Да напишам некоја информација околу соларните фотонапонски централи...
Прво : СИТЕ квоти за доделување на лиценци за изградба на соларни фотонапонски централи се издадени т.е. потрошени .Нови нема да има , а и не би требало , зошто таа повластена ставка на ел.енегија ја плаќаме сите ние преку цената на ел.струја. Да се коригирам , има уште околу 300KW недоделени , но тоа се за централи над 50 КW , за кои откупната цена е 0.26 evra/КWh.Но за 300KW по таа цена не е баш исплатливо .
Околу инвестирањето , се исплатеше во секој случај , зошто парите се враќаат за 5-7 години , а после до 15 години е чиста добивка, плус векот на траење на централата е над 25 години , а дотогаш многу работи ке се сменат.
Јас лично лутав од шалтер до шалтер и не успеав да извадам лиценца .Потрошив скоро 10тина месеци во потрага прво на локација , погодна за централа , а после и за вадење на дозволи , но и по толку време бев на почеток .А после завршија и квотите.
За мене можеби и подобро , зошто моите пари ке ги „затворев“ во соларната централа и немаше да можам да инвестирам во производството на соларни фотонапонски панели. А на кредит , не сакам да живеам. Есеноска купив нова машина за производство на панелите ,материјалот за оваа година е на пат и стигнува за месец дена , така да покрај постојните панели од 130 вати , ке извадам на пазар и уште 2 типа на панели : од 60 и од 120 вати.
Пролетва ке ја почнам со неколку поголеми проекти , барем така е договорено и тоа : обезбедување со електрична струја на ресторан на Шар Планина , обезбедување на ел.струја за пумпа за вода за овоштарник од 15 хектари .
Ова е најавено ,а понатаму здравје Боже , времето ке си каже.Остануваат комплетите за викендички , кои се мошне популарни.
Инаку , поставување на соларни фотонапоснки панели , како замена за ел.струја за домашно користење НЕ СЕ ИСПЛАТИ !!! Струјата , по овие денешни цени , за домашна употреба е поевтина од ЕВН , поради акумулаторите и пропратната електроника . НО кај индустриска примена , за помали погони , ресторани , пумпи за вода , фарми и слично , поради 2 пати поскапата индустриска струја поставувањето на соларни фотонапонски панели за таа намена и тек како СЕ ИСПЛАТИ ... Поготово онаму каде што нема приклучок за ел.струја.
Поздрав и секое добро