да кажам повеќе од една секунда запознавање, освен дека е симпатично и веселко детуле ... срцка.:kiss:
Sussaro ... не беше највисокиот дечко како што кажа, но и на фаца е фин како тука, а помил за нијанса ... ваљда дека не успеав да прозборам повеќе и со него, па да видам како ќе се сложевме очи во очи ... :podsmev: Срцка е, срцка.:kiss:
Bada Bing ... пријатно бев изненадена што конечно се запознавме (иако се гледавме на сите претходни собиранки) и тоа ме пречека со голема гушка ... башка знаел и весел да е ... со еден збор, сменав мислење на многу подобро ... срцка.:kiss:
ada ... незнам дали примети колку изненадено ја загледав пред да се изгушкаме, ама баш ме збуна ... абре јас очекував некое големо сериозно жениште на кое ќе ми е непријатно да му се приближам, а таа срцка најмила на свет. Па весела, па пријатна, па незнам ... една од ретките луѓе кои еднаш се гледаш, а ти дава чувство дека се знаете со години ... срцка!:kiss:
Sith Lord ... тој беше повисокиот дечко од Сусаро ... дури им реков и да се измерат за да им докажам :podsmev: ... доста поповлечен од другите од четворката, но фин дечко ...:smir:
Викторгг ... се презборевме во тие две-три секунди македонско-англиски, ме пресмеа, па убавото мислење кое го имав, само се потврди и зголеми ... типче ... :podsmev:
dungeon master ... и со него се задржав малку повеќе затоа што сто пати го прашував кој е ... никако да слушнам, а и не го препознав ... па се некои лоши слики има по галеријата:podsmev: ... важно, испадна кавалер, дојде да се запознаеме :super:
Bidikov ... се мислев дека е плав, а тоа ти бил црн ... се мислев дека е е срамежлив, а тој најнормално комуникативен ... фин впечаток од прва, фин ... :smir:
Dadence ... е Даденце го украде најголемото мое време во разговор, така да имам едно појасно мислење оформено за неа, толку колку што може од една вечер, јасно ... најдобрата денсерка на форумов, многу комуникативна девојка, весела, игрива, дружељубива ... другото ќе го дознаам летово мх, мх, мх!:pie:
Точкест е дечкото што е машкиот претставник за најдобар денсер ... растураа овие двајцава, браво! Освен тоа, и со него поминав прилично време во разговор, така да и со него малку повеќе се познавам ... срцка.:kiss:
Stevo MC ... така мислам дека беше никот на поетот ... заклучок, фино дете од краткиот разговор ...:smir:
Billa Bong ... и со него само се поздравив и без изненадена што беше понизок од тоа што очекував ... ваљда дека модератор на кошарка, па мислев висок дечко ... ватевр, срцка е.:kiss:
Мартин ... охриѓанец во Скопје да запознаеш ... срамота е дете, ало! Треба да си седнеме на кафе кај нас за да се запознаеме како што треба, дијал?:kotek: :podsmev:
Некрофилија и Анастазија ... имав чест да го запознаам и славниот пар/непар на форумов ... не ми беа нешто расположени, а и немав време да ги подружам, па оставам да го оформам впечатокот некој нареден пат ... :zlo:
La Espanola ... убава височка појава, но само тоа за овој пат и од неа, за жал ... :kiss:
Трн во Око ... фраеров од 2 метра испадна кавалер прав ... ме испоштова неочекувано, ми пушти рака летечи и само толку ... баш ми е криво, ама очекував дека ќе биде со нас до крај, па затоа го оставив за дружба за подоцна ... ми должиш дружба бе, што ми е гајле!:kotek: :kiss:
Девојката на истата маса мислам дека беше pearl по муабетите ... фино што се видовме пак.
Ух, ваљда толку беа ... останатите мнооооогу луѓе ги знам од претходните собиранки, па да не ги бројам и "анализирам" пак ... срцки се сите!!!:kiss:
Постов може требаше да го ставам во впечатоци од собиранката ... незнаев кое му е поточно место, но ете, одлучив тука ...:podsmev:
п.с. Денес неочекувано со мене имаше чест да се запознае OBDN ...