Соочување

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.338
Поени од реакции
46.458
јок немам проблеми, меѓучовечки односи и проблеми решавам одма и на лице место. Ова е лесно само ако сте како мене -у право во секоја ситуација :).
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Има некои дегени со кои неможеш да ги решиш работите очи во очи т.е. кажување на вистината во очи, но јас си ја терам така па после гајле ми е дали ќе ја прифати или ќе плачи.
 
Член од
21 ноември 2008
Мислења
1.157
Поени од реакции
18
Sekogas se soocuvam i toa go preferiram,sakam da sum na cisto so sekoj i se
 

faraon

БОГ
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.407
Поени од реакции
22.000
Не воопшто немам проблем да се соочам дитектно со тој што треба..Ако сум во право никаква нервоза немам..
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Не ми е сеедно... Нарочито ако е некој постар на работа а треба да го искарам...
Дополнително, сите соочувања кои вплеткуваат и емоции ми се посебно тешки. Јас сум и страхотен сензитивец... Је*и га...
 

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
ми е проблем да се соочам кога ја сум крива кога сум направила нешто и сега проблемот е дознаен и треба да се каже повторно очи во очи и да се разреши. каква нервоза ме фаќа тогаш, срцево 200 на саат, цело време мисламна тоа шо ќе биде како ќе биде, шо да кажам како да се оправдам, размислувам дали сум била во право што сум го направила тоа...
нервоза не ме фаќа кога разговарам со некој и му докажувам нешто, ме нервира само кога не ми верува или се инати за нешто за што не е во право...
да нервозни во вакви ситуации се оние што кријат нешто. под притисок се да не се дознае тоа нешто. еве тоа на пример ми се има случено мене многу пати, сум правела нешто и сега малце фали да се дознае и мене тогаш почнува да ме облева жештина, да се препотувам и човек што добро ме познава одма може да осети дека нешто кријам. во секој случај секое соочување си носи барем грам возбуда без разлика од кој вид на соочување е...
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.324
Поени од реакции
7.785
Па гледам во очи и за убави и за неубави работи :toe:.
 
Член од
15 декември 2007
Мислења
865
Поени од реакции
28
Секогаш сум го гледала соочувањето како момент на олеснување,ослободување од притисокот на неизвесноста.Јас не можам да поднесам неизвесност,нерасчистени проблеми,незнаење на што сум..такви работи ме уништуваат и затоа колку што можам настојувам што побрзо да се соочам со некого.

Дали сум нервозна?-Речиси секогаш,но не ми е проблем тоа,го гледам како спореден ефект,како неизбежност и не ми смета многу,нормално ми е.Толку многу се радувам што ќе ми олесни на душава после соочувањето,и тоа ме тера да заборавам и на нервоза и на страв и на се`..
 
Член од
23 јули 2009
Мислења
217
Поени од реакции
8
Со секоја работа треба да се соочиш и да ја решиш а вистинскиот начин е баш тој во 4 очи ..бидејки прек мобилен нет ..итн се може да се каже а ниш од тоа да не е точно така да само у 4 очи и нема нервоза едноставно одам се соочувам со шо и да е ако сум права се борам а ако не се извинувам и готово......а од гледна точка на изразување на чувствата исто сум за во 4 очи само што може малце да ме фати позитивна трема :pipi:
 

Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Ми претставува потешкотија ама само додека не дојде баш “тој“ момент.Кога веќе ќе го изустам првиот збор ми поминува цела незгодност и се фокусирам единствено на проблемот и на тоа што сметам дека треба да го кажам(секако пред да го направам ова се подготвувам психички за да знам што да кажам и да не вртам многу одоколу).
Не ме фаќа нервоза и постојано кога се соочувам со некого(а и инаку) го гледам директно во очи,освен ако не лажам :kesa: е тоа е веќе друга тема...
Искусните лажговци и оние кои знаат многу добро да се контролираат и да го усогласат говорот на телото со тоа што го зборуваат во моментот претпоставувам дека не ги фаќа нервоза затоа што кријат нешто,затоа што знаат дека тоа нема да го покажат т.е. успешно ќе го сокријат,додека оние кои “незнаат“ да лажат и да сакаат да го направат тоа одредена “гримаса“ или движење на телото ќе ги издаде или пак крај краева од нервоза и збунетост ќе ја кажат вистината.
 

Drama Queen

Sky Catcher
Член од
2 септември 2007
Мислења
1.739
Поени од реакции
64
Дали ви претставува тешкотија кога треба со некој да се соочите и да разрешите некој проблем директно очи во очи?

Дали ве фаќа нервоза кога во 4 очи се гледате со некој и објаснувате и се докажувате?

Дали најчесто нервоза ги фаќа тие што имаат нешто што кријат или не мора да значи?




Никогаш не ми представувало проблем да ги решавам своите проблеми и за нив јасно да говорам,очи во очи со лицето кое ги ствара или кое е поврзано со нив!Немам влакна на јазикот и секако се ценам повеќе од било кога за да се измачувам и да трпам....

Хахаха,во тие докажувања не само што не ме фаќа нервоза ,туку одам со помислата дека сум во право и сум толку опуштена....што тоа другите ги нервира.Тврдоглава сум и тоа многу и тоа е една од моите најголеми маани и можеби поради тоа ми оди лесно докажувањето и објаснувањето.


Да,нервоза ги фаќа тие што кријат тоа е точно.Но ако сум цврсто решена да убедам дека сум во право чувствувам само внатрешен немир кој не ми се одсликува во понашањето,значи и не мора да значи ама сепак постои:wink:
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Шо ќе се нервирам? Ако сум се нервирала, тоа било кога се појавил проблемот. Ама кратко ми трае нервоза, се трудам да си ги размислам работите и тоа ме смирува. Си доаѓа муабетот, смирено си разговарам и не отстапувам додека не се слушнеме и двете страни што имаме да кажеме. Лесно е откако ќе се открие кој е проблемот и се концентрирам на него, со намера да се реши по секоја цена, да се дискутира за коренот на истиот. Не сакам нерасчистени работи.
Ама па зависи и со кој си имаш работа. Ич не сакам кога се трудам да ја смирам ситуацијата, а од другата страна да ми седи некој надркан до крај и ми пушта оган од очи и уста. Ако решаваме проблем, тоа ќе биде на културен начин. Во спротивно, во состојба сум да станам и да речам дека немам што да дискутирам, без никаква грижа на совест бидејќи сум пробала да најдам солуција. Сметам дека имам работа со разумни суштества кои знаат да го зауздат гневот, да размислат објективно и да ги решат проблемите на оптимален начин.
 
S

SSS-Stolica

Гостин
Ретко се соочувам со некого...ама кога ќе се соочам е тогаш е крај...и најглупо ми е шо пак нема да се доизкажам до крај...пошо ако се доизкажам ќе се испокарам уше толку и се ќе пропадне у вода...така да толерирам нешто шо ќе го каже а мене ми смета и следното соочување тоа шо не сум го доизкажал од предходното го кажувам...
 

Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
Контакт,директно разрешување проблем,очи во очи!!!
Никако не се совпаѓаат со мојот карактер,колку и да се обидувам да ги вметнам некако кога не иде не иде.Обично кога решавам некој проблем или за било што почнувам од околу,дипломатски што би се рекло.Контакт со очи....тоа ептен тешко ми паѓа.Не дека кријам нешто,едноставно не одиииии
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.801
Поени од реакции
3.053
Секогаш сум отворен кон луѓето и сум искрен и кажувам ако нешто ми пречи или имам нешто против. мразам индирекно тоа е лигушки начин
 

Kajgana Shop

На врв Bottom