- Член од
- 28 февруари 2017
- Мислења
- 2.770
- Поени од реакции
- 2.682
Уфф! Нема стриктна цена по мегават.Отприлика за мала хидроцентрала колку инвестиција е ... онака ориентационо !!!
А тоа колегата што има повластена тарифа и пак не е на позитивна нула, да не те лаже или па лоша опрема или скапо земјиште и сл.
Многу непознати има таа равенка!
Како прво е концесискиот договор, пресметките со кои си идел, после најглавно е пристапноста на теренот, неговиот состав, издашноста на водотекот, неговата стабилност на проток( да нема големи осцилациии зима-лето) и близината на приклучното место(кон системот на ЕВН) и ......
Како и да вртиш, централа од 0,5 мегавати нема да биде под 1,5 до 2 милиони во скоро идеални услови.
П.С. Уште го заборавив најглавното, висинската разлика од водозафатот до турбината и на какво растојание е постигната таа висинска разлика! Оти од тоа зависи продуктивноста и чинењето на изградбата.
Поголема висинска разлика - поголемо производство, помала должина на доводниот цевковод - помали трошкови за изградба!
Д*га е ваа за тема за елаборирање во еден два поста!
Последно уредено: