Мене лично не ми се. Кој сака нека му бидат.
Затоа тешко дека ќе правите национална држава, зошто сте повеќе верски настроени, него национално настроени.
Албанците верата секогаш го користеле како средство , а не цел, затоа има и католици, и православни и муслимани.
Дури и пред 100 години има песни со стихови... „немојте да гледате цркви и џамии, оти верата на албанците е албанството“.
Тоа го имам проследено и од дедо ми покојниот (си пиеше ракија во планина, а жените си постеа, секој по својот начин на верување), и од родителите, и затоа не се замарам многу со религиите (иако во принцип сите пропагират божем добрина, а речиси сите војни се иницираат од верски побуди).
Е сега последните 30 години имало бајаги влијание од радикалните струји на исламот во посиромашните делови кај албанската заедница, и тоа повеќе во Македонија, ама и со тоа ќе се справиме.
Ама пак во Албанија, па и во Косово, кај младите се губи таа матрица да не се воспостават бракови со албанци од друга религија, а тука бидејќи нема многу од другите религии, уште е табу тема.
Како заклучок, затоа што сте такви, бугарите ви го земат тој дел од вашиот национален идентитет, и горјаните од Косово, и „нашинците“ од Голо Брдо, значи сеуште не сте созреани да бидете нација!