Значи дека имаш луфта на лагерите... И може моторот комплетно да се закочи, ако луфтата е многу голема. Колку повеќе таков мотор работи, толку шансите дека ке биде поуништена радилицата е поголема. Што треба да се направи? Се вади радилицата, се гализира на стандард прва, втора или трета специјал (зависи колку е оштетена и колку пати е правена претходно, ако не може и трета, ке треба да ставиш нова) и се ставаат подебели лагери... под услов се останато да е ок, моторот да не троши масло, да има добра компресија.
Ако нема компресија... Фул ремонт некои 600-700 евра (ако не треба да се менува радилица). За што возило е? Бензин/дизел? Дај троа повеќе инфо.