Како е у Битола, Охрид, Гостивар моментално?
Eве со слики за Гостивар
, Битола е слично.Охрид слаб снег и поголемите улици се веќе чисти...засега...инаку за еден ден, поради снегот нивото на езерото е покачено за 3 cm.
Фото: Гостивар затрупан во снег
Снежното невреме што ја зафати земјава, најмногу ги погоди западните краишта. Во Гостивар има над еден метар снег, што го отежнува функционирањето на градот.
Од тежината на снегот паѓаат дрвја и покриви, не функционира такси превозот, работниците доцнат на работа, а голем број села се отсечени од светот. Оштетена е и една фабричка хала која попуштила под снегот.
Тротоарите во градот се затрупани со снег, поради што гостиварчани мака мачат во извршувањето на секојдневните обврски, а отежнато е и снабдувањето на градот.
Поради снежното невреме проблеми има и со електричната енергија, а училиштата во градот не работат.
OhridNews
13.02.2012 12:58
Прочитана е : 618 пати
© 2012 Ohridnews.com
--- надополнето: 12 февруари 2012 во 23:42 ---
ami i tuka vo skopjeshchevo ., pochna da vrnit od dozhd zavrte na sneg
kako e na avtopatot kon gostivar ., dali e kolku tolku chisto ako ima nekoj nekoja informacija pishuvajte.....
Гостивар - Тетово задолжителна употреба на зимска опрема.Охрид и Струга се отсечени моментално од светот.Прекинат е целиот сообраќај во правец Битола и Скопје.
бновено: Поради непроодност на Пресека во прекин сообраќајот кон Скопје.Стопиран и сообраќајот кон Ресен
Поради интензивни снежни врнежи во текот на целата ноќ сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива отежнато, во зимски услови по влажни коловози на места со остатоци од снег.
Според најновиот извештај во 11 часот од АМСМ, забрана за движење на секаков вид на возила има на патниот правец Пресека, патните правци Маврово – Дебар, Дебар - Струга, Маврово – Никифорово – Леуново - крак Маврово.
Поради сообраќајна незгода од 11 часот во прекин е сообраќајот за сите видови на возила на патниот правец Охрид- Ресен. Од 11:30 е воведена задолжителна употреба на зимска опрема за секаков вид на возила на патниот правец Гостивар - Тетово.
За тешки товарни возила, забрани за сообраќај има на планинските превои:
- Стража,
- Ѓавато,
- Буково,
- патниот правец Струга – г.п. Ќафасан,
- Крива Паланка – г.п. Деве Баир
и Тетово – Попова Шапка.
На патниот правец Тетово – Попова Шапка има забрана и за автобуси. Во 07,30 укината е забрана за тешки товарни возила на планинскиот премин Плетвар.
Како што информираат од АД Галеб сите автобуси кои утрово тргнале кон Скопје, преку Кичево, се вратени назад поради непроодност на превојот Пресека. Од страна на надлежните со специјална машина за чистење на снег се прават напори за оспособување на овој патен правец за сообраќај. Според сегашните проценки, најмалку уште два часа овој патен правец нема да биде прооден. Штом се создадат услови, автобусите на АД Галеб се очекува да заминат за Скопје.
АМСМ
12.00 Поради интензивни снежни врнежи во текот на целата ноќ сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива отежнато, во зимски услови по влажни коловози на места со остатоци од снег. Забрана за движење на секаков вид на возила има на патните правци Маврово – Дебар, Дебар - Струга, с.Маврово – Никифорово – Леуново - крак Маврово и планинскиот превој Пресека.
Во
07:30 укината е забрана за тешки товарни возила на планинскиот премин Плетвар.
Поради сообраќајна незгода на патниот правец
Охрид- Ресен од
11:00 часот во прекин е сообраќајот за сите видови на возила.
Од
11:30 е воведена задолжителна употреба на зимска опрема за секаков вид на возила на патниот правец
Гостивар - Тетово.
За тешки товарни возила, забрани за сообраќај има на планинските превои
Стража, Буково, патниот правец
Струга – г.п. Ќафасан, Крива Паланка – г.п. Деве Баир и
Тетово – Попова Шапка.
Во
12:00 часот е укината забрана за тепки товарни возила на планинскиот премин Ѓавато.
На возачите им се препорачува крајно внимателно возење, прилагодена брзина на движење и одржување на потребното растојание помеѓу возилата.
13.50Автобускиот сообраќај од и кон Охрид денеска е во целосен прекин. Поради големи наноси од снег воведена е забрана за сите видови возила на планинскиот превој Пресека. Како што не информираа полицијата ги враќа и леките коли, кои од Кичево за Охрид се пренасочуваат преку Битола. И на овој патен правец сообраѓајот се одвива крајно отежнато. Утрово повеќе часа во целосен прекин беше сообраќајот преку планинскиот превој Ѓавато поради извртување на товарно возило. Околу 13 часот проблемот е отстранет но од предострожност на сила сеуште е забрана за тешки товарни возила и автобуси, а за автомобилите задолжитрелна е употреба на зимска опрема.
Од АД „Галеб“ Охриод информираат дека автобусот кој требаше дасе обраѓа на линијата Охрид - Скопје преку Битола во 13.30 часот е вратен на излезот од градот од страна на полицијата. Според информациите со кои располага еден од најголемите автопревозници во земјава превојот Пресека ќе биде затворен најмалку до 17 часот поради што многу е веројатно денеска да бидат одложени сите патувања кон Скопје преку Кичево. За секоја измена, од „Галеб“ најавија дека благовремено ќе ги информираат граѓаните.
OhridNews
13.02.2012 09:22
Прочитана е : 2603 пати
© 2012 Ohridnews.com
Какви идиоти се овие *службиве*.Од Кичево за Охрид ги пренасочувале преку Битола (место 65 км - скоро 100 км +).И ајде не е толку страшно ако мораш...само
и Битола - Охрид е затворен за сообраќај