Што ти значи тоа „куртонисуваш“? Форумов е место каде што секој може да си го каже ставот за одредена тема, во конкретнава тема се прави муабет за случувања поврзани со политиката во државава. Значи уназадени сме 100 години заради тоа што јас кажувам мислење (или по твое заземам одредено мислење) дека ми е преку кур дојдено од двата (или два и пол ако ги рачунаш албанските полтрони надвор од комуњаро-вморонската матрица) табора, според ова болдираново за заземање одредено мислење (што и да ти значи тоа, демек некоја страна се брани или што и да е). Одлична констатација, нема што. Еве ајде објасни што толку те погоди од тоа што го имам напишано, кога гледам дека и тебе ти сметаат сите куртони што роварат 30 години (според овој последен твој пост).
Непослушност кон властите не може да постои ако притоа се излегува на сите можни избори и се гласа за било која од двете понудени опции, а како што гледаме народот масовно го прави тоа и очигледно кур ги заболе за било што друго освен некое мочано работно место, иако одреден дел гласаат против некого, а не за некого. Немам намера по којзнае кој пат да цртам за митинзите маскирани како протести (ова го кажувам конкретно за точката во која кажуваш како треба јавно да се изрази револтот), кои патем и ги имам веќе спомнато во мислењето кое го цитираш. Ако за тебе тоа е начин на изразување револт, океј, тоа си е твој став, не мора за се да се согласиме.
Стварно не знам што да ти кажам/...
Додека народот се сити со СДСМ или ВМРО, има спрат погоре во пирамидата кој преку тој партиски штит ја работат Македонија со полна пареа.
Не е лошо да пишуваш на форум и да дадеш мислење, па и некој да го гледа како дневен политички вентил, но проблем во нашето општество е што ние како народ не сме превзеле ништо за да направиме промена, туку гледаме само од сопствената корист, лево или десно.
Не повикувам на револуции нити пак на нешто екстремно, туку треба да се излезе масовно и да се даде порака на светот дека вака повеќе не бива во нашата држава. Да побараме сите масовно пред светот техничка влада со супервизор, рестарт и чистка на правниот и судскиот сектор.
Пред компјутер сите сме силни, но во пракса сите седиме дома и гледаме некаков си сеир, додека некој си прави филм на наша сметка, затоа што парите не се украдени од Зајко или Бранко или Грујо, парите се украдени од нас.
Останувам на ставот дека постои договор помеѓу СДСМ и ВМРО, дел од нив се режија на филмови и сцени за некој од поголемиве финанскиски да не биде оштетен.