Не сакам да ме сфатиш грешно или навредливо. Грешката што ја правиш е што се обидуваш да се ставиш во нивна кожа, ама со овој ментален склоп што го имаш сега. Ти си викаш-Добро што би направил да сум јас на нивно место? И одговорот што си го даваш е-Без дебела кешарица, дали директно или индиректно преку вработување или слично треба да сум будала да го правам ова. А уствари треба да се запрашаш-Што би правел да сум на нивно место ама со 10% од мозоков што го имам сега?
Проблемот што СДСМ го правеа е што од позиција на кафе во Плеј Кафе а после во Сектор на техно анализираа народ. Ако одиш во Каменица, Белимбегово, с.Лисиче и многу други и поразговараш со мештаните, тие се убедени дека грујо и мијалков се новите Тодор Александров и Даме Груев, а дека тие што влегле во собрание се еквивалент на комитите во турско. На најдобриот полиграф на светот да ги ставиш ќе поминат, за микрометар нема да се поместат тоа линиите.
Мнозинството народ не се оние одам на алтернативен про ЛГБТ вегански фестивал со бесплатни часови јога фаци. Така да по ова прашање се согласувам донекаде со Инглориус, има голем број на "автентични борци за кауза". Не би ја потценил таа бројка тргајќи со премисата дека-Не може да се до толку глупи. Уф колку само може, али треба некаде човек да иде и во Деспина и во Еспана Охрид и во Шабано Струмица и во Болетос Велес, а не само во Аурора Спа и Велнес Берово. Само што сепак мислам дека поголемиот дел се оние што кур ги боли за идеологија. Народов е воедно и глуп и поткуплив/расипан, али е повеќе поткуплив/расипан него глуп.
Ти која група ја преферираш?
Онаа што иде на промоција на скопски причи у мкц или онаа што ги купуе книгите на Ниче ?
Слушателите на мелосов каде би го ставил? Не можеш да кажеш дека 11 години упростување и масовно оглупување на народот не се случувало и дпмне нема никаква кривица или улога во тоа.
Дај жити се погледни прво што направија од образованието па па после се останато.
Рачунај шо памет сега носи некој 20 годишник што наставник во 5-то одд му бил окорели дпмнеовец со завршено економско со потоа курс по англиски.
Па лично сум сведок каде што не знае да бекне англиски а е вработена како наставничка и предава англиски јазик, заради партиски заслуги коленичење кај локалниот прецедник на месен итн. На часови не само што не предаваше, туку и цело време само вмро и комуњари и беа во уста, и сега сакаш да кажеш дека дпмне нема улога ?
Не заебавај, не знам која генерација си, но јас познавам луѓе ( и тоа поголема бројка ) од селски средини каде што родителите им биле полу писмени со осмо или три години средно па нивните деца станале и тоа какви луѓе да не ги наречам интелектуалци.
Сјебувањето на менталитетот почнува од училиштата и бутање во први редови на под просечните и медиокритетот, ставање на функции итн лесно се контролира проста и необразована маса.
8 000 00 евра субвенција за ова погоре
Пак сега раскажувај ми како дпмне нема удел во закрепостување на народов.