Еманципирани или не, тука или не, што е битно ако некој речеше да се наполнат кутии ќе се наполнеа. И јас не сум до крај сигурен за ништо, ама ако треба да бирам најверојатна варијанта, таа не е апокалиптична туку практична.
Некој писмен во америчка амбасада има проценето дека и со 90% излезност кај Албанци референдум не поминува. И дека таа излезност на крај ќе биде бомба што Русите ќе ја запалат со пуштање муабети од тип “ние сме за ЕУ и НАТО вие не попречувате, ајде да се делиме“. Вчера некој ја деактивира таа бомба, и тоа ја деактивира маестрално.
Постариве ВМРОвци од љубчово време викаат дека САД почнало да не го ферма Љубчо за жив од моментот кога Бране со протестанти и српска помош им ја запали амбасадата. Нивната логика била ако овој дечко може да ни запали амбасада, тој е главниот фраер на терен, со него треба да продолжиме да правиме муабет. Може и на Заев вчера му се случи истото (иако јас лично не би бил најсреќен со таа варијанта).