Ова што се случи во последниве 6 месеци е реалната слика за Македонија. Колку сакаат може го дрват закоравениве партиски војничиња, но реалноста на терен вели дека еден дожд однесе 20 човечки животи и дека еден снег од 20cm ја блокираше цела држава. Најтрагично од се е тоа што службите настапуваат на терен со своите максимални капацитети, но и тоа не е доволно затоа што механизацијата со која што располагаат е недоволна да се расчисти само Скопје како што треба, а за ниво на цела држава па ич да не правиме муабет...со 5 камиони 24/7 во буквална смисла на зборот да работат пак нема да стигнат да ги направат проодни главните патишта во државава која што има патна мрежа од 500км.

Да се набавеа модерни возила за расчистување на снег, пумпи за вадење вода, возила за итна помош, пожарни, возила за службите за справување со кризи итн. кои што се од исклучителна важност за да функционира една држава можеби сега немаше да се прави муабетот можно е vs не е можно да се расчисти снегот, но некој смета дека е поважно да се фрлат 20-30-50милиони евра во панорамско тркало и појманемамкакви мајмуни.
