Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

Член од
28 март 2006
Мислења
17.733
Поени од реакции
12.162
За шо возило се работи поточно? Опел?.
да, еееј...све пишав фирма заборајв. Опел, астра 96...се нешто заборавам:D.
Денес го газев бааги место со четврта у трета,... бучеше као авион
Фала Џиш
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
да, еееј...све пишав фирма заборајв. Опел, астра 96...бидна:D.
Денес го газев бааги место со четврта у трета,... бучеше као авион
Фала Џиш
Oпелова е таа машина... не е Исузу, така да ич не ја жали. Опел има еден од најдобрите бензински агрегати (според мене), така да ќе го баталиш пензионерското возење некое време и се ќе се среди.
 
Член од
12 август 2010
Мислења
2.890
Поени од реакции
906
Момци, застава 101, 79 година,регистрирана со атестиран плин..колку може да се продаде? зачувана све,газда автомеханичар..?
 
Член од
30 мај 2011
Мислења
11
Поени од реакции
1
Момци, застава 101, 79 година,регистрирана со атестиран плин..колку може да се продаде? зачувана све,газда автомеханичар..?
Од 600 евра фазла не ми се верува да е...Стави слики да видиме...
 
Член од
25 април 2011
Мислења
197
Поени од реакции
283
дали некој има некое инфо, за тест вожњата на VW во Битола на 24 Септември?? слушнав нешто на тв, ама не сум сигурен дали ќе има и од колку сатот??
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
893
дали некој има некое инфо, за тест вожњата на VW во Битола на 24 Септември?? слушнав нешто на тв, ама не сум сигурен дали ќе има и од колку сатот??
Прв пат слушам од тебе, ама сигурно ќе биди од кај 11-12 до кај 3-4 поручек и се знај или пред Магнлонија или како пред неколку години кај Епинал. И се знај со тебе возачката и се надевам дека имаш над 3 години возачко искуство да ги повозиш посилните модели.

Јас последно кога го возев Tiguan-от и Passat-от, двата со 2.0TDI, ми бараа 3 годишно искуство. Среќа ги имав :)
--- надополнето: Sep 22, 2011 8:50 AM ---
Ми рекоа дека сум го угушил моторот у градска, а моторот инаку имал одлична компресија и бил ок... па за да го освежам треба да го возам на повисоки обртаи и да го издувам надвор, на обиколница или автопат.
Сте користеле инџектор клинер течности за во гориво? Има ли ефекти ако гуши при вожња и ако сецка?
Да се надополнам и на подоцнежните коментари на Џиш.
Опеловите бензинци ти се најдобри моторчиња. Глава ставам дека се подобри и од VW особено 1.6 моторите безразлика дали се 8 или 16 вентилски.

Е сега, убаво ти кажа Џиш одвреме на време дувај ја. Јас (додуше и работата ми е таква да патувам) редовно ја ваѓам на автопат само заради тоа. Притоа, ај што се чисти се што е гареж собрано, моторот работи под полна пареа а истовремено има добро ладење. Притисок на масло имаш оптимално, т.е со други зборови, рај за моторот.

Туражирање в место на 6500 обртаи не е идеално решение, бидејќи трае кратко и само мал дел од гарежот или што и да е насобран ќе го исчистиш. Ако не ја возиш многу на отворено, често менувај филтер за бензин (некаде 450 денари е), воздушен филтер и провери си ги каблите и свеќиците.

Ако имаш стари кабли (ај можда свеќици си менувал) потрошувачката може да ти порасни за МИНИМУМ 10%. Прашај паталец а не гаталец. Јас ги имав моите цели 125 000км. Дроп беа направени. Од немарност само свеќици сум менувал и никако да ми текни да сменам кабли. Сеа ги сменав и потрошувачката од 10л/100км во Скопје! падна на 8,5-9 преку сила.

Кога видов што си бара количето зедов здив и лупнав салам пара да направам скрос сервис на цел мотор

- Масло Total 9000 5w40 (не си свесен која промена е): Цена за 5л - 2000 денари
- Свеќици NGK V-Sync (добив гратис кога местев плинот - благодарност до Плимонт - Менде БТ :) )
- Кабли 1200 денари
- Филтер за масло
- Филтер за воздух
- Филтер за бензин
Сите филтри по 300 денари секој
- Ребраст каиш (го немав сменато 65000км и покрај тоа што пишуваше 90 000км минимум поарно си го сменав) - 1050 денари
- Каиш за алтернатор и други пропратни елементи - 1000 денари
- Затегачи 2000 денари
8150 денари
Работна рака вкупно за се: 1400 денари
-----------------------------------
Вкупно: 9550 денари и рает сум многу киломтери, мирна глава и драстично намалена потрошувачка.
Ако ме веруваш на плин градска ми троши 9л/100км, отворена 6,8л/100км. ПЛИН! Додуше новиот систем е со директно вбризгување ама сепак. А бидејќи сеа сменав вакво синтетичко масло сигурно ќе намали прилично. Очекувам и до 0,5л/100км помалку на отворено.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.733
Поени од реакции
12.162
Опеловите бензинци ти се најдобри моторчиња. Глава ставам дека се подобри и од VW особено 1.6 моторите безразлика дали се 8 или 16 вентилски.

Е сега, убаво ти кажа Џиш одвреме на време дувај ја. Јас (додуше и работата ми е таква да патувам) редовно ја ваѓам на автопат само заради тоа. Притоа, ај што се чисти се што е гареж собрано, моторот работи под полна пареа а истовремено има добро ладење. Притисок на масло имаш оптимално, т.е со други зборови, рај за моторот.
Завчера бев во пежо сервисот да ја ѕирнат,. скоро од збор до збор ми го кажаа она што ти и Џиш ме советувавте,. Зголемен број обртаи (пониска менувачка позиција, поголема брзина), одвреме навреме барем да ја издувам на обиколница пошто Скопје и гужвите се ужас за колите и смрт за моторот ако се вози само во шпиц време (јас така и ја возам). Истото се посомневаа -свеќици, кабли -кабли немам мењато, свеќици мислам дека се од лани (не знам што фирма, тоа мајсторите гарантираат :)).
После сипање на инџектор клинерот, знае да засецка или да изгаси додека е сеуште ладен мотор, но далеку е подобро од порано. На опаковката од клинерот пишеше отпрвин да му ставам двојна доза, ќе видам...се надевам за кратко време ќе го средам (или само со клинерот или со свеќици и кабли). Ако не, следно како златна резерва би биол замена на

- Масло Total 9000 5w40 (не си свесен која промена е): Цена за 5л - 2000 денари
- Свеќици NGK V-Sync (добив гратис кога местев плинот - благодарност до Плимонт - Менде БТ :) )
- Кабли 1200 денари
- Филтер за воздух
- Филтер за бензин

А штом и ти и Џиш за моторот го велите истото она што ми го рекоа во сервис, греота е да го ремонтирам...ем големи пари се, ем можда ефектот ќе е послаб од очекуваното
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
893
Завчера бев во пежо сервисот да ја ѕирнат,. скоро од збор до збор ми го кажаа она што ти и Џиш ме советувавте,. Зголемен број обртаи (пониска менувачка позиција, поголема брзина), одвреме навреме барем да ја издувам на обиколница пошто Скопје и гужвите се ужас за колите и смрт за моторот ако се вози само во шпиц време (јас така и ја возам). Истото се посомневаа -свеќици, кабли -кабли немам мењато, свеќици мислам дека се од лани (не знам што фирма, тоа мајсторите гарантираат :)).
Јас со тоа сецкање на ниски обртаи сум се давел 1 година. Море рестартирав компјутер море што ти не, филтри, милтри...не знам специјални горива. Па ајде од Лукоил ставав бензин... На 1500-1800 обртаи ќе трзнеше и ќе кренеше обртаи. Сменав кабли и свеќици, колата спие.

За 1200-1300 денари за добри кабли, верувај не се исплаќа да се малтретираш. Тоа со инјекторите е убаво да се чистат, особено јас претпочитам Sonax средства да се користат за вакви работи, ете мене ми е проверена фирма и гарантирам за квалитет. Пак ќе ти речам, тоа средство колку да е,...300-500 денари, за уште 500 денари-600...а претпоставувам не ти е проблем, убаво е да си ги смениш каблите. 5 минути работа е, можеш дури и сам да си ги смениш. Plug and Play е цела работа. Само ќе внимаваш (освен ако си тотален идиот) да не ги спомешаш каблите. Ќе ги ваѓаш еден по еден а и неможеш да ги замешаш оти кај новите коли се разликуваат и по должината.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.733
Поени од реакции
12.162
Јас со тоа сецкање на ниски обртаи сум се давел 1 година. Море рестартирав компјутер море што ти не, филтри, милтри...не знам специјални горива. Па ајде од Лукоил ставав бензин... На 1500-1800 обртаи ќе трзнеше и ќе кренеше обртаи. Сменав кабли и свеќици, колата спие.
Ќе земам тогаш и кабли и свеќици. таман немам ни филтер за полен, па со едно одење ќе земам све што треба. Свеќиците се оние кои ги пиша погоре (NGK V-Sync) или некои други и дали има врска 1, 2 или три пипци? За стокецот знаев, просто бош или шампион беа, со долг навој :) за ова искрено немам поим.

Plug and Play е цела работа. Само ќе внимаваш (освен ако си тотален идиот) да не ги спомешаш каблите. Ќе ги ваѓаш еден по еден а и неможеш да ги замешаш оти кај новите коли се разликуваат и по должината.
Ако принципот е сличен на менување кај стокец не е проблем. Опелот го немам пипано, а стокецот сум му менувал од сијаличка, разводна капа па еднаш се заглавив и со предни кочници, така да самото менување кабли не е проблем...битно да се погодат квалитетни оти барем кај стоедните имаше разлика во квалитетот и во изолацијата -од т.н. тенки шпагети до едни крути и дебели кабли. Белким кај опелот оние кои се увезуваат (бензинци од тие генерации) се стандардни.
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
893
Не се секирај за детали. Ќе одиш во продавница за авто делови речи им што ти треба знаат тие, а ако толку не се сигурни ќе си проверат спрема каталог.
Е сега јас ќе ти кажам дека сум презадоволен од NGK. Претходно и Bosch сум користел и тие се добри. Ама гледај да се оригинални тие Bosch оти има и кинески што се ѓубре. Од друга страна колку што ми е мене познато NGK немаат такви кинески варијанти, значи се јапонски оригинал. Затоа ми се посигурни. Крај краева, еве ти кажувам јас сум задоволен од NGK било кој модел да земиш не би требало да е проблем.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.733
Поени од реакции
12.162
Тогаш ќе зеам нгк...барем од аспект на квалитет да сум сигурен за да елиминирам свеќици како причина. Фала Фолкцваген (y)
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.186
Поени од реакции
34.419
Ми рикна сијаличка за средно светло (H7) на Citroen-от (C4).
Бидејќи сум голем фан на Xenon, ме интересира како се движат цените за H7 светла (со монтажа)... Паднати се цени?

Ако има фина понуда и нормални цени, попрво бил ставил такви (за да видам што е светлина) отколку од „обичниве“.

Ставал некој Xenon во последно време?
 

Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
7.099
Поени од реакции
1.885
Ми рикна сијаличка за средно светло (H7) на Citroen-от (C4).
Бидејќи сум голем фан на Xenon, ме интересира како се движат цените за H7 светла (со монтажа)... Паднати се цени?

Ако има фина понуда и нормални цени, попрво бил ставил такви (за да видам што е светлина) отколку од „обичниве“.

Ставал некој Xenon во последно време?
Прашај во дог секјурити колку е сет со монтажа
 

B_O_K_I

RACING maniac
Член од
30 април 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
725
Ми рикна сијаличка за средно светло (H7) на Citroen-от (C4).
Бидејќи сум голем фан на Xenon, ме интересира како се движат цените за H7 светла (со монтажа)... Паднати се цени?

Ако има фина понуда и нормални цени, попрво бил ставил такви (за да видам што е светлина) отколку од „обичниве“.

Ставал некој Xenon во последно време?
Колку што ме држи паметот 50е за средно a 100е за средно и дугачко.
 
Член од
9 мај 2011
Мислења
84
Поени од реакции
35
незнам дали е баш за во темава прашањево, но незнам на кое друго место би го поставил.Ако може некој да ми каже кај има автосалони на фиат во скопје?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom