Мислам дека повеќето во ова се сложни и дека насекаде го читаме (слушаме) следното:
1 Производството на ФВ плочи и на целата технологија е многу скапо...
2 Ефикасноста им паѓа со време
3 Производството на струја зависи од временски услови
4 Со обзир на цената на ФВ-плочи сето тоа може да се исплати само со дебела поддршка од државата... а овде је ‘‘мало морген‘‘
5 Поради нестабилноста ФВ е неискористлив како значаен значаен дел на електроенергетскиот систем
6 кога ќе им измине животниот век ќе се создадат огромни трошоци за згрижување на специјален отпад...
Оваа технологија ми се чини бргу ќе се заборави, откако некои убаво ќе се збогатат и откако ќе се дадат милиони како трошоци за складирање на специјален отпад.
Веројатно концепцијата за искористување на сончева енергија ќе се движи во друг правец!? Огледала, не ФВ панели!
http://www.infiniacorp.com/powerdish.html или
http://www.bizjournals.com/albuquerque/stories/2010/09/20/story4.html?b=1284955200%5E3956781&ana=e_vert
иако не се ретки и вакви мислења:
http://ekoloskaekonomija.wordpress.com/2012/07/30/ekonomicnost-obnovljivih-vijesti-iz-europe-sad-i-indije/
јас уствари и немам став према ова проблематика... Секој со својо ум!
Воопшто не се согласувам со погоре изнесените работи , без оглед на тоа што дирекно сум засегнат со производството ...
1.Зарем е поевтина градба на термо , хидро или нуклеарни централи ?
2.А зар работниот век на една ел.централа од точка е 1 е константа ,?! И кај неа треба константно одржување , замена на генератори ( целосна или делимична) па на другите потрошни делови и да не набројувам .
3.Се согласувам делимично , но во земја како Македонија со толку многу сончеви денови , греота и срамота е да не се искористи бесплатното сонце...
4.Заборавете ја државата , од неа само ке Ве заболи главата .Државата не мора да помогне со субвенции , нека помогне со донесување на добри закони и одлуки .Пр.материјалите ги купувам со 18% ДДВ , а некои и плус 15% царина , а готов производ е само со 5%ДДВ , но тоа е мој проблем .Поголем проблем е немање законска регулатива , секој да биде произведувач и продавач на произведената ел.енергија од фотонапонски панели , а не само после многу документи лиценци , време и пари и тоа само за одбрани .Не ми треба повластена ставка за струја , но тргнете ги сите документи и дозволи , време-чекање и упростете го тоа .Ке видите дека 1 КWh нема да увеземе , се’ ке произведеме самите
5. Е нестабилен , но и тоа се решава со градење на вештачки акумулации, , кај кои ел.енергија преку ден , произведена од фотонапонски панели се користи за качување на водата во погорниот резервоар , а преку нокта се испушта во долниот и се произведува ел.струја како кај хидроцентрали .Има решение , само човек треба да се потруди.
6.А што е со работниот век на отпадот од термо централите или пак недај боже од нуклеарните централи ?!
Панелите се направени од Ал-рамка ,( може да се рециклира)
Стакло , ( може да се рециклира) , пластика (( може да се рециклира) и сосем мал дел од келиите , кои се дебели 0,2 мм .Тие може да се сомелат и да се направи бетон или слично .. Повели искористениот ураниум рециклирај го .( Додуша американците и тоа го прават во форма на бомби со осиромашен ураниум
...
Не мислам дека само од оваа технолохија некои ке се збогатат а другите ке настрадаат поради тоа.
Ке настрадаме сите ако не ја користиме ,а најповеќе со седење со скрстени раце и чекајки некој од горе или од надвор да ни донесе струја
Поздрав и секое добро.
П.С. Ми смета името ФОТОВОЛТАИЦИ , некаков си помакедончен англиски ( photovoltaics) . Мислам дека поточно е ФОТОНАПОНСКИ , но тоа е мое мислење