Јас сега ќе ви кажам една работа кај мене што му се случи на еден комшија.Типот порано на времето држеше продавница на бул.Партизански Одреди, поточно жена му го држеше, а он возеше камион можеби не беа најбогати на светот, али вадеа колку за да не тропаат од врата на врата.Е сега што се случи со човекот, се отвори Тинекс спроти неговата продавница, продавницата почна да пропаѓа пополека, пополека, толку пропаднаа што беше принуден да го продаде и својот камион.Го продаде својот камион, ама и тој потег не му успеа и дојдоа на питачки стап, 2 години тотална беда, сиромаштија.Кога комшијата почна да тропа на врата кај неговите роднини за помош (по потекло МАКЕДОНЦИ), тие се правеа наудрени, од едно уво им влегуваше, а од друго им излегуваше.А комшијава додека работеше колонијалот се запозна со едни Албанци кои седеа под кирија во Лептокарија.И едно студено декемвриско утро, некој затропа на вратата кај комшијата.Комшијата очекуваше дека ќе затропа негов роднина, но за чудо затропа пријателите негови, Албанци.Албанците со себе носеа, 2 вреќи брашно, цигари, храна и.т.н. а тоа го носеа за нивните пријатели Македонци.Кога отворија сопствен колонијал Албанците на Бит Пазар, жената на комшијата прва ја вработија, а таму работеше и за време на кризата.И се сеќавам ми кажуваа дека кога била кризата дошол некој Албанец од страна и им рекол:"Што бара оваа каурка, тука да работи".Типов што им е пријател на Македонциве не рекол ни А ни Б, туку го извадил својот магнум 357 и му го вперил на својот сограѓанин Албанец, а ја бранел неговата пријателка Македонка.Му рекол само "ај бркај работа".
Значи не судете по некои форумски ликови за тоа какви се Албанците и што се Албанците, јас се согласувам со вас дека повеќето не ни мислат арно, тоа го гледаме, ама не ги ставајте сите Албанци во еден ист кош.На форумиве се знае повеќето што членуваат какви луѓе се, тоа се луѓе кои се полни со комплекси, и дошле тука да ги лечат тие комплекси.Секоја чест на исклучоците.