Соларна енергија

Член од
2 февруари 2012
Мислења
25
Поени од реакции
9
па јеби га, јас не го напишав ова туку ти, како може поинаку да се протолкува?:)


јас многу добро ЗНАМ дека НЕ ПОСТОЈАТ такви наши производи, и дека се е ова шверц-комерц од кина, ама не треба бладање:)
Јас напишав погоре :

Ако веке тоа се прави , нека го прават наши луѓе, со наши производи (ако веке мора ,нека се увезат соларни панели ) ама барем парите за струјата ке останат во Македонија.

Има голема разлика во тоа да донесе странец панели ( не зборувам за тоа дали јас ке продадам мои панели , произведени во Македонија , туку нека се и тие увозни ) ами зборорт е за парите што ке му се исплакаат на странецот ( или нашиот ) за повластената електрична енергија што ке се произведува од панелите и продава на нашето ЕВН .. Тие пари ние ги плакаме на ЕВН , преку сметките за струја и срамота и гревота е странец да ни ги зема и носи во својата земја , впрочем како што прават сите „странски инвеститори “.
За тоа дали е шверц од Кина на увозни панели , веке еднаш кажав на еден друг форум , но пак ке повторам : ЈАС НЕ УВЕЗУВАМ ПАНЕЛИ И СТАВАМ ЛЕПЕНКИ Made in Macedoniia . Јас увезувам репроматеријал и ПРОИЗВЕДУВАМ соларни фотонапонски панели .
Па ако тоа не е македонски производ , тогаш Македонија ништо , апсолутно ништо не произведува , туку се увезува.
И според таа логика, во денешно време ниедна земја не произведува , ако дел од репроматеријалите ги увезува од друго место...
Поздрав и секое добро
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
ВО КАДИНО СЕ ГРАДИ НОВ СОЛАРЕН ПАРК

Катерина Попоска

Дека бизнисот со производство на струја е исплатлив покажува се поголемиот број инвеститори кои вложуваат во обновливи извори на енергија. Фирмата Сието, која го изгради првиот сончев парк во земјава, до крајот на годинава ќе пушти нов, трипати поголем од постоечкиот
Марковски е пионер во изградбата на соларните паркови во земјава. Во 2009 година земјава го доби првиот сончев парк, чија инсталирана моќност е 10,2 киловати и годишно произведува најмногу 15 мегават-часови електрична енергија.

Во Кадино ќе никне уште еден соларен парк, кој годишно ќе произведува околу 55 мегават-часови електрична енергија. Лиценцираниот производител на струја од фотонапонски панели, Сието, откако во 2009 година ја пушти во употреба првата сончева електрична централа, сега најавува изградба на три пати поголем соларен парк од постоечкиот.
На парцела со површина од 1.100 метри квадратни, која се наоѓа на крајот од Кадино, а пред технолошката индустриска развојна зона Бунарџик, до крајот на годината треба да потечат и првите киловат-часови струја од новиот соларен парк. Директорот на Сието, Ѕвонко Марковски, вели дека овој парк има капацитет од 34 киловати, но ќе произведува струја како централа со моќност од 45 киловати.
„Половина од централата ќе биде со тракери. Тоа се ротирачки панели кои даваат 25% повеќе струја отколку ако се работи за полуфиксна конструкција на панели. Полуфиксната конструкција значи дека сезонски рачно го менуваме аголот на насоченост, за разлика од тракерите, кои сами ротираат во зависност од сончевото зрачење. Инвестицијата во оваа централа е околу 70.000 евра, пари потребни само за опрема и изведба, не пресметувајќи ги трошоците за земјиштето и за неговата пренамена”, вели за „Капитал“, Марковски.
Тој додава дека најдоцна до ноември планира да го пушти соларниот парк во употреба. Новиот соларен парк, кој годишно треба да произведува околу 55 мегават-часови струја, за разлика од веќе изградениот соларен парк Кадино, кој годишно произведува максимум 15 мегават-часови.
„Бизнисот со производство на струја од фотоволтаични централи не е лесен и евтин. Треба да се вложат најмалку 90.000 евра за централа од 50 киловати, инвестиција која би се вратила за 4-5 години. Во Македонија нема многу инвеститори во оваа област делумно и поради тоа што нема пари, а кредитите од банките се со многу висока камата, за разлика од Европа“, вели Марковски.

Според најновите податоци од Регулаторната комисија за енергетика, повластената тарифа за производство на струја од фотоволтаични централи е 30 евроценти за електрана до 50 киловати и 26 евроценти за електрани од 51 киловат до еден мегават. Заклучно со јули, во земјава има шест инвеститори во електрани до 50 киловати, кои произведуваат струја со субвенција од државата, чиј вкупен капацитет е 220,8 киловати. Соларна централа над 51 киловат досега изградиле само три компании - Мавис и Такома од Штип, чиј вкупен капацитет е 1.027 мегавати и Мега солар, 996,7 киловати.
Во фаза на градба, а без статус на привремено решение за стекнување статус на повластена тарифа за електрани до 50 киловати се 33 фирми, чија моќност се проценува на 1.580 киловати.
Според познавачите, досега изградените соларни централи речиси ја пополнија квотата од државата од 10 мегавати за која се дава повластена тарифа за производство на струја од сонце. Потенцијалните инвеститори бараат од Владата да ја зголеми квотата за изградба на соларни електрани со фидинг-тарифа барем за уште 10 мегавати. Познавачите велат дека апсурдно е што Македонија има 280 сончеви денови годишно (1.500 киловат-часови сончево зрачење на метар квадратен годишно), што е огромна енергија, а недоволно го користи потенцијалот. Австрија и Германија се лидери во производството на струја од сонце и имаат 100 пати поголемо искористување на сончевата енергија од Македонија при сончево зрачење за 30%-40% помало од Македонија.
http://www.kapital.mk/mk/makedonija/86295/vo_kadino_se_gradi_nov_solaren_park.aspx
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Член од
25 јануари 2011
Мислења
505
Поени од реакции
216
ВЕИ енергиата /соларна и слични/ е нож со две остриета. Во БГ има инсталирано 700МВт од фотоволтаици, биомаса и ветерни централи, но тоа доведе до зголемуване цената на тока.
http://www.bnews.bg/article-53904
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Сончевата енергија и ветерната енергија не се константни. По мене треба да се истражува повеќе во геотермалната енергија бидејки откако ке се пронајде топла вода, и правилно се користи, тогаш таа нема да секне, барем во блиска иднина.
Е сега бушењето е проблем, скапо е.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092

Вкупната инвестиција за трите централи што се градат во Делчево достигнува до 250 илјади евра. Само за првата централа со која делчевци го трасирале патот вложиле од 120 до 130 илјади евра. За вторите две централи, иако со поголема моќност, се инвестирани околу 130 илјади евра



Сончевата централа во Делчево досега има произведено над 9 илјади киловати електрична енергија
Искористување на сончевата енергија
Многубројните сончеви денови во Македонија, двајца пријатели од Делчево решија да ги искористат преку инвестирање во фотоволтаични панели. Покрај личниот финансиски бенефит што овие пријатели очекуваат да го добијат по пет-шест години, откако ќе ги вратат кредитите, придобивки од инвестицијата ќе има и државата благодарение на зголемената употреба на обновливите извори на енергија.

- Речиси еден месец нашата прва централа, со моќност до 50 киловати, произведува електрична енергија.
Ова е воедно и првата сончева централа во Делчево и досега има произведено над 9 илјади киловати електрична енергија, кои се испорачани во мрежата, односно ЕВН ги користи за потребите на граѓаните - ја почна приказната Јован Здравковски, еден од сопствениците на фирмата „Геосолар“.

Иако за досега произведената електрична енергија младите делчевци нема да добијат пари, бидејќи постапката за добивање статус на повластен производител е во тек и го очекуваат потпишувањето на финалниот документ со Регулаторната комисија, по што ќе се стекнат статусот на повластен производител и ќе почнат да наплаќаат за произведената струја.

- Наскоро треба да добиеме трајна лиценца, по што ќе добиеме и дозвола за повластен производител. Откако Регулаторната комисија ќе донесе одлука за повластен производител, треба да потпишеме договор со МЕПСО, преку кого потоа ќе се одвива процесот на исплата на средствата - додава Здравковски, истакнувајќи дека веќе се наплаќаат ратите од кредитите земени за инсталираната опрема.

Партнерството се проширува

Во проектот за искористување на сончевата енергија, заедно со Здравковски, учествува и неговиот колега Љупчо Атанасовски. Двајцата работат во компанија за катастарски и геодетски услуги, од каде што и потекнала идејата за инвестиција во сончев парк.

- Благодарение на барањето на еден клиент да му изработиме план за отворање фотоволтаична централа, заедно со Љупчо, кој е електроинженер, решивме и ние да отвориме таква централа. Најголем проблем за реализирање на идејата беше обезбедувањето финансии за инвестицијата. Банките се многу ригорозни и не ни одобруваа пари, и покрај бизнис-планот и другите гаранции, па моравме да ги ставиме под хипотека и нашите домови за да добиеме кредит. Во првата централа имавме вложено сопствени пари што претходно ги заработивме и дел од кредитот. Додека за другите две централи, кредит не ни беше одобрен, а средствата ги добивме од познаници-иселеници, на кои треба да им ги вратиме со камата, како од банка, со таа разлика што нема ригорозни постапки - раскажува Здравковски.

Инвестиција вредна 250 илјади евра

По опремувањето на првата сончева централа наречена „Солар 1“, Јован и Љупчо добиле идеја да ја прошират инвестицијата, со таа предност што сега имале локација за инвестирање и искуство во спроведувањето на постапката.

- На првата централа веќе се поставени панелите и инвенторите, кои ја пренаменуваат струјата од еднонасочна во наизменична. За неа имаме лиценца за производство до 50 киловати електрична енергија, но никогаш не можеме да произведеме толку, бидејќи максимално од оваа централа може да се произведат 42-45 киловати. Исто така, поставени се и апарати што мерат колкаво е производството на струја, едното е за нас, а другото е за ЕВН, при што и двете страни добиваат точни податоци колку струја се произведува - објаснува Здравковски.

Согледувајќи дека пола од работата веќе ја направиле, тие одлучиле да направат уште две централи, „Солар 2“ и „Солар 3“, кои ќе имаат моќност над 50 киловати, односно во групата од 50 до 1 мегават, со што вредноста за произведената електрична енергија изнесува 26 евроценти за киловат-час.

- Тоа се независни системи. Деновиве ги очекуваме панелите и инвенторите за другите две централи, кои наскоро ќе пристигнат и ќе бидат поставени. Подлогата е веќе целосно направена, се чекаат само панелите. Сите три централи се различни, и за секоја се вадат посебни лиценци - вели Здравковски.

Вкупната инвестиција за сите три централи достигнува до 250 илјади евра. Само за првата централа со која делчевци го трасирале патот вложиле од 120 до 130 илјади евра. Но во неа, освен панелите за производство на струја, морале да вложат и во целосната инфраструктура, почнувајќи од обезбедување парцела во индустриски реон, потоа изградба на далекуводи, трафостаница, вадење документи и дополнителна опрема, како што се ветерница, камери и посебна просторија за надгледување. За вторите две централи, иако со поголема моќност, инвестирани се околу 130 илјади евра.

Вкупните средства за целосната инвестиција, односно отплата на кредитите и заемите, партнерите очекуваат да ги вратат по пет-шест години.

Една година подготовка

Јован и Љупчо посочуваат дека за отворање сончев парк се неопходни еден куп документи, почнувајќи од Централниот регистар за основање фирма, документи за лицата управители, одобрение за градење, па во Регулаторната комисија, сѐ до моментот пред пуштање во употреба, кога од Агенцијата за енергетика вршат увид и се запишува објектот во регистарот на централи.

- Речиси една година трае целата подготвителна и теренска работа, пред воопшто да почне со работа фотоволтаичната централа. Почнувајќи од регистрација на фирма за производство на електрична енергија, која ние ја направивме во октомври минатата година, па постапка за урбанизација на земјиштето и други подготвителни работи. Земено сѐ заедно, постапката трае повеќе од една година. Исто така, и ЕВН прави испитувања на струјата што ја произведуваме, дали ги задоволува нивните стандарди. Бидејќи опремата е од европски пазар, инвенторите од Германија, панелите од Норвешка, струјата што се произведува е квалитетна - заклучува Здравковски.

Инсталираните панели, како и оние што допрва ќе се поставуваат, имаат гаранција 20 години, по што тие ќе се користат со намалена моќност (наместо 100 отсто, ќе бидат со 80 отсто искористеност).

Статус на повластен производител се стекнува на период од 15 години, по цената од 30 или 26 евроценти во зависност од моќноста на централата.
Цена на струја од сончеви панели за повластени производители на струја
до 50 киловати 30 евроценти за киловат-час
до 1 мегават 26 евроценти за киловат-час
Прва ветерница во Македонија
Следејќи ги модерните текови, но водејќи се и од желбата да придонесат уште повеќе за искористување на обновливите извори на енергија, Јован и Љупчо одлучиле покрај сончевиот парк да постават ветерница, чиј капацитет е производство на струја до 1 киловат.
- Бидејќи е препорачливо да се комбинираат ветерната и соларната енергија, покрај ветерницата ќе поставиме и панели. Тие заедно треба да произведуваат околу 2 киловати електрична енергија, што ќе биде сосема доволно за потребите на нашиот фотоволтаичен парк. Таа енергија ќе ја користиме за осветлување на објектот, како и за системот за надзор на објектот - објаснува Здравковски, додавајќи дека енергијата од ветерницата ќе се користи исклучиво за нивни потреби.
Ветерницата е набавена од Кина, а сѐ уште не е пуштена во употреба, бидејќи се очекуваат финалните работи во објектот за надзор, како и во системите за складирање на енергијата што ветерницата ќе ја создаде.
- Колку за наши потреби има доволно ветар. Нејзе ѝ треба многу малку ветер за да врти и да произведува електрична енергија. Таа енергија што ќе ја произведува ветерницата е еднонасочна, и за неа се обезбедени посебни акумулатори, кои ќе ја складираат енергија и по потреба ќе се користи, односно прво ќе се инвентира во наизменична, па потоа ќе се користи за потребите на централата исклучиво - вели Здравковски.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=71812842466&id=10&prilog=0&setIzdanie=



 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
СОЛАРНИ БРОДОВИ И ЧАМЦИ ЌЕ ПЛОВАТ ПО МАКЕДОНСКИТЕ ЕЗЕРА



Брод кој ќе плови на соларна енергија беше главната тема на презентација на иновативни проекти од областа на екологијата што се одржа во хотел „Милениум“ во Охрид, на која присуствуваше и се обрати заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Стево Темелковски.

Соларниот брод засега е само идеја ставена на хартија, но многу брзо може да стане реалност.
Инженер Горан Ангелковиќ од Битола, кој долги години се занимава со иноваторство и проектирање и е голем вљубеник во бродовите, дошол на идеја да создаде брод кој ќе работи на соларен електричен погон. Тој изработил проект во кој опишал како бродот би изгледал и би функционирал. Бродот е многу едноставен, но истовремено сигурен и траен и многу евтин за одржување.

Со ваквите бродови и чамци бенефитот ќе е повеќекратен. Од една страна ќе имаме еколошка заштита на езерата во Македонија, а од друга страна економска заштеда.

Државата ги поддржува ваквите проекти од кои сите ќе имаат корист. Заменик министерот Темелковски вели дека државата има стратегија за максимална примена на соларната енергија во сите домени на живеењето, заменувајќи ја енергијата од фосилни горива и штитејќи ја животната околина од негативни влијанија.

И екологистите и риболовците ги поздравуваат ваквите новитети бидејќи се во интерес на заштитата на езерските води. Риболовците бараат од капетанијата да формира комисија која ќе ги контролира моторите на пловните објекти, и сите оние кои не ги исполнуваат европските стандарди да бидат тргнати од употреба.
 
Член од
2 февруари 2012
Мислења
25
Поени од реакции
9
СОЛАРНИ БРОДОВИ И ЧАМЦИ ЌЕ ПЛОВАТ ПО МАКЕДОНСКИТЕ ЕЗЕРА




Брод кој ќе плови на соларна енергија беше главната тема на презентација на иновативни проекти од областа на екологијата што се одржа во хотел „Милениум“ во Охрид, на која присуствуваше и се обрати заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Стево Темелковски.

Соларниот брод засега е само идеја ставена на хартија, но многу брзо може да стане реалност.
Инженер Горан Ангелковиќ од Битола, кој долги години се занимава со иноваторство и проектирање и е голем вљубеник во бродовите, дошол на идеја да создаде брод кој ќе работи на соларен електричен погон. Тој изработил проект во кој опишал како бродот би изгледал и би функционирал. Бродот е многу едноставен, но истовремено сигурен и траен и многу евтин за одржување.
Му нудам на реализаторот на оваа идеја ,производство на соларни фотонапонски панели по негов дизајн , големина и мокност .
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Мислам дека повеќето во ова се сложни и дека насекаде го читаме (слушаме) следното:
1 Производството на ФВ плочи и на целата технологија е многу скапо...
2 Ефикасноста им паѓа со време
3 Производството на струја зависи од временски услови
4 Со обзир на цената на ФВ-плочи сето тоа може да се исплати само со дебела поддршка од државата... а овде је ‘‘мало морген‘‘
5 Поради нестабилноста ФВ е неискористлив како значаен значаен дел на електроенергетскиот систем
6 кога ќе им измине животниот век ќе се создадат огромни трошоци за згрижување на специјален отпад...

Оваа технологија ми се чини бргу ќе се заборави, откако некои убаво ќе се збогатат и откако ќе се дадат милиони како трошоци за складирање на специјален отпад.

Веројатно концепцијата за искористување на сончева енергија ќе се движи во друг правец!? Огледала, не ФВ панели! http://www.infiniacorp.com/powerdish.html или
http://www.bizjournals.com/albuquerque/stories/2010/09/20/story4.html?b=1284955200%5E3956781&ana=e_vert
иако не се ретки и вакви мислења:
http://ekoloskaekonomija.wordpress.com/2012/07/30/ekonomicnost-obnovljivih-vijesti-iz-europe-sad-i-indije/
јас уствари и немам став према ова проблематика... Секој со својо ум!
 
Член од
2 февруари 2012
Мислења
25
Поени од реакции
9
Мислам дека повеќето во ова се сложни и дека насекаде го читаме (слушаме) следното:
1 Производството на ФВ плочи и на целата технологија е многу скапо...
2 Ефикасноста им паѓа со време
3 Производството на струја зависи од временски услови
4 Со обзир на цената на ФВ-плочи сето тоа може да се исплати само со дебела поддршка од државата... а овде је ‘‘мало морген‘‘
5 Поради нестабилноста ФВ е неискористлив како значаен значаен дел на електроенергетскиот систем
6 кога ќе им измине животниот век ќе се создадат огромни трошоци за згрижување на специјален отпад...

Оваа технологија ми се чини бргу ќе се заборави, откако некои убаво ќе се збогатат и откако ќе се дадат милиони како трошоци за складирање на специјален отпад.

Веројатно концепцијата за искористување на сончева енергија ќе се движи во друг правец!? Огледала, не ФВ панели! http://www.infiniacorp.com/powerdish.html или
http://www.bizjournals.com/albuquerque/stories/2010/09/20/story4.html?b=1284955200%5E3956781&ana=e_vert
иако не се ретки и вакви мислења:
http://ekoloskaekonomija.wordpress.com/2012/07/30/ekonomicnost-obnovljivih-vijesti-iz-europe-sad-i-indije/
јас уствари и немам став према ова проблематика... Секој со својо ум!
Воопшто не се согласувам со погоре изнесените работи , без оглед на тоа што дирекно сум засегнат со производството ...
1.Зарем е поевтина градба на термо , хидро или нуклеарни централи ?
2.А зар работниот век на една ел.централа од точка е 1 е константа ,?! И кај неа треба константно одржување , замена на генератори ( целосна или делимична) па на другите потрошни делови и да не набројувам .
3.Се согласувам делимично , но во земја како Македонија со толку многу сончеви денови , греота и срамота е да не се искористи бесплатното сонце...
4.Заборавете ја државата , од неа само ке Ве заболи главата .Државата не мора да помогне со субвенции , нека помогне со донесување на добри закони и одлуки .Пр.материјалите ги купувам со 18% ДДВ , а некои и плус 15% царина , а готов производ е само со 5%ДДВ , но тоа е мој проблем .Поголем проблем е немање законска регулатива , секој да биде произведувач и продавач на произведената ел.енергија од фотонапонски панели , а не само после многу документи лиценци , време и пари и тоа само за одбрани .Не ми треба повластена ставка за струја , но тргнете ги сите документи и дозволи , време-чекање и упростете го тоа .Ке видите дека 1 КWh нема да увеземе , се’ ке произведеме самите
5. Е нестабилен , но и тоа се решава со градење на вештачки акумулации, , кај кои ел.енергија преку ден , произведена од фотонапонски панели се користи за качување на водата во погорниот резервоар , а преку нокта се испушта во долниот и се произведува ел.струја како кај хидроцентрали .Има решение , само човек треба да се потруди.
6.А што е со работниот век на отпадот од термо централите или пак недај боже од нуклеарните централи ?!
Панелите се направени од Ал-рамка ,( може да се рециклира)
Стакло , ( може да се рециклира) , пластика (( може да се рециклира) и сосем мал дел од келиите , кои се дебели 0,2 мм .Тие може да се сомелат и да се направи бетон или слично .. Повели искористениот ураниум рециклирај го .( Додуша американците и тоа го прават во форма на бомби со осиромашен ураниум ;)...

Не мислам дека само од оваа технолохија некои ке се збогатат а другите ке настрадаат поради тоа.
Ке настрадаме сите ако не ја користиме ,а најповеќе со седење со скрстени раце и чекајки некој од горе или од надвор да ни донесе струја
Поздрав и секое добро.

П.С. Ми смета името ФОТОВОЛТАИЦИ , некаков си помакедончен англиски ( photovoltaics) . Мислам дека поточно е ФОТОНАПОНСКИ , но тоа е мое мислење
 

smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.699
Поени од реакции
288
Ај дајте ми контакти од фирми кои се занимаваат со монтирање на фотоволтаички панели.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom