Соживотот во Македонија

  • Креатор на темата Macedon1um
  • Време на започнување

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.730
Поени од реакции
35.244
Јас не сум реален?
Можеме до утре да глумиме, до утре може да ги читам вашите стереотипи, ама очигледно е дека ви пречи рамноправноста.
Ни пречи тоа што не сме рамноправни, еве јас сакам да седам дома и да примам плата исто како и мин 2000 души од твојава националност. Кај да се жалам за ова? Или и ние да излезиме и да правиме војна како вас?
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.346
Поени од реакции
4.776
Ни пречи тоа што не сме рамноправни, еве јас сакам да седам дома и да примам плата исто како и мин 2000 души од твојава националност. Кај да се жалам за ова? Или и ние да излезиме и да правиме војна како вас?
Нејќат да одат на работа или што е проблемот сп тое 2000 наводни ачбанци?
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.543
Поени од реакции
21.313
НСП: Кондовец му вперил пиштол во глава на полициски службеник – сега кривично одговара полицаецот
Независниот синдикат на полицијата жестоко реагира откако вчера МВР поднесе кривична пријава против 6 полициски службеници за наводно „малтретирање при вршење на служба“.

Според синдикатот, полициските службеници дејствувале откако на еден од нив, на влезот во Кондово му бил вперен пиштол во главата со барање да го предаде оружјето.

„ Имено, сакаме да потенцираме дека се работи за кривичноправен настан кој се случил на 18.05.2020 година околу 21:30 часот, на влезот од село Кондово каде бил поставен полициски пункт со двајца полициски службеници поради спроведување на полицискиот час. Во момент кога едниот полициски службеник бил надвор од службеното возило, од зад грб му приоѓа машко лице вооружано со пиштол кое со полуга го фаќа околу вратот и вперувајќи му го пиштолот во слепочницата бара од нив да му го предадат службеното оружје со цел да го одземе. Во тој момент вториот полициски службеник свесен за ситуацијата го вперува неговиот службен пиштол во сторителот и пука еден проектил во воздух за предупредување, во моментот на паника од истрелот го совладуваат сторителот кој пружа активен отпор при што на местото излегуваат и колеги од ЕИП и лицето го лишуваат од слобода и го задржуваат во ПС ОН Ѓорче Петров, каде иако има можност за потешка квалификација настанот се заведува како напад на полициски службеник. Извесен период по критичниот настан иако сторителот лично не вложува преставка до Оделот за внатрешна контрола се отвара истрага во која од камерите на министерството поставени на влезот во С. Кондово се констатира дека полициските службеници наводно употребиле прекумерна физичка сила кон сторителот и се поднесени 6 (шест) кривични пријави против истите.“ – стои во соопштението на синдикатот.

Од таму велат дека за ваква постапка во некоја од демократски развиените држави, полицајците би биле наградени.

„ Доколку овој настан би се случил во некоја поразвиена држава веројатно полициските службеници би биле одликувани со орден за храброст што иако биле исполнети условите да го лишат од живот сторителот без жртви и повреди го лишиле од слобода лицето, но кај нас истите добиваат кривични пријави. Поради ваквиот начин на постапување во последните неколку години се појавува тенденција на зголемување на бројот на напади на УПС, а сторителите најчесто поминуваат со условни осуди и ги повторуваат делата. Полициските службеници учејќи од туѓите грешки меѓусебно се советуваат на непостапување затоа што во конкретниот случај доколку истите едноставно го предале оружјето на сторителот ќе поминеле без никакви санкции. Полициските службеници се живи луѓе со емоции, страв, стрес и фамилија. Работејќи за потпросечна плата истите се принудени да се справуваат со секаков ризик и со оружје вперено кон нив повторно да останат на висина на задачата, во спротивно веднаш ќе бидат квалификувани како криминалци“ – стои во соопштението.

Вчера МВР соопшти дека против шест полициски службеници вработени во СВР Скопје, поради основано сомнение дека на 18 мај годинава сториле кривично дело „малтретирање во вршење служба“ по член 143 од Кривичниот законик, поднесена е кривична пријава од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Основното јавно обвинитество за гонење организиран криминал и корпуција – Одделение за гонење на сторители на кривични дела на лица со полициски овластувања.

„По извршените проверки и увидот во безбедносните камери констатирано е дека на настанот претходел друг кривично-правен настан, по што оштетениот бил врзан со лисици за врзување и врз него неосновано била употребена физичка сила, со што биле пречекорени полициските овластувања, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Против пријавените полициски службеници, според соопштението, е поведена и постапка за утврдување дисциплинска одговорност во МВР.“ – велат од Министерството за внатрешни работи.
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.771
Поени од реакции
9.596
Ова со Кондово е еклатантен пример за двојни аршини во спроведување на законите по етничка основа.
Апсолутно, малтретираниот локален автохтон жител кој бил приморан да стави пиштол на глава на полицаец треба да добие едно извинување од целата нација за неговиот претрпен стрес

ALM!!!!
 
Последно уредено:
Член од
5 август 2007
Мислења
847
Поени од реакции
1.231
Негрижата на институциите за дел од граѓаните на дело. Јас сум сигурен дека со двојазичната униформа, ќе провладее духот на рамноправност и грижата на системот и во жално напатено од каурите Кондово.
 
Член од
26 септември 2007
Мислења
2.057
Поени од реакции
1.976
Не сакаме одговорност, нејќеме рамноправност, децениска дискримизација...
Ај вака.. задњо од мене за оваа тема, зошто пак ќе кажам, не сте реални и не ни сакате да бидете. И затоа не сакам да живеам со такви луѓе, секој ден нешто им фали. Све сте вие повредени.. а јас како државјанин кој се декларира како Македонец не смеам да писнам и ако случајно кажам нешто „патриотско“ ондак сме фашисти и нацисти. Али затоа УЧК ќе го величиме.

1) 20 години уназад, албанец како гласачко тело и граѓанин има поголемо право од мене како Македонец кој си ја сака државата во која живее - Македонија
2) Во државни институции, предност имаат (после роднински врски) албанците
3) 20 години го величите албанското знаме, албанската идеологија и албанската територија, додека Македонското не сакате да го спомнете
4) Албанска партија вика дека ќе има војна ако не е во влада
5) Во сите албански населби/општини, нема едно Македонско знаме на јавна површина. Ни едно
6) Сменивме име, албанското гласачко тело 99% имаше излезеност и сега се пали на терминот „Северна“
7) Ќе ти набројам над 50 (државни или „државно-приватни“) места каде албанец е министер, директор или заменик претседател со години
8) Заменик претседател е албанец, член на организација која крвнички убилава Македонци
9) Вака можам до утре.

пс: https://politika.com.mk/нухиу-ги-потпишавме-актите-за-албанск/

Ај шетај, те молам не ми реплецирај.
Фала богу што е задња у ова тема, иначе којзнае кои глупости ќе тропаше на :
10)
11)
12)
.
.
.
.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.846
Поени од реакции
4.635
Не е вистина тоа што имате огромен број со бугарски таблички?
За што конкретно не сум реален?
Дискриминација немало?
Не си ја бранам страната, знам многу добро какви се албанците, не дотаму што вие ги замислувате секако. Ама за тоа ве обвинувам вас.
Проблемот е што вие се правите швеѓани, и не сакате да превземете одговорност и не сакате решение, не сакате да ја делите државата со албанците, едноставно нејќете рамноправност.
Директно тоа не го кажувате, ама затоа се цело време се занимавате со појави и симптоми во општеството кои се директно поврзани со нефунксионирање на институциите и заради децениска дискриминација.
Браво ваква искреност не очекував!
Само да прашам ова е резултат на рацио или некакви психотропни супстанци?

И сеа бидејќи Македонците не сакаат да ја делат државата се донесе одлука истата да биде поделена на Иљирид и македонски Татарстан, зошто сакате да ја делите државата на Македонците е вистинското прашање, а не зошто Македонците не сакаат да ја делат државата со....
(не знам дали ваквите коментари се заради слабото познавање на македонскиот јазик или заради лимитиран интелект ама како и да е не изгледа на убо)
 
Член од
5 август 2007
Мислења
847
Поени од реакции
1.231
Браво ваква искреност не очекував!
Само да прашам ова е резултат на рацио или некакви психотропни супстанци?

И сеа бидејќи Македонците не сакаат да ја делат државата се донесе одлука истата да биде поделена на Иљирид и македонски Татарстан, зошто сакате да ја делите државата на Македонците е вистинското прашање, а не зошто Македонците не сакаат да ја делат државата со....
(не знам дали ваквите коментари се заради слабото познавање на македонскиот јазик или заради лимитиран интелект ама како и да е не изгледа на убо)
Многу добро го познава македонскиот јазик, далеку повеќе од просечен етнички Македонец. Секој напишан збор му е крајно измерен и со цел напишан.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.702
Поени од реакции
27.645
Да се надеваме еден ден и ние ќе имаме ваков соживот. Всушност, имаме, ама малку е засенет :)

 
Член од
16 декември 2009
Мислења
1.317
Поени од реакции
1.159
Беспредметна е полемиката во која само се лелека и кука колку се другите лоши.Тоа е женска филозофија во која после кукање и плачење колку е другата страна лоша некој треба да превземе нешто ама никако да не биде таа.
Ако некоја работа или некој е толку лош тогаш треба да се предложи решение и да се превземе нешто.
Правниците знаат дека нема никаков поднесок до суд без да се изнес предлог за решение на предметот.
Што предлагате?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom