Не сакам да ме сфатиш грешно или навредливо. Грешката што ја правиш е што се обидуваш да се ставиш во нивна кожа, ама со овој ментален склоп што го имаш сега. Ти си викаш-Добро што би направил да сум јас на нивно место? И одговорот што си го даваш е-Без дебела кешарица, дали директно или индиректно преку вработување или слично треба да сум будала да го правам ова. А уствари треба да се запрашаш-Што би правел да сум на нивно место ама со 10% од мозоков што го имам сега?
Проблемот што СДСМ го правеа е што од позиција на кафе во Плеј Кафе а после во Сектор на техно анализираа народ. Ако одиш во Каменица, Белимбегово, с.Лисиче и многу други и поразговараш со мештаните, тие се убедени дека грујо и мијалков се новите Тодор Александров и Даме Груев, а дека тие што влегле во собрание се еквивалент на комитите во турско. На најдобриот полиграф на светот да ги ставиш ќе поминат, за микрометар нема да се поместат тоа линиите.
Мнозинството народ не се оние одам на алтернативен про ЛГБТ вегански фестивал со бесплатни часови јога фаци. Така да по ова прашање се согласувам донекаде со Инглориус, има голем број на "автентични борци за кауза". Не би ја потценил таа бројка тргајќи со премисата дека-Не може да се до толку глупи. Уф колку само може, али треба некаде човек да иде и во Деспина и во Еспана Охрид и во Шабано Струмица и во Болетос Велес, а не само во Аурора Спа и Велнес Берово. Само што сепак мислам дека поголемиот дел се оние што кур ги боли за идеологија. Народов е воедно и глуп и поткуплив/расипан, али е повеќе поткуплив/расипан него глуп.