Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

zocc

911
Член од
9 мај 2011
Мислења
2.912
Поени од реакции
1.678
Така да и дојдов до заклучок дека после 2000 км поминати со исто возило и ферари да ти дадат ќе ти биде бавно.
Ха,ха,ха како си ме изнасмеал со генијалниов заклучок ти не знаеш. :LOL: Точно е дека човек по некое време се навикнува на колата и не ја осеќа исто како првиот пат, ама ваква споредба со 60 кс и 110 кс не е можна, разликата е огромна. Е сега освен ако аудито ти е пред ремонт, тоа веке е друга работа. :)

И она килажите погоре не знам од кај си ги извадил ама врска немаат, колку за твоја информација Golf VI 1.4 TSi тежи 1.290 кг. ;)
 

Снајпериста

несреќник
Член од
20 ноември 2008
Мислења
293
Поени од реакции
4
Платното на тапацирот од кровот ми се одлепи, пробав да го лепам ама безуспешно, е сега ми текна дали може да се направи тапацирот со карбон фолија? и ако знае некој како оди цената за тоа?
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
893
Платното на тапацирот од кровот ми се одлепи, пробав да го лепам ама безуспешно, е сега ми текна дали може да се направи тапацирот со карбон фолија? и ако знае некој како оди цената за тоа?
Сакаш да лепиш карбон фолија...од внатре?
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
893
Добро де ги смешал бројките во пишување...де бре...1280 1820...

Како и да е...јас би одел на ГоЉф :)
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.005
Во некои случаи не зависи од колата кубикажата и киловатите,најмногу зависи од искуството и ризикот на возачот
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
893
Во некои случаи не зависи од колата кубикажата и киловатите,најмногу зависи од искуството и ризикот на возачот
Ама само во некои случаи :)
 

zocc

911
Член од
9 мај 2011
Мислења
2.912
Поени од реакции
1.678
Добро де ги смешал бројките во пишување...де бре...1280 1820...

Како и да е...јас би одел на ГоЉф :)
Една работа, од искуство, нашево гориво е убиство за TSi моторите, менував турбина и инџектори на 25.000 км, сега пред месец и пол (ми рикна во Грција и едвај се вратив :cautious:). Пу, пу, среќа што ми е под гаранција и се ми беше бесплатно. Како што добив одговор најверојатно е од лошо гориво поради директното вбризгување и ми препорачаа да не ја возам колата на резерва ни милиметар од кога ке светне. Инаку бензин ставам во Макпетрол.
На мој другар исто со 1.4 TSi мотор на првото палење на ладен мотор му гуши моторот (нерамномерно работи) и дури се приметува на обртомерот, подскокнува малце, после 30-40 секунди се смирува. Колата има поминато 15.000 км. Катастофа.

Затоа атмосферски му е мајката, додека не се донесе закон за квалитет на гориво како во EU.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
А за црвениот болд - no comment :eek:
Почни да возиш ќе прајме муабет. Нема ни што да коментираш, тоа го пишав од искуство.

А истото ми се има случувано и со мотор. По подолго време се навикнуваш на перформансите и брзината (да неречам забораваш шо си возел пред тоа) па и не ти изгледа така брза машината како што ти изгледала на почетокот. Иако со 2-ра можиш да ја надминиш крајната брзина на Аудито мое, Лансерот твој или нешто до таа кубикажа...

Ха,ха,ха како си ме изнасмеал со генијалниов заклучок ти не знаеш. :LOL: Точно е дека човек по некое време се навикнува на колата и не ја осеќа исто како првиот пат, ама ваква споредба со 60 кс и 110 кс не е можна, разликата е огромна.
Читни погоре шо имам пишано... заклучокот ми е донесен на чисто мое искуство. Незначи дека кај тебе ќе се дешава истото. Инаку никаде не реков дека 60 кс = 110 кс... Тогаш ми беше брзо, и осеќав дека е далеку посилно од фордот. Сега го возам само него, и некако не само шо се навикнав на брзината, туку онака... незнам како да ти доловам ефект.

Е сега освен ако аудито ти е пред ремонт, тоа веке е друга работа. :)
258.000 км, реални, на ладново не се вклучува греач, пали поарно од било кој бензинец шо го имам во комшиите... Ќе да ти е грешна претпоставката, и тоа многу.
 

king24

Pirat
Член од
8 ноември 2007
Мислења
147
Поени од реакции
2
baram mislejne za Renault Grand Espace 3.0 dci od 2003 kako stoi reno so disel motori
 
L

Lu

Гостин

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Да. зошто? Не може? Гледам дека некој по маска лепат
Едно е да залепиш карбон на шал табла и други ситници, друго е на покрив...

Поефтино ќе ти дојди да си го претапацираш. Ако си од Битола, да те упатам кај чоекот шо ми го праеше тапацирот за Мерцедесот... околу 4000-5000 денари ќе ти земи да го среди со се негово.
 

zocc

911
Член од
9 мај 2011
Мислења
2.912
Поени од реакции
1.678
Почни да возиш ќе прајме муабет. Нема ни што да коментираш, тоа го пишав од искуство.

А истото ми се има случувано и со мотор. По подолго време се навикнуваш на перформансите и брзината (да неречам забораваш шо си возел пред тоа) па и не ти изгледа така брза машината како што ти изгледала на почетокот. Иако со 2-ра можиш да ја надминиш крајната брзина на Аудито мое, Лансерот твој или нешто до таа кубикажа...

Читни погоре шо имам пишано... заклучокот ми е донесен на чисто мое искуство. Незначи дека кај тебе ќе се дешава истото. Инаку никаде не реков дека 60 кс = 110 кс... Тогаш ми беше брзо, и осеќав дека е далеку посилно од фордот. Сега го возам само него, и некако не само шо се навикнав на брзината, туку онака... незнам како да ти доловам ефект.

258.000 км, реални, на ладново не се вклучува греач, пали поарно од било кој бензинец шо го имам во комшиите... Ќе да ти е грешна претпоставката, и тоа многу.
А бе не е дека си се навикнал, 260-те илјади веке си го кажуваат своето, а тоа за палењето па и нема некоја врска со ова. И во ред е, не се лути па и ти што си чуден, си збориме. :)
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
А бе не е дека си се навикнал, 260-те илјади веке си го кажуваат своето, а тоа за палењето па и нема некоја врска со ова. И во ред е, не се лути па и ти што си чуден, си збориме. :)
Изгледа или си немал дизел... или си имал, ама не си го извозил троа појќе. Малку да е ослабен моторот на компресија, на ладно ништо не го пали. Особено не од прва, без греење.

Инаку, не велам дека 260 к не си го кажуваат своето (си го кажуваат, ите како), нити дека е нов моторот, велам дека е арен... сигурно не е исто да има 30.000 км, мада животниот век на дизелашите е повеќе од 500.000 км ако се одржува правилно. Шо значи има уште дана за мегдана во машината :)
 

zocc

911
Член од
9 мај 2011
Мислења
2.912
Поени од реакции
1.678
Изгледа или си немал дизел... или си имал, ама не си го извозил троа појќе. Малку да е ослабен моторот на компресија, на ладно ништо не го пали. Особено не од прва, без греење.

Инаку, не велам дека 260 к не си го кажуваат своето (си го кажуваат, ите како), нити дека е нов моторот, велам дека е арен... сигурно не е исто да има 30.000 км, мада животниот век на дизелашите е повеќе од 500.000 км ако се одржува правилно. Шо значи има уште дана за мегдана во машината :)
Баш така, не сум имал дизел, се бензинци возам. Можеби ке купам некогаш ама кога ке почне да се продава квалитетно гориво, знаеш и сам какви се новиве дизелаши во однос на горивото. А за тоа 500.000 км без ремонт кај нас во Македонија се ретки примерите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom