Дечки едно прашање, полагам наскоро и гледам коли за купување. Е сеа проблемот е што ми треба поголема кола за поголема фамилија, товар и слично, тие коли сите се со мотор појак од 77kw а нели според закон како почетник морам 2 години кола послаба од 77kw да возам.
Прашањето ми е колку се гледа ова и се казнува, кои се санкциите и дали прогледуваат низ прсти кога вршат рутински контроли.
Секако планирам да не правам прекршоци и да возам брзо

Стварно не ми се купува/препродава кола во рок од 2 години.
Фала однапред за одговорот.
Те сфаќам, бидејќи и јас сум прв кој полагал за возачка во куќата.
Долго време барав кола баш заради ова.
Зедов Корса Ц (55 kW/75 КС) која според закон е ок кола за почетник. Инаку да, имаш солидни коли кои не ја надминуваат таа граница за семејни потреби.
Не прегледуваат. Имав две ситуации во кои досега ме запреле полицајци.
Дента ко ја префрлив колата на мое име, ме запираат на 200 м од дома. Излегувам од кола, ми бара брза помош, ова она, и ко ја гледа сообраќајната, ми вика, опа денешна, и ко виде нова и возачката, одма побара да види киловати. А јас дента ко ја префрлав, си купив сè што ми треба, башка појас врзан, светла...
И ми вели со здравје да си ја возиш. И му вика на колегата? Ела да видиш возило за почетник со сите салтанати.
Друг пат полицијата ме пеглаше, и не можеше да ми најде маана, и се фати за стикерче назад МК. Инаку имам од старите таблици ПП-123-АБ. И покрај мене поминува раскантана лада, без светла, таблички, полна со дрва. И колегата негов гледа, и му вика, во ред е, остави го дечкото.