Снег

D

Darko_ufo

Гостин
Нашите лавови.....

[DOUBLEPOST=1483724704][/DOUBLEPOST]


Лавовите на дело...
Брутус е веќе на улиците со лопати, се јави на лавовскиот крик... Владе_МКД уште од сабајле пробива од куќата до полското ВЦ...
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.185
Поени од реакции
3.431
Миле aбе ми текнa, не зaгинaa луѓе сеa некa пишaт тaму еднaш нa 10 гoдини пaѓa вaкoв снег
Прегледај го приврзокот 163030
Печатна грешка еееебаго, оноа руското “и“ требало да го стават и имаат вишка 0

или преобрнато R беше тоа што се читаше “ја“
Брутус е веќе на улиците со лопати, се јави на лавовскиот крик... Владе_МКД уште од сабајле пробива од куќата до полското ВЦ...
Аааа не си информиран, Владе отишол на скијање на Пелистер, ама ветерот го одувал некаде и сега е изгубен, нема начин спасувачите да дојдат до него, имал само Е мрежа и ако налета на 4Г ќе ни пушти фотка и коментар секако:icon_mrgr:
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Што да чистам нема веќе снег, сега ги сушиме со греалки и со фенови улиците, па од утре продолжуваме да помогнеме во србија бугарија грција и кај треба.
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.185
Поени од реакции
3.431
Што да чистам нема веќе снег, сега ги сушиме со греалки и со фенови улиците, па од утре продолжуваме да помогнеме во србија бугарија грција и кај треба.
Ваков досаден снег одамна немало, џабе чистев сабале кога пак има:vrtioci:
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.492
Поени од реакции
24.273
Брутус е веќе на улиците со лопати, се јави на лавовскиот крик... Владе_МКД уште од сабајле пробива од куќата до полското ВЦ...
Ти свесен си колкав двор имам и кај ми е кенефот. Недај боже да те фати дрскосерец , ризично е дури и при нормални временски услови а не пак при вакви екстреми. Треба Македонија Пат камион специјално за кај мене да пуштат, за шо плаќам јас патарини курци палци а ?[DOUBLEPOST=1483733805][/DOUBLEPOST]
Ваков досаден снег одамна немало, џабе чистев сабале кога пак има:vrtioci:
Да не го чистеше и ти како Бранчез со метла :rolleyes:
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.338
Кој рече дека Македонија нема зимски центар. Палете ги колите (боб санките) и лизгајте по скопските улици, чувствувајте се како во Гармиш Партенкирхен да сте.
Изгледа Коце ја потрошил цела сол вчера.
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Ова што се случи во последниве 6 месеци е реалната слика за Македонија. Колку сакаат може го дрват закоравениве партиски војничиња, но реалноста на терен вели дека еден дожд однесе 20 човечки животи и дека еден снег од 20cm ја блокираше цела држава. Најтрагично од се е тоа што службите настапуваат на терен со своите максимални капацитети, но и тоа не е доволно затоа што механизацијата со која што располагаат е недоволна да се расчисти само Скопје како што треба, а за ниво на цела држава па ич да не правиме муабет...со 5 камиони 24/7 во буквална смисла на зборот да работат пак нема да стигнат да ги направат проодни главните патишта во државава која што има патна мрежа од 500км. :D Да се набавеа модерни возила за расчистување на снег, пумпи за вадење вода, возила за итна помош, пожарни, возила за службите за справување со кризи итн. кои што се од исклучителна важност за да функционира една држава можеби сега немаше да се прави муабетот можно е vs не е можно да се расчисти снегот, но некој смета дека е поважно да се фрлат 20-30-50милиони евра во панорамско тркало и појманемамкакви мајмуни. :)
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
море машала лавовски јунаци непрекинато се борат со снегот... па недај боже да падне 50 60 сантима снег на некои од автопативе... колапс тотален! едно 2 месеца нема да расчистат....

сериозно - за автопатиштава ако не се расчистени и 20 сантима снег да направат волку беља е срамота... државата ке ја окривам затоа што дала тендер на фирми кои не се способни да си ја заврѓат работата и мислам дека треба да си сносат последици за тоа што не успеаа да расчистат патишта...

за нис скопје како што гледам најголем дел од улиците се чисти со исклучок на некои улици....

него ај да прашам јас колкава совест има кај нас обичните смртници.. кој од нас искочи да си го исчисти снегот во дворот а после и пред својата куќа барем? верувам многу малку има такви ама затоа знаеме да мрчиме за другите околу нас.

еве јас сум жив сведок вчера уште додека врнеше снег барем 3ца лично ги видов како снегот од пред дуќан го фрлаат на главна улица - па добро бе.... толку ли е тешко да го ставите на страна до дуќан па нека се топи полека - вака ако правиме сите и ако го фрламе снегот на главна улица само полошо си правиме сами на себе.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom