Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

Член од
26 октомври 2016
Мислења
1.912
Поени од реакции
1.379
Astra H 1.7 125 ks 2008

1. Кога ја претиснам над 2000 rpm им треба време да забрза (turbo lag) потоа чади одпозади многу црно-сивкаст чад (не троши уље) и ја нема таа моќност како порано на забразување што би можело да е проблемот ? и како да се среди.

2. Под мала туража на тргнување сецка.

3. Кога стое у место обратаите играат нагоре-надоле и не е добар звукот на моторот.

4. На тргнување во 1ва брзина тресе/вибрира целата кола.
Dali se sredi problemot?
 
Член од
25 февруари 2019
Мислења
351
Поени од реакции
203
Лошо искуство со блек хорс, на едната кола порано ми се испразни сам од себе преку ноќ, гаранција уште 2-3 месеци го "проверија" наполнаа и се било во ред, по истекот на гаранцијата 1 месец пак се испразни, го однесов излезе дека сега не е исправен ама поминала гаранцијата. На другата истурка до првиот студ 2 месеци по истекот на гаранцијата и откажа без да дава знаци дека е испразнет или слично. За мене не постои тој :drk:"бренд". И да напомнам не беа од исто место купени, дури ни од ист град во интервал од пола година.
Сигурно има и задоволни од нив ама конкретно за нас: Ако има уште гаранција не попуштај нека го заменат за нов, што треба да те остави колата во гужва па ти да се срамиш низ град.
Автоматски споено мислење:


Можно е да е запушен егр вентилот, (дизел...тешко само од себе да го опраиш) ако е бензинец поголема е веројатноста да го издуваш со возење, чек енџинот зависи од колата можно е сам да се исклучи по помалку км (20тина) или 500 како кај мене или пак никогаш ќе мора мануелно со дијагностика или со клема од акумулатор.
Имав и блек хорс еве го и моето искуство, овој ромбатот според ова досега не е во иста класа (ама за сигурно ќе знам за година/две), а и весна сум имал 6год истера.
Автоматски споено мислење:

Јас еднаш се изгорев со Блек Хорс, само првата зима ја поминав, втората веке правеше проблеми само 1 година користен.
Го втарив ми викаат исправен е, не ми полни колата, а испитав полнењето е ок.
Летото помина ок, 3-4пати го наполнив од пролетта до скоро. Само што залади, на 3-4дена се празни, па го вракам пред една недела пак ке видиме што ке биде, има уште гарснција.

Зедов на заем за меѓувреме да поминам, супер си е веќе една недела не ми прави проблем.
Еве од претходно мое искуство.
 
Последно уредено:

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.649
Поени од реакции
27.985
Мајку му ебем,ај викам на пежото да сменам филтер за воздух и гориво,иначе експерт 1.9 турбо дизел од 99та.Како ги сменив турбината не проработе,не ја укључува и точка.Цел ден се ебавав,нити има сензор на радилица нити сензор на брегаста,ништо гол пиштол моторот олд скул.Саат време се ебаваше еден у турбо сервис исправна турбината а упорно не ја уклучува.Па ја оставив денес цел ден кај еден што работи француски гомна,вика појма немам.Муабетов ми ете прост мотор,сам што можеш да поправиш ке заглави и никој крај не може да му најде.Го имав опел сигнум 2.2 dti со бош пумпа со 2 џека што никој буквално у свет неможе да ја поправи,чепна едно копиле и тоа чирак не мајстор проработе,ова најпросто нејке и нејке
Еве вака да се самоцитирам.Проблемот решен нема да ми верувате.На пежово цревото од филтер за гориво е малку подолго,и таму каде што влага одма е полугата за гас,ја допира фактички.Претходно вишокот црево стоел превиткан надолу како полукруг,а кога сум го сменил филтерот за гориво се превиткало нагоре и не давал полугата за гас да оди до крај,т.е. само до половина а педалата за гас од луфта голема слодно си одеше до подот,до крај.Фактички јас сум давал гас до пола и затоа турбото не уклучувало.Прееска у Момин Поток по работа и гледам сервис механичарски и унатре Игор од Крива Паланка,живееше под кирија кај мене у комшии а 20 години работеше у овластен сервис за Пежо.Еј што праиш како си,абе му викам вака и вака Пежово,ај вика на брзина да видам,дигна хауба и со рака на гаста и почна да се смее.Го стисна цревото за гориво да направи стомак надоле и почна да го турира,не сте виделе такви облаци,не се гледаше на едно метро од црн чад,тоа гареж што се насобрал дека не укључувало турбото,се мачело пригушено.Од таму на обиколница пуна 150 до Арачиново и назад до Сарај,метак иде.Од таму назад и кафана се туривме од јадење и пиење.Да не испадне реклама,ама у три сервиси за пежо(Сервис Дац,Сервис Дацит и сервис Добре) не знаеа да го решат,овој за буквално 10 секунди го откри проблемот,кој има проблем со Пежо,Цитроен или Рено овој е човекот
 
Последно уредено:
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.822
Поени од реакции
2.914
За жал денес таквите ретки ги има , на времето и татко ми беше таков механичар и повеќето го Мичо механичарот а сега е во пензија


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

DEVIN

Super Сasual Dating - Actual Girls
Член од
30 јуни 2015
Мислења
176
Поени од реакции
51
Здраво, имам проблем на Dacia Logan (2005), централното престана да работи, со клучот не се ни отвараат ни затвараат вратите, некој предлог за каде да ја однесам да го средам проблемот?
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.688
Поени од реакции
38.879
Здраво, имам проблем на Dacia Logan (2005), централното престана да работи, со клучот не се ни отвараат ни затвараат вратите, некој предлог за каде да ја однесам да го средам проблемот?
батеријата најверојатно не ти чини клучот
 

Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
7.098
Поени од реакции
1.885
Здраво, имам проблем на Dacia Logan (2005), централното престана да работи, со клучот не се ни отвараат ни затвараат вратите, некој предлог за каде да ја однесам да го средам проблемот?
Авто стил карши мтв
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Ауди А3 копчето на рачната ми заглавува може сам да го средам или мора на мајстор да се носи?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Здраво, имам проблем на Dacia Logan (2005), централното престана да работи, со клучот не се ни отвараат ни затвараат вратите, некој предлог за каде да ја однесам да го средам проблемот?
Наќо ми го предложи Нино (карши Ситимол негде близу еден ресторан, Мома мислам се викаше). Лани не знаев за Нино па истото ми се случи, централното капут па ни прозорци ни ништо не се мрдаше, па одев до Дог Секјурити (Кај што завршува бул Србија и се спојува со Борис Трајковски. Таму до нив е и Новус. Или ете, Торте кај што ти посочил. Како ти одговара.
 

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.010
Поени од реакции
1.122
Имав пишано за проблем со акумулаторот (блек хорс) , само по една Година во ладно се празни, го вратив и ми рекоа исправен е, не ми полни колата.
Само што залади и сега истиот проблем, го вракам имам уште месец гаранција ми вика исправен е.
Возам со друг акумулатор нема никаков проблем.


Дали некако како купувач сум заштитен? Како смее да не ја признава гаранцијата? Дали може да се преземе нешто или да си купам нов и да не се замарам?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Имав пишано за проблем со акумулаторот (блек хорс) , само по една Година во ладно се празни, го вратив и ми рекоа исправен е, не ми полни колата.
Само што залади и сега истиот проблем, го вракам имам уште месец гаранција ми вика исправен е.
Возам со друг акумулатор нема никаков проблем.


Дали некако како купувач сум заштитен? Како смее да не ја признава гаранцијата? Дали може да се преземе нешто или да си купам нов и да не се замарам?
Ако не може ДПИ (Државен пазарен инспекторат), тогаш веројатно никој не може, ќе мораш нов. Обиди се, обрати се до кај нив. Мислам дека телефоните им се истакнати на скоро секоја продавница.
 

mandak

матапрчо
Член од
26 март 2009
Мислења
797
Поени од реакции
524
HELP!!! Дечки помагајте.... Некој кој има делови, растура делови, продава,репарира итн итн за DSG 7 IMG_20191127_191119.jpg
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.649
Поени од реакции
27.985
HELP!!! Дечки помагајте.... Некој кој има делови, растура делови, продава,репарира итн итн за DSG 7Прегледај го приврзокот 223548
Прати го у Чачак,АМЦ сопот Мишко Лудак го викаат.Ако сакаш помалку стручен Спасе у Чаир или под бензинската Топ Трејд кај Систина Саше и Томче.Друга опција половен или Джемини во Софија
Автоматски споено мислење:

Голф 6ка ли е?
 
Член од
24 април 2010
Мислења
1.248
Поени од реакции
1.752
Опел астра 2.0 дти сабајле кога ја палам колата мн верглање треба некогаш и 10 секунди, полсе пали малце побрзо, што може да е, ја носам по електричари само еден греач ми смениа и пак исто
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.649
Поени од реакции
27.985
Опел астра 2.0 дти сабајле кога ја палам колата мн верглање треба некогаш и 10 секунди, полсе пали малце побрзо, што може да е, ја носам по електричари само еден греач ми смениа и пак исто, не знаат што може да е.
Бош пумпата?Ако е астрата помеѓу 2002 и 2004 и испадне да е пумпата таа не се поправа,а големи се шансите да ти е тоа
 

Kajgana Shop

На врв Bottom