За моделот со мотор 1.8... имаш 2000 евра акциза, потоа треба да исполнува еуро3 стандард, да не е постара од 2001. Царината оди каталошки, пр гледаат колку е нова, колку се амортизира во годините. Потоа се плаќа и ДДВ + на сето тоа имаш трошок за хомологација 100 евра, А-тест 100 евра, регистрација и на крај (замисли ова на крај го прават!!!!!) се плаќа 50-тина евра и се чека документите да се проверат во базата на интерпол (да не е возилото крадено).
Според мене, ако ја земеш 4.000 од Германија, до регистрација би дошла 8.500-9.000 евра.
Значи цел комплет би чинел некаде околу 100 евра,оригинал.ќе ставам слика од постоечкиве,да видиш какви се.Раткапни за Опел имаш на секое ќоше, со оригиналниот дизајн, ама турска роба и не чинат повеќе од 700-800 ден комплет.
Ако сакаш оригинали, тоа е веќе друго...
Мене, една ме чинеше 1650 денари...
Има огромна логика. Стави!Ајде вака. Вчера и денес цел ден им посветив на колите. Ги спремив за во зима. Кажете ми што друго ми фали.
- Сменив алуминиумските бандажи со челични со зимски гуми.
- На две им беа сјебани брисачите, им ставив нови брисачи.
- Го превртев подрумот да ги најдам ланците, ги ставив и ланците во кола.
- Ги тргнав платнените патосници, ставив гумени.
- Ставив течност што не замрзнува во брисачите.
- Ставив во матизот дека нема отклучување на даљинско во бравата такво за да не ми замрзне. (треба ли на другиве што имаат отклучување со даљинско да ставам такво против замрзнување?)
- Што друто?
Ми кажаа на гумите од страна на колата да сум им ставел пудра во прав, од овие беби пудрите на алкалоид за да не ми се лепеле и мрзнеле. Во мојот сонакс дистрибутер (читај Тинекс) немаше ништо специјално за таа намена па има ли логика да ставам пудра во прав?
Како се проверува антифриз?Си заборавил најбитното... Ставаш поретко масло, (кое се згустува на ладно, па многу густо ке ти прави проблеми при старт) доколку ти е за менување... И проверуваш како стои антифризот, бидејки со тек на време неговата градуација опаѓа, па наместо -40 може по 2 години да дојде -15.
Антифриз се проверува со специјален мерач, кажа Џиш. Само да додадам дека кога мериш течноста требе да биде ладна, значи ако ти е загреана колата извади малку во шише, да изладе, па после мери.Како се проверува антифриз?