дали некој има некое инфо, за тест вожњата на VW во Битола на 24 Септември?? слушнав нешто на тв, ама не сум сигурен дали ќе има и од колку сатот??
Прв пат слушам од тебе, ама сигурно ќе биди од кај 11-12 до кај 3-4 поручек и се знај или пред Магнлонија или како пред неколку години кај Епинал. И се знај со тебе возачката и се надевам дека имаш над 3 години возачко искуство да ги повозиш посилните модели.
Јас последно кога го возев Tiguan-от и Passat-от, двата со 2.0TDI, ми бараа 3 годишно искуство. Среќа ги имав
--- надополнето: Sep 22, 2011 8:50 AM ---
Ми рекоа дека сум го угушил моторот у градска, а моторот инаку имал одлична компресија и бил ок... па за да го освежам треба да го возам на повисоки обртаи и да го издувам надвор, на обиколница или автопат.
Сте користеле инџектор клинер течности за во гориво? Има ли ефекти ако гуши при вожња и ако сецка?
Да се надополнам и на подоцнежните коментари на Џиш.
Опеловите бензинци ти се најдобри моторчиња. Глава ставам дека се подобри и од VW особено 1.6 моторите безразлика дали се 8 или 16 вентилски.
Е сега, убаво ти кажа Џиш одвреме на време дувај ја. Јас (додуше и работата ми е таква да патувам) редовно ја ваѓам на автопат само заради тоа. Притоа, ај што се чисти се што е гареж собрано, моторот работи под полна пареа а истовремено има добро ладење. Притисок на масло имаш оптимално, т.е со други зборови, рај за моторот.
Туражирање в место на 6500 обртаи не е идеално решение, бидејќи трае кратко и само мал дел од гарежот или што и да е насобран ќе го исчистиш. Ако не ја возиш многу на отворено, често менувај филтер за бензин (некаде 450 денари е), воздушен филтер и провери си ги каблите и свеќиците.
Ако имаш стари кабли (ај можда свеќици си менувал) потрошувачката може да ти порасни за МИНИМУМ 10%. Прашај паталец а не гаталец. Јас ги имав моите цели 125 000км. Дроп беа направени. Од немарност само свеќици сум менувал и никако да ми текни да сменам кабли. Сеа ги сменав и потрошувачката од 10л/100км во Скопје! падна на 8,5-9 преку сила.
Кога видов што си бара количето зедов здив и лупнав салам пара да направам скрос сервис на цел мотор
- Масло Total 9000 5w40 (не си свесен која промена е): Цена за 5л - 2000 денари
- Свеќици NGK V-Sync
(добив гратис кога местев плинот - благодарност до Плимонт - Менде БТ )
- Кабли 1200 денари
- Филтер за масло
- Филтер за воздух
- Филтер за бензин
Сите филтри по 300 денари секој
- Ребраст каиш (го немав сменато 65000км и покрај тоа што пишуваше 90 000км минимум поарно си го сменав) - 1050 денари
- Каиш за алтернатор и други пропратни елементи - 1000 денари
- Затегачи 2000 денари
8150 денари
Работна рака вкупно за се: 1400 денари
-----------------------------------
Вкупно: 9550 денари и рает сум многу киломтери, мирна глава и драстично намалена потрошувачка.
Ако ме веруваш на плин градска ми троши 9л/100км, отворена 6,8л/100км. ПЛИН! Додуше новиот систем е со директно вбризгување ама сепак. А бидејќи сеа сменав вакво синтетичко масло сигурно ќе намали прилично. Очекувам и до 0,5л/100км помалку на отворено.