Само шо станувам од спиење, немиен ни лице, па да ги споделам импресиите.
Најпрво, како пролог, само да напоменам дека со текот на времето и сите досегашни случувања и процедури кои имаа страшен импакт врз форумскиот рејтинг на нашиот тим, ги доведоа работите до тој степен, страшно да се популаризираме, а воедно и да го спуштиме рејтингот на ВелешанКи.
Знам дека сте егоцентрични кучки, ама кој ве е*аа.
Иако сум асоцијален тип и мизантропски настроен, запознавањето со одредени луѓе периодов ми дојде супер, најверојатно пошто беа мој тип, луѓе со кои можам комплетно да се компатибилизирам од првата средба.
Значи, вчера се запознав со Батистута, mans, Tochie и со PSYtisfaction, а со анти-геј братот vodkamixx се знаев од претходно.
Константна процедура е, по секое запознавање да се даде по една минирецензија за секого поединечно, колективни рецензии не се оноа шо прописно ќе ги доловат импресиите.
mans - Уште по пречекот на железничка ја осетив позитивната аура на типот, и неговата желба за интеракционизација.
По првата перцепција од моја страна, увидов дека се работи за урбан, дружељубив тип, кој сака да споделува искуства и поседува компетенција да се вклопи во дискусија од било каков вид, шо докажува дека воопшто не е ограничен.
Дечкото дури и ги надмина моите импресии и ми остави и повеќе од позитивен впечаток, иако вчера најверојатно не ни беше денот, ама во блиска иднина ќе имаме нова средба со комплетна организација.
Да не ја заборавам и неговата специфична смисла за хумор

Знае, брилијантно да долови момент кога е потребно и да ги пронајде вистинските зборови за пародија.
Значи, во комплетна целост од типот имам прилично позитивна импресија.
Пеер, ве чекаме повторно во блиска иднина. :helou:
Tochie - Тончи, најверојатно беше преморен, пошто комуницираше и делуваше во некој slow mode, иако не преставуваше проблем да ни се вклопи во атмосферата и да комуницира со сите нас, па и да удри по некоја фотка, работа за која е секогаш расположен.
Најпрво, мислев дека ќе биде повлечен и срамежлив тип, ама го компромитираше таквиот став шо го имав, иако отпочетокот делуваше така.
Тончи, преставуваше комплементарен елемент, кој дефинитивно придонесе за позитивната атмосфера и одличната дружба.
Пеер, поздрав, се гледаме во некоја наредна прилика. :wink:
PSYtisfaction - Кога ги забележавме како пристигнуваат Батистута, Тончи и фамозната Ива, застанавме со Black Rose, нормално да ги почекаме да застанат, а Ива ми удри еден страшен и остар поглед, кој ми иницираше страв и помисла дека е подготвена да ми врши егзорцизам

, ама тоа беше еден случаен поглед, пошто сеуште немаше ни минимална престава дека сме тоа ние, и ги чекаме нив.
После, настана модификација на Ива, и таа започна хиперактивно да комуницира со сите нас, иако започна за момент да колидира со мене, во врска со анти-геј ставовите кои ги имаме со Водка.

Ни крива, ни должна, девојчето беше жртва на вуду инкантациите кои Јоцо и ги правеше од пуста љубомора, па уште на почетокот си ја повреди ногата и мораше да се прават некои интервенции со влажни марамчиња, ханзаплас и слични глупости.
Ме изненади тоа шо типката воопшто не е конзервативно настроена, туку тотално антагонистички од тоа, либерална е до коска, особина која неизмерно ја почитувам.
Како и од сите останати, нормално, и од Ива имам позитивни импресии и се надевам ќе се сретнеме во некоја наредна прилика.
Батистута - Со дечкото немав можност да искомуницирам соодветно, имаше само размена на некои зборчиња.
Само увидов дека се работи се работи за расположен тип, со смисла за хумор и способност за флексибилност во друштво.
Во целост, разгледано од сите аспекти, одлична вечер, ама како и секогаш со минимални елементи на бед, поради депресијата на Водка

)))
Можно ли е бе, волку голем пост ја да напишам, а само шо станувам од спиење....
Лееееле, Рази, изгледа сепак имаш наследник на форумов од квантитативен аспект.

))))))