Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
941
Имам лоша навика кога менувам брзина некогаш пребрзо да го одпуштам кумплугот (уште пред да влезе во брзина на пола пат) и да зашкрипе мењачот (ми се има случено 5-6 пати). Дали и колку е лошо тоа за мењачот?
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Ги точиш запчаниците???

Многу јасно дека има последици по менувачот, но не се фатални. Запчаниците се правени да можат да издржат такви оптеретувања, но сепак би ти рекол повнимателно со кунплунгот, за да не си направиш некои поголеми проблеми.
 
Член од
4 август 2008
Мислења
243
Поени од реакции
8
За моделот со мотор 1.8... имаш 2000 евра акциза, потоа треба да исполнува еуро3 стандард, да не е постара од 2001. Царината оди каталошки, пр гледаат колку е нова, колку се амортизира во годините. Потоа се плаќа и ДДВ + на сето тоа имаш трошок за хомологација 100 евра, А-тест 100 евра, регистрација и на крај (замисли ова на крај го прават!!!!!) се плаќа 50-тина евра и се чека документите да се проверат во базата на интерпол (да не е возилото крадено).

Според мене, ако ја земеш 4.000 од Германија, до регистрација би дошла 8.500-9.000 евра.

nema sansi druze...kaj moze za 4000 evra da ti zemat 5000 evra davacki...hahaha

akcizata e ok ama drugoto e pomalku. Ali moze da se zeme kola so 1.6 L motor i ako e okolu 6-7.000 evra da iskoci okolu vkupno 10-11.000, na primer AUDI A4 od 2002-2003 god= zakon kola.
 

GRUNGE

Cobain со цигарче!
Член од
25 февруари 2008
Мислења
677
Поени од реакции
28
Јас како што знам вака оди пресметка

1) Купуваш кола од регистриран продавач на коли, со тоа ти враќаат 19% ДДВ (Германија) затоа на мобиле.де барате по Експорт моделите.
2) Царината со ЕУ ни е 5%.
3) Нашиот данок е 18%.
4) ТУВ хомологација и А-тест - 200 евра
5) Акцизата се пресметува по некој каталог. Ама никој што го прашувам не знае каде се набавува тој. Ако знае некој нека каже. Само знам дека за возила под 1000 кубика (Сеиченто, Лупо, Матиз) не се плаќа акциза.

Што значи имате некаде 25% трошок од цената на возилото ако е под 1000 кубика. Што е релативно исплатливо. Овие под 1000 кубика се од 1000-2000 евра во Германија од 2000 година навака.

* Последно што знам имаа една акција за 10 години стара кола да немора да имаш хомолагиција. Беше во септември предлог до влада. Не знам дали го усвоија.
 
Член од
1 јули 2008
Мислења
202
Поени од реакции
5
Раткапни за Опел имаш на секое ќоше, со оригиналниот дизајн, ама турска роба и не чинат повеќе од 700-800 ден комплет.
Ако сакаш оригинали, тоа е веќе друго...
Мене, една ме чинеше 1650 денари...
Значи цел комплет би чинел некаде околу 100 евра,оригинал.ќе ставам слика од постоечкиве,да видиш какви се.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Акцизата оди вака некако (ако не се лажам)

под 1.000 кубици и пик-ап возила (товарни) се ослободени
од 1.000 до 1.500 кубици е 1.500 евра.
од 1.500 до 2.000 кубици е 2.000 евра.
од 2.000 до 2.500 кубици е 2.500 евра
и над 2.500 кубици е 2.000 евра

А ако не ми веруваш дека ке те фати баеги... пробај земи, ке видиш. Јас зедов пред 3 и пол години Форд Фиеста... Од Германија ја купив 1.000 евра, а се на се во Мк, дојде 2400 + регистрација (со напомена дека не платив акциза).
 

Dimitarc

Мрчатор
Член од
30 јануари 2005
Мислења
2.639
Поени од реакции
19
Ајде вака. Вчера и денес цел ден им посветив на колите. Ги спремив за во зима. Кажете ми што друго ми фали.

- Сменив алуминиумските бандажи со челични со зимски гуми.
- На две им беа сјебани брисачите, им ставив нови брисачи.
- Го превртев подрумот да ги најдам ланците, ги ставив и ланците во кола.
- Ги тргнав платнените патосници, ставив гумени.
- Ставив течност што не замрзнува во брисачите.
- Ставив во матизот дека нема отклучување на даљинско во бравата такво за да не ми замрзне. (треба ли на другиве што имаат отклучување со даљинско да ставам такво против замрзнување?)

- Што друто?

Ми кажаа на гумите од страна на колата да сум им ставел пудра во прав, од овие беби пудрите на алкалоид за да не ми се лепеле и мрзнеле. Во мојот сонакс дистрибутер (читај Тинекс) немаше ништо специјално за таа намена па има ли логика да ставам пудра во прав?
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Си заборавил најбитното... Ставаш поретко масло, (кое се згустува на ладно, па многу густо ке ти прави проблеми при старт) доколку ти е за менување... И проверуваш како стои антифризот, бидејки со тек на време неговата градуација опаѓа, па наместо -40 може по 2 години да дојде -15.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.344
Ајде вака. Вчера и денес цел ден им посветив на колите. Ги спремив за во зима. Кажете ми што друго ми фали.

- Сменив алуминиумските бандажи со челични со зимски гуми.
- На две им беа сјебани брисачите, им ставив нови брисачи.
- Го превртев подрумот да ги најдам ланците, ги ставив и ланците во кола.
- Ги тргнав платнените патосници, ставив гумени.
- Ставив течност што не замрзнува во брисачите.
- Ставив во матизот дека нема отклучување на даљинско во бравата такво за да не ми замрзне. (треба ли на другиве што имаат отклучување со даљинско да ставам такво против замрзнување?)

- Што друто?

Ми кажаа на гумите од страна на колата да сум им ставел пудра во прав, од овие беби пудрите на алкалоид за да не ми се лепеле и мрзнеле. Во мојот сонакс дистрибутер (читај Тинекс) немаше ништо специјално за таа намена па има ли логика да ставам пудра во прав?
Има огромна логика. Стави!
 

JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
Јас синоќа ставив на гумите и на бравите, средства од Сонакс
 

Dimitarc

Мрчатор
Член од
30 јануари 2005
Мислења
2.639
Поени од реакции
19
Си заборавил најбитното... Ставаш поретко масло, (кое се згустува на ладно, па многу густо ке ти прави проблеми при старт) доколку ти е за менување... И проверуваш како стои антифризот, бидејки со тек на време неговата градуација опаѓа, па наместо -40 може по 2 години да дојде -15.
Како се проверува антифриз?

Прочитав во една друга тема прво глицерин па беби пудра. Така и ќе направам. Ај да идам дур не се стемнило.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Има мерач на јачина... и се зема со него малку од течноста од тубето и стрелка покажува колку е јак. Се продава мерачот во продавници за авто делови, некои 300-400 денари е.
 

JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
Како се проверува антифриз?
Антифриз се проверува со специјален мерач, кажа Џиш. Само да додадам дека кога мериш течноста требе да биде ладна, значи ако ти е загреана колата извади малку во шише, да изладе, па после мери.
 
Член од
21 ноември 2008
Мислења
1.651
Поени од реакции
1.597
луѓе да ве прашам нешо....имав назат во колата пар ///Alpine SPS-13ки,и стварно беа добри,грмеа....абе милина беше....е сеа.....

-ги преместив напред,оти назат ќе се ставаат елипси magnat....арно ама,напред звучнициве некако се губат,не го вадат тој звук како што беше позади,басот слаб,едноставно како да не се тие....јас сумњам нешо во инсталацијата да не е,или пак пластичната заштита многу да не ги загушува.....дај кажете ваши совети и мислења шо може да биде работава....
фала однапред.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Може се да е ок... ама различно да се слушаат напред и назад. Напред се поставени во вратите (ако не се лажам) и гледаат према шоферот а назад се поставени да гледаат према таван.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom