Сообраќајни прекршоци и казни

Член од
16 декември 2012
Мислења
2.710
Поени од реакции
6.855
најпрво се поставува прашањето зашто воопшто има потреба у тефтер да ти запишува податоци? законски е?
иначе скокаат листови у записникот зашто е со сериски број и така си ги внесуваат одпослем

Sent from my iPhone using Tapatalk
Службено лице е должно да напише белешка за секој граѓанин што го легитимирало. Затоа ги запишуваат податоците
 
Член од
22 јули 2015
Мислења
607
Поени од реакции
493
Се запишува за секој што бил легитимиран и на кое место.

Во однос на казната, од секоја казна има 3 примероци. Како ти ќе ја платиш казната без примерок и без серискиот број?

Единствено можно е да напише прекршочен налог и да го фрли едниот примерок, но мислам дека таква работа не би си дозволил никој полициски службеник.
 
Погоре беше прашањето за наводно проаѓање на црвено светло
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.914
Поени од реакции
10.544
сто пати сум бил запрен па дали еднаш ме запишале, најчесто ке побараат сообраќајна и бозачка ке ги погледнат и тоа е тоа

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.016
Поени од реакции
596
Здраво Дечки едно прашање за тој што имал искуство во слична ситуација.
Вчера во с.Лескоец- Охрид ме запре полиција и откатко ми ги прегледа сите документи,ми рече да проверел зимсла опрема.Јас му кажав дека сите 4 гуми ми се зимски.Ме праша дали носам синџири, јас му одговорив дека немам.Ми кажа дека тоа било задолжително и покрај тоа што имам 4 зимски гуми.Му кажав дека не е во право и дека записникот нема да го потпишам бидејки сметав дека погрешно го толкува законот.Ми напиша во казната во опис- не носи зимска опрема,без да наведе на што точно мисли под опрема. Се консултирав со друг сообраќаен полицаец и ми кажа дека не требало да ме пиши ако имам зимски гуми,а прочитав и на сајтот на РСБСП https://www.rsbsp.org.mk/bidi-podgotven-za-bezbedno-patuvanje-vo-zima каде што има и појаснување https://prnt.sc/wfismd и според прочитаното испаѓа дека сум во право.Дали некој имал слична ситуација со ова
 
Мислам дека треба да се прекине со непотпишувањето на записниците. Ништо со тоа не се добива, а секогаш можеш како забелешка да наведеш дека си имал зимски гуми, во овој случај. Тоа е веќе поинаква ситуација отколку непотпишан записник во кој пишува дека немаш зимска опрема
 
Член од
14 мај 2019
Мислења
1.486
Поени од реакции
-759

Prvo neka si gi naucat zakonite policajcite( vo obid), pa posle neka bide kako sto pisuvas.
 
Член од
2 март 2016
Мислења
481
Поени од реакции
468
Мислам дека треба да се прекине со непотпишувањето на записниците. Ништо со тоа не се добива, а секогаш можеш како забелешка да наведеш дека си имал зимски гуми, во овој случај. Тоа е веќе поинаква ситуација отколку непотпишан записник во кој пишува дека немаш зимска опрема
Кратко и јасно, ако потпишеш записник, готово е, си ја прифатил вината, ако не потпишеш записник можеш да ја докажеш твојата невиност пред судот, во спортивно на потпишан записник нема шанси да се успее пред судот, и подобро плати си ја казната (глобата) штом потпишуваш записник.
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.710
Поени од реакции
6.855
Секако, ама како со непотпишан записник, конкретно дека немаш зимска опрема, ќе докажеш дека си имал зимски гуми? Ако тоа стои во забелешката покрај твојот потпис, имаш повеќе шанси, ако се жалиш
 
Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.033
Поени од реакции
14.970
Дечки едно прашање, полагам наскоро и гледам коли за купување. Е сеа проблемот е што ми треба поголема кола за поголема фамилија, товар и слично, тие коли сите се со мотор појак од 77kw а нели според закон како почетник морам 2 години кола послаба од 77kw да возам.

Прашањето ми е колку се гледа ова и се казнува, кои се санкциите и дали прогледуваат низ прсти кога вршат рутински контроли.

Секако планирам да не правам прекршоци и да возам брзо :) Стварно не ми се купува/препродава кола во рок од 2 години.
Фала однапред за одговорот.
Те сфаќам, бидејќи и јас сум прв кој полагал за возачка во куќата.
Долго време барав кола баш заради ова.
Зедов Корса Ц (55 kW/75 КС) која според закон е ок кола за почетник. Инаку да, имаш солидни коли кои не ја надминуваат таа граница за семејни потреби.
Не прегледуваат. Имав две ситуации во кои досега ме запреле полицајци.
Дента ко ја префрлив колата на мое име, ме запираат на 200 м од дома. Излегувам од кола, ми бара брза помош, ова она, и ко ја гледа сообраќајната, ми вика, опа денешна, и ко виде нова и возачката, одма побара да види киловати. А јас дента ко ја префрлав, си купив сè што ми треба, башка појас врзан, светла...
И ми вели со здравје да си ја возиш. И му вика на колегата? Ела да видиш возило за почетник со сите салтанати.

Друг пат полицијата ме пеглаше, и не можеше да ми најде маана, и се фати за стикерче назад МК. Инаку имам од старите таблици ПП-123-АБ. И покрај мене поминува раскантана лада, без светла, таблички, полна со дрва. И колегата негов гледа, и му вика, во ред е, остави го дечкото.
 
Attachments

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Секако, ама како со непотпишан записник, конкретно дека немаш зимска опрема, ќе докажеш дека си имал зимски гуми? Ако тоа стои во забелешката покрај твојот потпис, имаш повеќе шанси, ако се жалиш
Ако потпишеш записник што констатира дека немаш зимска опрема, значи си се согласил со утврдената фактичка состојба и на суд единствено реално ќе можеш да спориш примена на материјално право и евентуано процесни грешки.
Вака со непотпишан записник можеш да ја спориш и утврдената фактичка состојба. Не значи по дифолт дека ќе докажеш дека си носел зимска опрема ако не го потпишеш записникот, ама бар имаш можност да се докажуваш.
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.710
Поени од реакции
6.855
Ако потпишеш записник што констатира дека немаш зимска опрема, значи си се согласил со утврдената фактичка состојба и на суд единствено реално ќе можеш да спориш примена на материјално право и евентуано процесни грешки.
Вака со непотпишан записник можеш да ја спориш и утврдената фактичка состојба. Не значи по дифолт дека ќе докажеш дека си носел зимска опрема ако не го потпишеш записникот, ама бар имаш можност да се докажуваш.
Нека ви биде. Јас записник не би потпишал само ако сум сигурен дека сум виновен и ако во моментот не можам да се одбранам. Инаку, би го потпишал, со забелешка, која на Суд мора да биде прочитана. Мислам дека така мојата одбрана ќе биде поцврста, бидејќи нели, во случајов не сум виновен
 
Член од
2 март 2016
Мислења
481
Поени од реакции
468
Нека ви биде. Јас записник не би потпишал само ако сум сигурен дека сум виновен и ако во моментот не можам да се одбранам. Инаку, би го потпишал, со забелешка, која на Суд мора да биде прочитана. Мислам дека така мојата одбрана ќе биде поцврста, бидејќи нели, во случајов не сум виновен
Ајде не треба да кажувам финти како може да се помине на суд, али ајде ќе ја кажам нај нај познатата финта, викаш со тебе 3 сведоци, ќе се увежбаат една иста приказна без детали ќе ја раскажат и ете завршена работа, па макар и полицаецот да дојде на рочиште да го сослушаат, и тој нема да може да знае дали имало или немало луѓе во автомобилот или воопшто, значи 4 луѓе против еден... Дури и судијата да знае дека е манипулација од обвинетиот, не може да се докаже спротивното освен ако некој од сведоците не зезне работа па да се заплетка па да го фатат за лажно сведочење, тоа е нож со две острици, али ако потпишеш записник ништо не те спасува :D
 
да де као џандарот да е сам па ке биде 4 према 1
за слична ситуација на другар у внатрешна контрола кога сакаше да пријави му рекоа колку твое да толку нивно не

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
да де као џандарот да е сам па ке биде 4 према 1
за слична ситуација на другар у внатрешна контрола кога сакаше да пријави му рекоа колку твое да толку нивно не

Sent from my iPhone using Tapatalk
Има една историја со еден мој колега и сопатник, за брзо возење ги фатиле и овие не не беше така, ќе одиме на суд! На рочиштето не дошол сообраќаецот и судиката ги прашува што имаат овие двајца да кажат. Сопатникот, бог да го прости, имаше некоја болест бавно зборуваше од неа. И започнува, знаете госпоѓо судике за време на Тито јас и татко ми....... :D Оваа ни две ни три мрш да не ве гледам:D и погоди сеа, НЕ им досудила казна:facepalm:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom