Гласав за смртна казна во Македонија! Зошто?
- Затоа што некој 40 годишен на пр ке силува некое 13 годишно девојче и ке го осудат на 5 години затвор. Ај ке прележи тој 5 години и ке излези. Тој пак се направи нешто слично, тој шо си е таков таков си е и нема поправка.
- Некој си уличар што нема дом и семејство ке пљачка некоја продавница со пиштол на дијаболи, ке се иживљава недела дена ке ги с*ичка парите и сам ке се пријави во полиција дека тој ја ограбил продавницата за да оди во затвор да го ранат и да има покрив над главата. Е сега некој ке рече дур се тегнит по улицине за 5 денари поубо во затвор ама не е така, зш тој од продавница може 3 илјади евра да украде а на газдата никој не му ги враќа парите и да му врати владата нема да му врати 3 туку 1000 евра.
Е нека обесат некој сега шо силува, кради врши насилство па ке видите колку ке се намали бројот на насилства во Македонија.
Еве сега една приказна за некоја држава, како се справила со убијците! Ова порано било

Си бил некој крал ама во државата 90% биле само убијци, насилници. Сите затвори се наполнале и поќе немало место и кралов не знаел шо да праи и наредил да изберат друг крал, тој поќе не сакал да биде.
Никој не се пријавувал за крал оти незнаеле шо ке прават и се пријавило едно старче.
Тие го прашале дали бил сигурен, дали знае што треба да прави а тој одговорил дека знае и станал крал.
Уште од самиот момент кога станал крал тој наредил сите затвори да се испразнат т.е. сите затвореници да се пуштат на слобода но наредил и на среде плоштад да се направи стаклена кукарка.
Слугите направиле така како што рекол и првиот човек шо направил злосторство го однесле во стаклената кука и царот му рекол да нарача се што сака, јадење, пиење, жени и тој се нарачал и се забавувал и цел град го гледа шо прави. Арно ама следниот ден некој друг чоек напрајл злосторство за и тој да се забавува во стаклената кука и ко го фатиле одма на овој првиов шо се забавувал му ја скинале главата и го ставиле новиов. Кога видол овој што се случило и кога го прашале шо сака тој рекол дека ништо не сака туку сега ке се молел само никој да не направи нешто лошо!
