Јас денес фино лепо ќе си заминев Скопје на предавања, ама некој сакал да поуживам уште малце
Полицијата ги враќа автобусите на излезите од Охрид, на Пресека не можат ниту леки коли
13.50 Автобускиот сообраќај од и кон Охрид денеска е во целосен прекин. Поради големи наноси од снег воведена е забрана за сите видови возила на планинскиот превој Пресека. Како што не информираат граѓани кои во моментов патуваат полицијата ги враќа леките коли, кои од Кичево за Охрид се пренасочуваат преку Битола. И на овој патен правец сообраќајот се одвива крајно отежнато. Утрово повеќе часа во целосен прекин беше сообраќајот преку планинскиот превој Ѓавато поради извртување на товарно возило. Околу 13 часот проблемот е отстранет но од предострожност на сила сеуште е забрана за тешки товарни возила и автобуси, а за автомобилите задолжитрелна е употреба на зимска опрема.
Од АД „Галеб“ Охриод информираат дека автобусот кој требаше дасе обраќа на линијата Охрид - Скопје преку Битола во 13.30 часот е вратен на излезот од градот од страна на полицијата. Според информациите со кои располага еден од најголемите автопревозници во земјава превојот Пресека ќе биде затворен најмалку до 17 часот поради што многу е веројатно денеска да бидат одложени сите планирани автобуски линии кон Скопје преку Кичево. За секоја измена, од „Галеб“ најавија дека благовремено ќе ги информираат граѓаните.