Арно реков и не бадијала. Стандардни фабрички димензии и ништо друго. Што е подјадено менување исклучиво со стандардно.
друже... добоши од фабрички направени додека колата заврши во отпад знаат да се потрошат и до 10 милиметри без да се осети некаква промена во возењето. на пројдени 250.000 километир сигурно добошот ке отиде 7-8 милиметри, успат ке се сменат гуртни 2-3 пати и никому ништо. кога се дискутираше за момакот да ги носи на дреар да му ги обработат, таму се мери во стоти делови од милиметар а не во милиметри. добар дреар ја бара нај ниската изедена точка на добошот (и на дисковите исто) и според неа го рамни и симиња. и тоа никад... ама НИКАД не е повеке до 0,5 милиметри. да повторам, добар дреар. во лисиче онаму после последна седмица автобуска, има еден албанец, т.е. цело семејство кои се бават со тоа. иам табличе на улица пишува МЕТАЛО СТРУГАР... рака му пружам како работи и внимание какво посветува кога обработува добоши и дискови... а богами и рака му пружам за ниските цени. наместо да треснам 140 евра за дискови, јас пројдов со 400 денари за обработка. мене ми се искривија... на спуштање од плетвар, брзо возев, сум ги прегреал дисковите и влетав во бара со вода, па се искривија... и требаше да зимам нови... наместо нови си ги демонтирав и кај него по препорака отидов.. АЛАЛ ДА МУ Е повторувам... незнам ни како се вика, незнам ни телефон негов, ама знам кај е. ако м затреба ке отидам пак, а и ако некој му затреба за вакви работи, нека ме контактира ке му појаснам каде е... само 0,4 стоти ги симна и ги направи пушка прави... ми објаснуваше дека кај него носат на обработка и од камиони, автобуси добоши на обработка... гледам зашто, со свои очи видов како работи, прецизен е...
крпен живот? богами не... само еден убав паметен потег и ооооооп, 140 евра си останаа во џеб... а барајки каде да купам нови дискови ке потрошев повеке од 400 денари за гориво... еве јас сам си демонтирав... да речеме дека мајстор ке ги симиња... уште колку ке зеде? 600 денари максимум...