Совети околу мотоцикли

Sikimco

Подобро ужасен крај, одколку ужаш без крај
Член од
25 јули 2011
Мислења
469
Поени од реакции
113
4000 обука и полагање, тестови нема потреба ако имаш Б, лекарско околу 2000 денари, и мислам дека се плаќа полагањето со моторот од Авто Школата, јас платив наеднаш и така ми пресметаа.Се на се околу 10000 илјади денари.
Моето лекарско важи до 10 мај 2015 бидејќи пред некој месец полагав за Б така да околу 8 000. Благодарам на одговорот
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
716
еве јас ке ви кажам за цената на полагање за А категорија.. во моментов полагам (конечно се решив иако возам 1 деценија)..

значи авто школа часови е 5.000 денари јас се одлучив во шкорпион. порано било 4.000 сега е толку затоа што имаш и 6 часа теоретска настава. и не е вистина дека ако имаш б категорија дека не треба часови... тоа е лага. и тоа ноторна лага на која многу се заебуваат а мора да платат и не ги возат часовите... јас иако возам кавасаки 1000цц сепак ги возам часовите бидејки тоа моторчето од 200 кубика ми е како точак и морам да го научам за да не се заебам на полагање...

лекарското е 1000-1200 денари јас го извадив во поликлиника тоспаш (15 минути и готово е)

полигон+градска полагањето е 2300 денари

ако имаш Б категорија не полагаш тестови. потребна е заверка на нотар за возачката и свидетелство од минимум 8-мо одделение дека имаш завршено, тоа е 300 денари за двете.

и незнам сега колку ке кошта одкако ке положам бироратиите таму да се сликам, и пластиката за возачка што е колку ке кошта, но не верувам дека поише од 1.000 денари дека ке испадне и тоа...

значи 5.000+2300+1200+300+1.000= 9.800 или како што пиша некој околу 10.000 спреми и ако положиш од прва тоа е тоа...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu5
Член од
25 април 2014
Мислења
2
Поени од реакции
0
hay pomosh malu mi se zezna vintot na dekla od fossti 150cc kako bi mozelo da se napraj nekako a da ne menvam dekla[DOUBLEPOST=1398457503][/DOUBLEPOST]vinto kaj svekica sho se klava
 
Последно уредено:
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
716
ке треба на главата да се пребуши, направи нов навој и да се фиксира пиксна. тоа дреар го прави, ама ке треба главата да ја однесеш кај него.. однеси му и свекица една. втората варијанта е да се направи-пререже навојот за поголема свекица, т.е. свекица како за кола, само треба да се пресмета дали има доволно место внатре- во клипот... како и да е, ке мора главата да ја вадиш од моторот.

и уште нешто... не декла, декла е друго иако во битола и прилеп (и некои други градови низ мк) за глава викаат декла. декла е друг дел од моторот.
 
Член од
9 јули 2012
Мислења
4
Поени од реакции
0
Мислење за ендуро 125 ( yamaha dt-r 125, honda mtx 125 ) предложете некој конкретно или пак кажете некој што продава .. :)
 

KD35

Апаш
Член од
12 април 2013
Мислења
44
Поени од реакции
22
Ме интересира колку е регистрацијата за 125цц мотори? и размислувам помеѓу Yamaha YZF R125 и Aprilia RS125/50 што е подобро?
 

Rabrobil

Seduce and Destroy
Член од
1 јули 2010
Мислења
886
Поени од реакции
294
Ме интересира колку е регистрацијата за 125цц мотори? и размислувам помеѓу Yamaha YZF R125 и Aprilia RS125/50 што е подобро?
Yamaha-та ем е поголема од РС ем има помазна вожња и предобар изглед наликува на р6ка а уствари е 125ка, единствена мана на изглед кај двете е гумите, претенки ми се некако :D
 

Rabrobil

Seduce and Destroy
Член од
1 јули 2010
Мислења
886
Поени од реакции
294
Вреди ли генерик крос 50 кубика 2 сезони возен со 8000км за 1100 евра?
 

Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
7.098
Поени од реакции
1.885
Вреди ли генерик крос 50 кубика 2 сезони возен со 8000км за 1100 евра?
Мислам дека 1600 се нови така да тука некаде ако успееш до кај 900-1000 да го земеш вреди
језда е 50цц крос и незнам како оди, најдобро пробај го во салониве дали ти прави мерак
 
Член од
4 декември 2008
Мислења
404
Поени од реакции
15
ТОЧНО



Ова твоево е точно - ама за Б категорија, а возач почетник е секое лице кое нема наполнето 21 година или лице кое е постаро од 21 а нема 2 години возачко искуство - пак важи за Б категорија. Можеш да положиш на 18 год ама на 20 иако веке ке имаш 2 год возаќко искуство, пак ке бидеш почетник додека не наполниш 21 - и пак важи за Б категорија. Значи правилото од 2 години важи за Б категорија и тоа исклучиво за лица постари од 21 год. Односно за секоја категорија има различни правила. За А е поинаку, на 16 години можеш да полагаш за А1 категорија и со истата неможеш да управуваш ништо што е над 125 цц и 11 kw ( 15 кс ). Доколку на 16 положиш за А1 кога ке направиш 18 год автоматски ти се впишува А категорија без било какво додатно полагање. Доколку за време на полагањето имаш навршено 18 год по полагањето се стекнуваш со А категорија ( автоматски ти ја впишуваат и А1 бидејки истата е подкатегорија од А ) и не си ограничен ни на кубикажа ни на ништо, туку одма откако ке ти ја впишат категоријата можеш да управуваш какво сакаш.
Грешка си. Според законот за безбедност на сообраќајот на патиштата:

Член 240
(1) Возач – почетник кој поседува возачка дозвола од категориите ,,А”, ,,Б”
и ,,Ц”, односно од поткатегориите ,,А1” и ,,Ц1”, не смее да управува со возило со
брзина поголема од 60 километри на час на јавен пат, односно со брзина
поголема од 80 километри/час на пат наменет исклучиво за сообраќај на
моторни возила, односно со брзина поголема од 100 километри/час на автопат,
а со велосипед со мотор повеќе од 40 километри/час, ниту смее со возилото да
влече приклучно возило или да врши организиран превоз на деца, во рок од две
години од денот на издавање на возачката дозвола.
(2) Возачот од ставот (1) на овој член, не смее да управува возило во
патниот сообраќај во времето од 23 часот до 05 часот, освен ако со него во
возилото се наоѓа лице –возач постаро од 25 години, на кое не му е изрекувана
прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило.
(3) Возачот од ставот (1) на овој член, кој поседува возачка дозвола од ,,А”
категорија, не смее да управува со возило чија сила на моторот е поголема од 25
киловати.

(4) Возачот од ставот (1) на овој член кој поседува возачка дозвола од ,,Б”
категорија не смее да управува со возило чија сила на моторот е поголема од 75
киловати.
(5) Глоба во износ од 400 евра во денарска противв редност ќе му се
изрече на возачот кој постапува спротивно на одредбите од ставовите од (1) до
(4) на овој член.


Член 2 Став 55:
55. ,,Возач-почетник” е секој возач на моторно возило до 21 година
возраст, како и возач на моторно возило во период од две години по
добивањето на возачката дозвола, независно дали дозволата ја добил во
Република Македонија или во странство. Возач-почетник е и возач на моторно
возило во периодот од две години по добивањето на возачката дозвола од
одредена категорија, независно дали поседува возачка дозвола за друга
категорија;
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
1.346
Поени од реакции
184
Здраво, дали ќе можи некој да ми одговори на следниве прашања?
Се работи за мотор на мој другар кој поради одредени причини не можеше да го регистира, па му направив услуга т.е. го префрливне моторот на мое име и го регистирав. Е сега некои ми викаат доколку го застани полиција и на пример не носи кацига тие 35евра ќе ми ги пишат на мое име, демек се заглави што му направи услуга де, а другарчево не е таков да ме зафркни плус комшија ми е, поради одредена причина што не можеше да го регистира му направив услуга. Па сега дали е тоа точно и дали можи да одиме на нотар за да направиме полномошно демек моторот е негов, бидејќи тој ќе го вози, а не јас или нема проблем тоа?
 

Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
7.098
Поени од реакции
1.885
Здраво, дали ќе можи некој да ми одговори на следниве прашања?
Се работи за мотор на мој другар кој поради одредени причини не можеше да го регистира, па му направив услуга т.е. го префрливне моторот на мое име и го регистирав. Е сега некои ми викаат доколку го застани полиција и на пример не носи кацига тие 35евра ќе ми ги пишат на мое име, демек се заглави што му направи услуга де, а другарчево не е таков да ме зафркни плус комшија ми е, поради одредена причина што не можеше да го регистира му направив услуга. Па сега дали е тоа точно и дали можи да одиме на нотар за да направиме полномошно демек моторот е негов, бидејќи тој ќе го вози, а не јас или нема проблем тоа?
Го казнуваат возачот а не моторот :)
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
1.346
Поени од реакции
184
Го казнуваат возачот а не моторот :)
А тоа што е „мој“ моторот, можам некако да одиме на нотар и да направиме нешто полномошно или што и да е дека е негов ?..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom