Совети околу мотоцикли

Член од
12 јули 2011
Мислења
854
Поени од реакции
405
Според вас кој мотор е најдобар:Derbi gp 125cc,honda cbr 125cc ili aprilia rs 125?

Јас искрено за ниеден од овие не би дал 3000+ евра... Априлиа и Дерби се и двете под капата на Пијаџо така да очекувам доста слични да бидат... Немам возено ниедно вакво така да нека каже некој кој има ...
 
Член од
24 февруари 2013
Мислења
29
Поени од реакции
6
Планирам да си купам ендуро. Па ми се свидоа овие СТР 250 . Лични ми се многу. Ама дали стварно имале некој проблем со брзините.После 2000-2500 километри мењачот се кршел или незнам шо. Почетник сум па не би било лошо да препорачате нешто друго до 2000-2500 евра
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.296
Поени од реакции
5.864
Ме интересира одговор од искусните возачи кој од Kawasaki, Honda, Yamaha и Suzuki бредновите во една општост прават најдобри мотори ??? Не барам совет за купување чисто онака како информација ме интерсира. :)
 
Ако се водиш по Moto GP тогаш Honda, ако се водиш по Superbike тогаш Aprilia или Kawasaki ... Само едно е мотоцикл за тркање т.е. Superbike, а сосема друго е комерцијален Supersport... Honda некогаш беше на врвот, сега веќе не е тоа, далеку најслаба е од сите јапонски произведувачи во однос на снага, квалитет и слично... На врвот се туркаат Yamaha i Kawasaki а поади нив е Suzuki само во однос на снагата ...
 
Lu5

Som la gent Blaugrana!
Член од
30 ноември 2011
Мислења
4.215
Поени од реакции
7.275
Многу тешко се издвојуваат овие брендови. Моментално Сузуки малку заостанува, не поради квалитет или снага, туку заостануваат со лансирање нови модели во однос на другите 3.
 
Член од
12 јули 2011
Мислења
854
Поени од реакции
405
Многу тешко се издвојуваат овие брендови. Моментално Сузуки малку заостанува, не поради квалитет или снага, туку заостануваат со лансирање нови модели во однос на другите 3.

Ако се гледа по надворешноста Сузуки последниве 10-12 години со секој нов модел прави само некој фејслифтинг на предходниот, но во срцето е сосема друга приказна, секој следен модел добива нов и унапреден мотор, нова технологија ,нови електронски системи, нов рам и слично, а го задржува препознатливиот дизајн. Слично како Фолксваген кај колите што работи со моделот Голф. Ако зборуваме за вкусови, Сузуки GSXR според мене е најшмекерски и најличен јапонски мотор. Кавасаки пак е најнапреден во тој поглед, секоја втора година претставува нов модел во секоја категорија, со цел да го преземе приматот од Јамахата која и понатаму е марка со најголема доверба од купувачите и марка со најширока гама на производи и модели. Хондата во последниве години е квалитетна и успешна само во мотоспортот, а не и комерцијално.
 
Естетски мене ме освојуваат моделите на Кавасаки додека најценети тркачи убедливо се Хонда. Еве ви едно одлично видео поврзано со дискусијава наша. https://www.youtube.com/watch?v=IqRE7hfw44w
 
Се тоа во видеото е ОК и горе доле е така, иако има неколку нешта со кои не се слагам со Јенкиве. Како што реков Superbike и Supersport се две различни работи. Така да каде ти или јас или било кој друг што ке купи спортски мотор ке го притисне до границите. Кога се тестира комерцијален спортски мотор се гледаат некои други работи, а не кој ке постави подобро време на тркачка патека. И не ми е јасно од каде го извадија фактот за снагата т.е коњажата. Сите овие мотори се со 180-190 кс, а кај нив сите беа под 150, освена Кава-та кој беше 157... Иако не сум многу по суперспорт мотори, ако збориме индивидуално за мене најдобар склоп од јапонциве е како што кажав Сузуки, некако најмодерно ми изгледа, Хонда-та ми е многу конзервативна во дизајнот, Јамаха-та ми е и така и така ( R6 ми е многу поубав ), а спорташите на Кавасаки едноставно никогаш и не ми се свиѓале. Ама затоа голиштарците како Z1000 и новиов Z800 се погодени у секој аспект. Ама секако на ПРВО место пред секој спорташ ми е Aprilia RSV4. Нема дизајн над италијанскиот дизајн...
 
Се согласувам ептен со твојот вкус мојот е најсличен... Кавасаки со нејкед моторите отидоа далеку додека Италијанскиве мотори и мене ми се омилени во секој аспект дизајн, јачина на мотор, воопшто стилот. А тоа за коњажата и мене ме зачуди веројатно имаат некаков посебен закон американциве за помала коњажа.
 
Абе кој ги знае тоа Јенките се ненормални ѓубриња... Италијаните од секогаш посветувале внимание на дизајн и шминка, мада и технолошки често пати знаат да бидат пред јапонските колеги. Посебно Дукати, кој со моделод 1199 Панигале е технолошки најнапреден во класата. Па и Априлија со РСВ4 АПРЦ моделот не е далеку. Незнам само дали во цените има улога тоа што се произведуваат во ЕУ, па се доста повисоки од Јапонските. Бидејки не само Дукати, туку и МВ Агуста и БМВ се значително поскапи. Априлија е тука некаде со јапонците. Единствено мене малку што ме нервира кај италијаните е тоа што форсираат V мотори. Звукот на линиски мотор е поубав, линискиот има подобро иницијално забрзување, поексплозивен е, додека кај V моторот забрзувањето е некако по лежерно ( не е толку драстична разлика на кубикажи од 1000цц, се разбира, ама постои ), но има поголема крајна... Затоа и во мотоспортот, Мото ГП и Супербајк му дозволуваат на Дукати во класата од 1000цц да се натпреварува со 1200цц мотори. Баш заради конфигурацијата на моторот, која што Дукати ја вика
L , а не V, поради поставеноста на моторот, поради која има и различно тежиште и се вози доста поразлично од другите мотори...
 
Член од
12 јули 2011
Мислења
854
Поени од реакции
405
Продавам варијатор " J Costa " за 250/300 кубика Piaggio Quasar машина ( Piaggio - X7, X8, X9 X Evo, MP3, Gilera Nexus, Aprilia SR Max и тн ) ... Варијаторот е нов, возен само некои 200-250 км колку за тест ... Кој е заинтересиран може да погледне по нет има доста материјал и доста видеа на ЈуТјуб за истиот ...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom