Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Ме интересира тоа што викаат дека моторот на авеото е од опел, а секаде сретнувам дека моторот бил тиња, нечинел и сл. , има некој некое објаснување ?
Има... Oпел = Шевролет = Даеву. Или да неречам, сите се под капата на General Motors (GM), така да деловите вградени во Круз, Вектра, Нубира (од страна на подвозје, менувач, мотор) се идентични. Авеото ти е доста добар избор.

Него ме интересира шо бидна со Пунто Класик? Некако ми е фаворит, а викаш дека е без опрема... другар ми то шо го зеде е 1.2 бензин, со најфул опрема (централна, city серво, клима, електрика на стакла, компјутер, перници и сите тракатанци единствено нема ABS) и го плати 7.900 пред 1 и пол година. Сигурно има некое намалување на цените од тогаш.

Како и да е, совет: оди одбери некое возило, направи тест возење, спореди кое ти лежи најмногу... и ценкај се, тоа е најбитниот момент. Ако добро се исценкаш, од првичната цена гарантирано спушташ 500 евра.
 
D

D_NazGUL

Гостин
Значи бидејки си пишал 1.4 турбо Астра претпоставувам дека истото го бараш и кај Голф. Првенствено збориме за две сосема различни димензии т.е. најгрубо да се изразам фраерска Астра и конвенционален Голф. Ако овие два фактора ти одлучуваат тогаш не ти треба никакво додатно мислење - Ти веќе си решил.

Ако збориме за тоа што го добиваш - е и тука работата е релативна, бидејки на интернет ќе најдеш куп споредби и во зависност од кој колку плаќа тој ќе биде и фаворизиран нели. Сепак преовладува едно мислење, со кое бај д веј се согласувам, дека ако сакаш квалитет ондак идеш право по Словеначка и одма десно по семафорите. Еве ти барем малку помош од дечките што растурија цел куп аута:

1. Опел Астра
2. Голф

Ценовно не се голема разлика, значи Голфот за 1.4 турбаш е 1300ЕУ поскап од 1.4 Астрата, значи треба да кешираш мин. 16500ЕУ до регистрација.

Ако бараш веќе конкретно мислење - GOLF 1.4TSi 122ks ....17.373Еу.

П.С. Мал предлог од моја страна, ако те интересира погледни го и ова
1. Skoda Yeti 2.0TDi/120ks ...... 17.560Eu или
2. Skoda Yeti 1.4TSi/122ks ......... 14.570Eu.
Да не заборавам моторот е истиот од Голф и во случај на дфизелот и во случај на бензинецот.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Кочете малце... се јавија двајца на темава, едниот се дума измеѓу Голф и Астра, другиот бара кола до 7500 евра. Или да ја поделиме темата на 2 дела, или цитирајте го авторот да знаеме за што прајме муабет, оти вака е чорба..

eдит: Опраено!

Кога сме на темава, јас би одел со Круз... дефинитивно подобар избор и од Астра и од Голф во поглед на перформанси/опременост/цена.

п.с. освен ако сакаш да возиш возило со 3 врати, тогаш голф и астра се во предност
Јас мислам дека Круз-от има малку кубикажа 1.5, за таква кола би требало повеќе да има и појака да биде. Јас не би ја препорачал. А од голф и опел би одел на голф.
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Јас мислам дека Круз-от има малку кубикажа 1.5, за таква кола би требало повеќе да има и појака да биде.
Утка си, не е 1.5 туку е 1.6. И ако 1.6 литарски со 124 кс ти е малце (и голф и астра се тука некаде башка се турбаши), имаш 1.8 со 140 кс. Да ти спомнам 1.4 со 60 кс во Октавија за споредба има потреба? Башка го виде 1.6 LS (14.700, со 1800 евра попуст иди 13.000) како опција? Или 1.8 LS 15.500 со 1300 попуст...

Инаку земи повози се во круз, повози се во голф па ела ќе прајме муабет. Не дека е голфот некое срање, едноставно Крузот има еден тон тракатанци за кои што во голф ќе платиш уште 2000 евра.
 
Највеќе би го зел голфот затоа што недај боже да ти се расипе некој дел од колата, делови има насекаде а и ефтини се. А и плус полесни се за продавање. Не реков дека за перфоманси се најаки, но ете како што реков за продавање (ако ти здосади) секогаш можеш да го продадеш полесно отколку Шевролетот. Али за Крузот мислам дека можеле повеќе да му стават. На мене не ми е малце, но на други може ќе им е. Затоа што слушам луѓе што се жалат од Крузот, поради коњажата највеќе.
 
D&E

Член од
15 февруари 2009
Мислења
87
Поени од реакции
1
Прашање е дали има буџет за ова... со оглед дека е 70% поскапо од голф 1.4 бензин пример...
Е, да ама мислам дека Голфот со тој мотор е најдобар и најекономичен, не мора да 4мотион, а за мене има голема улога и сервисот, на пример во Старт Демир капија има од пластики за дигалгата на праговите па се до... + тоа volkswagen ми е докажана машина многу издржлива и сигурна и можеби е мое пристрасно мислење но ете! Поздрав
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Е, да ама мислам дека Голфот со тој мотор е најдобар и најекономичен, не мора да 4мотион, а за мене има голема улога и сервисот, на пример во Старт Демир капија има од пластики за дигалгата на праговите па се до... + тоа volkswagen ми е докажана машина многу издржлива и сигурна и можеби е мое пристрасно мислење но ете! Поздрав
Друже... шо ќе сервисираш, прајме муабет за ново возило. Промена на масло и не е некој сервис. 5 години на било кое возило штрафче нема да гибниш.

VW за дизел, да... добра е машината. Ама за бензин, GM е далеку понапред, колку сакате бидете пристрасни треба да признајте.
 
L

Lu

Гостин
Ако добро се исценкаш, од првичната цена гарантирано спушташ 500 евра.
Зависи колку си упорен во ценкањето и колку ќе сака да спушти продавачот.
На пример на нас за Лансерот ни дадоа само 300 евра попуст, од 13.300 ни намалиа на 13.000, значи само 300 евра и не сакаа да спуштат повеќе, а и плус во кеш го плативме Лансерот.

За Авео можеби ќе успее да извлече поголем попуст бидејќи има 3 дилери (заразлика од Мицубиши кој што е само еден) и нели бидејќи се 3 дилери ( Олимпиа моторс, Авто куќа и Аутомакедонија) конкуренција си се едни на други и мислам дека оние луѓе што купуваат Опел / Шевролет секогаш успеваат да извлечат најголеми попусти.
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Зависи колку си упорен во ценкањето и колку ќе сака да спушти продавачот.
На пример на нас за Лансерот ни дадоа само 300 евра попуст, од 13.300 ни намалиа на 13.000, значи само 300 евра и не сакаа да спуштат повеќе, а и плус во кеш го плативме Лансерот.
Има луѓе шо ќе украдат дете од мајка, не па да извлечат попуст... Од 13.300 ако ти го намалиле на 13.000 ќе одам со 12.900 во џеб, ќе им ги избројам на купче и ќе речам немам појќе. Да видам дали ќе се најде некој шо нема да ми ја продаде колата.
 
vlatko_95

Чоек
Член од
26 септември 2008
Мислења
260
Поени од реакции
66
Незнаев каде да го поставам моето прашање, па ај се решив за овде... Само што земав возачка и сум во избор на автомобил да ми купат моите секако... Што би ми препорачале...? Јас сакав Peugeot 206, ама го гледам дека за разлика од други коли кои се реално и поголеми е доста поскапо, чудно ми е... Ваш предлог? Женско количе и несакам да е големо и секако на старо ќе го земам... Фала на помошта однапред... п.с. пишувам од анакунтот на брат ми :)
 
L

Lu

Гостин
Утка си, не е 1.5 туку е 1.6. И ако 1.6 литарски со 124 кс ти е малце (и голф и астра се тука некаде башка се турбаши), имаш 1.8 со 140 кс. Да ти спомнам 1.4 со 60 кс во Октавија за споредба има потреба? Башка го виде 1.6 LS (14.700, со 1800 евра попуст иди 13.000) како опција? Или 1.8 LS 15.500 со 1300 попуст...

Инаку земи повози се во круз, повози се во голф па ела ќе прајме муабет. Не дека е голфот некое срање, едноставно Крузот има еден тон тракатанци за кои што во голф ќе платиш уште 2000 евра.
Џабе му е на Крузот што има 1.6 мотор и 124 кс кога самиот автомобил е многу тежок и слабо влече.
1.6 моторот со 124 кс е слаб за крузот и многу е тром со тој мотор и многу троши.
Додека круз со 1.8 и 141 кс е сосема друга приказна.
Тоа е исто како стариот Фокус со разликата помеѓу 1.4 и 1.6 моторот, таква иста е разликата исто и со крузот помеѓу 1.6 и 1.8 моторот.

А кој е тој мотор 1.4 со 60 кс во Октавија ?
Веројатно мислеше на атмосверецот 1.4 со 80 кс (кој што повеќе не се вградува) бидејќи колку што знам 1.4 со 60 кс непостои.
 
L

Lu

Гостин
Има луѓе шо ќе украдат дете од мајка, не па да извлечат попуст... Од 13.300 ако ти го намалиле на 13.000 ќе одам со 12.900 во џеб, ќе им ги избројам на купче и ќе речам немам појќе. Да видам дали ќе се најде некој шо нема да ми ја продаде колата.
Работата е што не ги примаат парите на рака туку парите се уплаќаат преку банка и им стигаат на сметка.
Прво во салон си се договараш за крајната цена и после одиш и уплаќаш во банка.
Да примаа пари на рака лесно ќе беше и со 12.500 ќе им отидев :)
 
L

Lu

Гостин
Незнаев каде да го поставам моето прашање, па ај се решив за овде... Само што земав возачка и сум во избор на автомобил да ми купат моите секако... Што би ми препорачале...? Јас сакав Peugeot 206, ама го гледам дека за разлика од други коли кои се реално и поголеми е доста поскапо, чудно ми е... Ваш предлог? Женско количе и несакам да е големо и секако на старо ќе го земам... Фала на помошта однапред... п.с. пишувам од анакунтот на брат ми :)
Колкава е максималната сума што можат да ја издвојат твоите родители за автомобилот ?
Разгледај Фиат Пунто, Опел Корса, Форд Фиеста ...
 
vlatko_95

Чоек
Член од
26 септември 2008
Мислења
260
Поени од реакции
66
Не ми одредиле конкретна сума, меѓутоа сакам да имам малку од малку усул што се вика... До кај 3 000 евра... сеа не е проблем нешто минимално над :) Ама пежоава беа по 4 000 евра, е толку не ми се дава навистина... :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom