Ова го кажувам и јас. Не излегувале на гласање за да ги казнат?! WTF глуп народу!?
Казна е ако излезиш на гласање и речиш НЕ за СДССМ и ДПМНЕ. Како што кажа, 10-15 пратеници од трета опција да влезат во парламент нештата ќе бидат малце поинакви. Полошо не може да биде!
Истото и за референдумот. Бојкотот беше намерно пуштен од Мицко и ДПМНЕ на кои им беше од корист да се смени името. Можда е нелогично и глупаво, но дефинитивно треба да се гледаат гласовите од оние кои излегле а не и на оние кои бојкотирале, за кој би рекол дека им било сеедно за името со таквиот потег.
Оние кои ќе бојкотираат, односно нема да излезат на избори за да кажат НЕ на СДСМ и ДПМНЕ немаат право да кукаат после зошто било вака, зошто онака.
За референдумот не се согласувам, за другото да. Референдумот и таков каков што беше беше неуспешен бидејќи истиот немаше цензус. Не можи во една зграда ако живеат 40 станари, 10 од нив да ти дојдат на куќен совет 30 да не дојдат и од тие 10 присутни 7 да сакаат да се рушат скалите во зградата па да остани само лифтот и ти да речеш еј супер мнозинството сакаше така. Ете баш тоа беше референдумот кај нас.
Финтата е што касно се освестивме. Јас исто како Никола преку миле ми беше долго време и за избори и за гласање и за вмро/сдс кој и да дојди беа исто гомно. НО, со тоа уствари му даваш право утре да се соберат 10 будали и да ти речат ама мнозинството вака сакаше. Кое мнозинство?
Мнозинството од 40% излезност (пошто толку сега на овие избори очекувам да биди, народот едноставно е разочаран) ќе ти одлучува следните 4 години во името на цел народ? Во името на сите?
Во право си за делот после дека ќе имаме помало право да кукаме пошто или ние сами сме ги избрале или некој друг ни ги избрал дури си седевме дома. Сепак, како и да свртиш, се' додека го има овој изборен модел не ни останува ништо друго освен да гледаме класична апатија кај гласачкото тело.
Така да, можам да ги разберам сите што се разочарани и не излегуваат на избори - и тоа е јасна порака, а таков бев и јас порано (два пати додуша, другото време гласав), сепак мора да најдиме начин да ги промениме работите, а во овој момент тоа е можно само ако му го свртиме грбот сите колективно на црно/белиот свет што не ебава вмозок еве веќе 30 години.
ахаха. тие што немале да гласаат немале да имаат право да кукаат.
па на нас младите вие постарите, пензионерите и вие што од 91ва па наваму го гласате шлајмов секои избори ни го усравте животот уште пред да се родиме.
ме заболе мене искрено кој ќе дојде на власт сега, кога иднината моја не си ја гледам овде, а и да дојде одредена трета опција, бенефитите нема да се осетат наредните 10 год.
тие што ги викаш стари, пензионери и слично најверојатно се твојот татко, дедо, роднини... кои, како и сите други жители на оваа држава имаат исто право на глас како што го имаш ти на твои 18 (кога ќе ги имаш). така да, сигурно твоите дома ти го мислеле тебе доброто и гласале на избори до сега со најдобри намери и надеж. тоа што политичарите се преваранти и гомна е друга приказна.
Не вервуам дека некој излегува на избори да гласа со помислата „чекај да видам како можам сега да се заебам и да ја заебам иднината на моите деца“ - иако во принцип политиката ја донесе оваа држава до тоа дереџе.
Секој еден сака попристоен живот првенствено за себе, а потоа за поколенијата кои идат по него.