Тропајте си што си сакате, Албанците се жители исто како и Македонците во Македонија, имаме заедничка историја, заеднички интереси и фала богу заеднички живот.
Јас сакам да се дружам со Албанци, сакам да се шетам слободнo низ Македонијава, не сакам лоша крв меѓу нас.
Сите оние кои провоцираат, кои зајадуваат, кои внесуваат несогласување и р`чки, зборам за неконструктивни напади, злобни до коска, нема да најдат прием од никој кој се залага за нормална иднина и саглам живот.
А такво нешто е сосема возможно да се има, не сме ние некои од небо паднати и различни соеви, ние сме луѓе кои израснале заедно, кои не спојува меѓусебниот живот и се она кое оди со него.
Нема никој да дозволи, злонамерните инциденти или тенденции да прераснат во нешто акутно лошо.
Така да дали се тоа србомански или балистички или ултранационални од неодмерен аспект наклоности, треба да се смират и да се размисли и види дека има простор за сите нас.
Јас разбирам дека постои голем степен на недоверба, тоа е и повеќе од јасно, но останува она... луѓе треба да живееме заедно.
Закачки ќе има и понатаму, но капацитетот на оние кои не водат и кои одлучуваат ќе биде секогаш посилен од недоветните сплеткарења на некои инфантилни поединци.