
ftopic:
ТОП 10 МОДЕРНИ МЕТОДИ НА ПОГУБУВАЊЕ
Сите сме слушнале за многу начини на погубување кои се користат на различни страни од светот дури и во денешниот модерен цивилизиран свет. Со оваа листа ќе се обидеме да фрлиме малку светло на заднината на егзекуцијата, и тоа на модерниот стил. Од сите типови на егзекуција што некогаш постоеле и биле применувани во денешно време, се користат уште два или три методи.
1. Инјекција
Краток период пред егзекуцијата со инјекција полна со отров, затворениците се подговтуваат за својата смрт. Тука е вклучена промената во чиста облека, последен оброк и туш. По ова затвореникот го водат во кабината за егзекуција, каде што во вените од двете раце му прикачуваат две цревца кои се поврзани со две туби во кои има салин. Овие туби, преку соседниот ѕид се поврзани со посебна соба, во која всушност се вбризгува смртоносната инекција. Во таа соба има директен телефон со канцеларијата во која седи човекот кој има моќ да ја отповика егзекуцијата. Штом тубите ќе бидат поврзани, завесите од комората се повлекуваат за да можат сведоците да го следат погубувањето, а на затвореникот му е дозволено да даде последна изјава. Ако нема што да изјави, погубувањето почнува. Во затворот може да постојат повеќе од еден егзекутор, меѓутоа затвореникот ниту пак сведоците знаат кој ја вбризгува инекцијата во тубите. Отровот може да биде ставен и од машина, но многу затвори ја избегнувале таа можност поради технички тешкоитии.
2. Електричен стол
Електричниот стол е измислен од Херолд П. Бровн, кој бил вработен од Томсон Едисон за да ја истражи можноста да се искористи електрицитетот како можност за погубување. Бровн бил забар кој работел со луѓе седнати на столови, па затоа го искористил столот за својот изум. Електричните столови по затворите биле поствени во 1889 година, а прватат егзекуција била извршена во 1890 година во Њујорк. Егзекуцијата на електричен стол се одвива така што затвореникот се врзува за столот со метални држачи, по што на главата му се става воден сунѓер како спроводник. Електродите се поставуваат на главата и нозете, така што се создава затворено коло. Во зависнот од физичката подготвеност на затвореникот, постојат два степена кои се применуваат при ова погубување. Прво се пуштаат 2000 волти, петнаесет секунди кои го онесвестуваат затвореникот, а веднаш потоа му запира срцето. Вториот удар е понизок за 8 ампери. Ако се спроведе само вториот удар, тој може да предизвика трајна повреда на некои внатрешни органи затоа што организмот се загрева до 59 степени Целзиусови. Безсознанието доаѓа по првата секунда или две и затвореникот умира.
3. Гасна комора
Гасната комора се употребувала за погубување многу години, но најмногу во Втората светска војна во германските кампови кога бил направен и најголемиот геноцид. Во Америка денес, во пет затвори се уште се користат гасните комори, меѓутоа секој од затворите им дозволува на своите затвореници дали сакаат да бидат усмртени во комора или со инјекција. Последената егзекуција во гасна комора била изведена во 1999 година, кога Германецот Волтер Ла гранд бил погубен во Аризона. Меѓутоа, постојат извештаи според кои во Северна Кореја се уште се користат гасните комори. Затворениците најчесто биле убивани со гас од мешавина на цијанид. На личноста што треба да биде погубена во гасна комора и се кажувало да земе длабок воздух кога гасот ќе биде пуштен за дејството да биде побрзо. Смртта на ваков начин е многу болна.
4. Поединечно стрелање
Егзекуција со пукање во еден човек е еден од најчесто применуваните методи на погубување во светот. Овој метод се користел во повеќе од 70 земји. Истите тие земји го користеле и стрелањето со вод, сепак поединечното стрелање земало замав. За пример, во Советска Русија, еден куршум во задниот дел од главата бил користен како метод на егзекуција за воени цели. Ова е се уште главен метод за погубување во комунистичка Кина, каде што стрелањето е или во вратот или во главата. Во минатото, кинеската влада барала од семејството на обвинетиот да го платат куршумот со кој тој ќе биде погубен.
5. Стрелање со вод
Стрелањето со вод од многумина се смета како најгрозоморниот метод на егзекуација, и од таа причина бил користен за погубување на воени криминалци. Додека методот се ширел од земја во земја, генералите се оглушувале на говорења и наредбите за забрана на ваквиот начин на погубување. Група луѓе, кои најчесто биле тренирани војници, со пукање во исто време со еден истрел испукан во главата на осуденикот, го убивале. Во некои од случаите на еден од војниците од стрелачкиот вод им бил даван ќорец за да чувствуваат помалку вина за убиството. Никој од стрелачите не знаеле кај кого е ќорецот, па тоа им го кревало моралот. Во Америка само две држави дозволуваат егзекуција со стрелање на вод: Ајдахо и Оклахома; додека Јута се уште има четоворица затвореници кои се осудени на ваква казна, но таа до денес не е извршена.
6. Бесење
Бесењето било изведувано на повеќе начини: Краток пад е кога затвореникот со јаже околу врат е закачено, а под него има подлога која подоцна му се повлекува, па затвореникот умира од губење на воздух.
Овој бил еден од вообичаените начини на погубување кој се користел пред 1850 години. Смртта е долга и болна.
7. Обезглавување
Во историјата на некои нации, но дури и во денешнината во Исламскиот свет обезглавувањето е често употребувано како начин на егзекуција. Најчестите начини за обезглавуање се извршуваат со закривен меч - сабја. Додека некој нации дозволуваат обезглавување со закон, Саудиска Арабија е лидер во таа група земји од денешницата. Казната обично се извршува исклучиво во петок навечер, пред најголемата џамија во главниот град, по последните молитви. Ваквата казна може да се изврши исклучиво по обвинение за силување, убиство, трговија со дрога и апостазија (отфрлање на религиски верувања). Оваа земја е под константен притисок на светската заедница и обединтетите нации поради нејзината суровост во извршување на казните.
8. Гилотина
Спротивно од верувањата дека, Јозеф - Инганц Гилотин не ја измислил Гилотината, туку предложил метод на егзекуција кој бил брз и достоен за употреба за сите класи на тогашното општество. Тој составил комитет на инженери кои ја дизајнирале направата, но токму Антони Луис всушност е мозокот на една од најпопуларните машини за одземање на животот. Овој метод на погубување веќе не се користи никаде во светот. Направата сама по себе е висока неколку метра, и се гради од дрво. На неа има одреден простор, круг каде се става главата на жртвата која треба да се погуби. На самиот врв на гилотината има огромно сечило кое со механизам се ослободува и набрзина го усмртува затвореникот. Последната јавна егзекуција со оваа направа била извршена во Франција и била фотографирана во 1981, кога и со закон е забранета смртната казна во оваа држава.
9. Каменување
Каменувањето е ужасна смрт во која затвореникот е врзан и фиксиран за дрвен столб, а огранизирана маса на луѓе со камења буквално го убиваат на еден од најодвратните начини за одземање на живот кои се забележани од историјата. Повторно според исламскиот закон, каменувањето се одобрува како метод за егзекуција и се уште се користи во земјите од Блискиот Исток и Азија. Во Иран, каменувањето се изрекува за прекршување на членот 104 од казнениот закон на оваа држава. Казната е наменета исклучиво за мажите. Кога жена ќе биде осудена на каменување, казната се заменува со 100 удари со камшик, наводно похумана метода наменета за понежниот пол. Земјите во кои каменувањето е активно се : Авганистан, Нигерија, Иран, Пакистан, Судан, Саудиска Арабија и Обединетите арапски емирати.
10. Гарот
Гарот е втората форма на егзекуција која веќе не се користи во ниедна држава и е најстрого забранета со меѓународното право. Гарот претставува форма на одземање на живот со давење, кога затвореникот е поставен на специјален стол и му е фиксирано телото. Тогаш на вратот му се поставува жица која е врзана на двата краја со дрва. Егзекуторот ја вика жицата вртејќи ги дрвата, а затвореникот умира во огромна агонија. Овој метод на егзекуција бил измислен и долги години користен од француската легија на странци. Меѓу последните земји кои го користеле овој начин на егзекуција се Шпанија до 1978 година и Андора до 1990 година. Последен кој бил усмртен на овој начин е Хозе Луис Церветиго во октомври 1977 година, обвинет бил за силување и убиство.
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=6B7AD2882C74044DB90DD9157FA242FC