Зависи во каква ситуација сум.
Кога сум гладна, сум ужас невиден. Недајбоже да ме рчнеш. Ќе те изедам. Буквално.
Не ме тангираат ситни кавги дома, да речеме, не ги забележувам, ладно се однесувам.
Ама кога ќе ме пипнат у слаба точка (љубов, факс, работата) со некакви мудречки недоделкани изјави, станувам дупол лав. И ебавам матер, зошто ич не поднесувам попување кога најмалку треба. Значи, и ова зависи од ситуацијата, не сум секогаш наострена па да урлам.
Во принцип, сум смирена, не сакам кавги и препукувања, малограѓански се чувстувам кога на пример, треба да му објаснам некому нешто што не го разбира а фатил да се расправа. И имам толеранција доволно за да не си трошам нерви уште на 22 години. Допрва ќе треба да еруптирам за мал милион неправди што ќе ме чекаат у животов.
Така да, зависи од ситуацијата, многу. А профилно, сум реално, смирена.