Алфа и БМВ нити сум имал, нити можам да коментирам за нив....
Мерцедес Е или Ц класа, CDI за 5000 евра нема да најдиш добар примерок ти гарантирам со шо сакаш. CDI моторите почнаа да ги вградуваат некаде околу 2000-та, така да имаш две опции: да одиш со извозен CDI, или да ја падниш годината (да се откажиш од CDI-то) и да одиш со нормален трубо дизел. Ако одиш со она второто, мој совет ти е 250 TD за Ц класа и 300 TD за Е. 6 цилинцричниот со 24 вентили во Е класа (го има во верзија со 136 и 177 KS), рачунај дека ти паднало бинго. Ретки се, ама тој мотор е многу подобар од првите CDI (пример 200). Мене ако ме прашаш, тоа е мојот избор. 300 TD, ич во CDI не се гледам. Само да ти напоменам, 270 евра е нова дизна за CDI... математиката за мојот мерцедес ја виде која е, дизните ги платив по 800 денари една. Па сега ти думај се.
За Ауди 1.9 TDI нема многу шо да се коментира. Го имам од Април месец, до сега немам видено греач да се вклучи (последниве 2-3 дена -2, -3 гледам на мерачот и добивам Icy Roads предупредување). Го има во две изведби, со 90 и 110 кс (јас го имам посилното, кое со мал ремап оди до 140 кс). Кратко и едноставно, колата вреди за секое евро шо го дадовме за неа. Се ближат 10.000 км, а масло сменавме ко ја зедовме. Аудито за разлика од Мерцедесот е нешто поевтино и 5000-ки ќе ти бидат доволни за да земиш некое околу 2000-та.
Друго шо можам да ти кажам, незнам, ако те интересира, прашвај...
--- надополнето: Oct 19, 2011 1:38 PM ---
Го пишал дека е 220, а уствари 200 има ознака на капакот назад