Не ти текнува зошто ги нема парите на Груки и компанија или се правиш невешт и потајно се радуваш што Груки ја кидна а еден по еден се извлекуваат сите поголеми риби кои треба да одговараат и да враќаат пари? Еве зошто:
1. Форимирањето на СЈО и законот за него се донесени во преговори со Груки и компанија, законот е изгласан во собрание со мнозинство од дпмне. Има некој бидала кој ке донесе асален закон и ке формира силен орган кој ке го гони него? Нема таков будала. Секој кројач ке си го скрои капутот да одговара за неговиот грб.
2. Дали некој ке биде осуден и ке ги врати парите не зависи од Заев. Ако зависи од Заев или било кој друг што не е суд тогаш за каква правна држава ке зборуваме. Значи, не Заев, ами судот е тој што треба да некого осуди и му изрече мерка конфискација.... Судовите знаеме чии се, односно знаеме судиите од кое тефтерче се бирани. Судовите се буквално киднапирани од кадрите на Груки, основни судови, апелациони судови, врховен суд, судски совет а еве очигледно и уставен суд. Зошто Гоца брк сеуште не е во затвор? Има правосилна пресуда да оди во затвор уште од пролетта но уште е на слобода. Заев треба да ја собере и однесе во Идризово или тоа треба да го направи судот? Заев ги застарува предметите или тоа го прават судиите?
Заев направи грешка што веднаш не пристапи кон темелна реформа на судството, бркање се што е по теферот на Гоца. Само тогаш ке квичевте како Заев влијае и го присвојува судството, се меша во судската власт. Судството е таков монструм за кој ке требаат години ветинг за да застане на нозе. Со оглед на поставеноста на судот и процедурите за избор и разрешување на судии за две години неможеш ниту портирот во судот да го сменеш, треба време и сериозни зафати.....
Хм, Лазаре Лазаре зошто така?
Нема потреба од нервоза, имаме концептуални недоразбирања, додека јас говорам за принципи ти си настапуваш од аспект на твоите политички преференции. Нема проблем, велат дека во демоНкратијата секој има право да се фарба како сака, јас не се согласувам ама мнозинството одлучило така и јас немам моќ да го изменам тоа (знаеш веќе за ... кога 3 овчари го надгласуваат Платон и ... и кога тој вели дека во таква демоНкратија тој не е луд да верва, зошто да бидам луд јас па да верувам?), припази малку на тоа кривините.
Повторно не си одговорил на прашањето:
Каде се парите?
Сатисфакција за мене е ако некој украл пари тие да се вратат во торбичето, а не дали ќе оди во затвор и тоа заради тоа што купил меченце со кое сега се вози некој друг, таквите ниски страсти не ми се сатисфакција, значи
каде се парите?
За парите прашувам затоа што се говореше за 5 милијарди евра, а тоа се многу пари, некој друг може да праша и за парите од рекет кои се само 20 милиони евра ама зошто да не се вратат и тие,
каде се парите? (единствено задоволство ми е да ги т*там северџаните од сите бои, од тоа не можам да се откажам, премногу ми е добро)...
Тебе ти представува задоволство Гоца-брк да одела во затвор, мене не и ако ме прашуваш зошто не, па затоа што мерцедесот е тука се вози Црпе со него и зошто Гоца-брк да оди во затвор, нека им го даде мерцедесот на Гоцата и другите па нека одат во затвор, вака не би било праведно. Утре ќе дојде некој друг и ќе бара да оди Црпе во затвор затоа што се вози со мечето а не заради непочитување на референдумско изјаснување и не заради насилна промена на името и редефинирање на државата.... всушност ете ти како разумен член на форумов објасни кое е делото односно штетата што ја причинила Гоца-брк со купување на возило за потребите на државата... зела провизија или што?????
Ако не си знаел за Гоца-брк се бара да оди во затвор заради настаните од Куманово кога таа застанала на патот против редефенирањето на Македонија а не заради мерцедесот, само прашање е колку имаш капацитет тоа да го разбереш...
Их шо сум се распишал како да има некое фајде, ај поздрав Лазаре, цепај коа има овци стрижи ги шо да се праи!