Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
S

silmarillion

Гостин
90% е јавна администрација што влезе внатре. И тоа троа глупиот дел. Паметниот (имам близок), не влегоа а беа пред собрание секој ден и тоа исклучиво за да бидат видени и да задржат работа. Главните ако сте од Скопје, нема поента да ги разматраме нивните причини. А рестото глупаци.
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.149
Поени од реакции
25.756
Види, да си заглаен со кредити и да работиш у администрација разбирам, да дилаш у маало на рачун на партија пак разбирам, да удараш рекет на рачун на партија ќе разберам, да си на платен список на ВМРО (поздрав Боби) исто ќе разберам, да си на тендер конекција исто ќе разберам. Ама да влезеш главом без обзира, ти не си патриот, ти си глупак. Па да му ебем матер што не ги читаат тие солунски атентатори гемиџии и слични како делувале. Проста маса необразована. Али кур ги заболе за идеологија, да бидеме реални, сите знаеме колку е/беше саат.
Не сакам да ме сфатиш грешно или навредливо. Грешката што ја правиш е што се обидуваш да се ставиш во нивна кожа, ама со овој ментален склоп што го имаш сега. Ти си викаш-Добро што би направил да сум јас на нивно место? И одговорот што си го даваш е-Без дебела кешарица, дали директно или индиректно преку вработување или слично треба да сум будала да го правам ова. А уствари треба да се запрашаш-Што би правел да сум на нивно место ама со 10% од мозоков што го имам сега?
Проблемот што СДСМ го правеа е што од позиција на кафе во Плеј Кафе а после во Сектор на техно анализираа народ. Ако одиш во Каменица, Белимбегово, с.Лисиче и многу други и поразговараш со мештаните, тие се убедени дека грујо и мијалков се новите Тодор Александров и Даме Груев, а дека тие што влегле во собрание се еквивалент на комитите во турско. На најдобриот полиграф на светот да ги ставиш ќе поминат, за микрометар нема да се поместат тоа линиите.
Мнозинството народ не се оние одам на алтернативен про ЛГБТ вегански фестивал со бесплатни часови јога фаци. Така да по ова прашање се согласувам донекаде со Инглориус, има голем број на "автентични борци за кауза". Не би ја потценил таа бројка тргајќи со премисата дека-Не може да се до толку глупи. Уф колку само може, али треба некаде човек да иде и во Деспина и во Еспана Охрид и во Шабано Струмица и во Болетос Велес, а не само во Аурора Спа и Велнес Берово. Само што сепак мислам дека поголемиот дел се оние што кур ги боли за идеологија. Народов е воедно и глуп и поткуплив/расипан, али е повеќе поткуплив/расипан него глуп.
 
Генерално тоа размислување за врхушката беше у време апсење на Велија. Кога сите мислевме дека конечно иде расчистување со криминалот на СДС. После тоа кога видовме колку е саат ни стана јасно дека станува збор за бетер ѓубре, а тие што ги величеа сфатија дека овие даваат кеш за величање ако си побараат. Па така, разни батиња упорно пробуваа да се етаблираат ко физички јаки момци пошто знаат кај врхушката што пали. Некои од нив посегнаа по нечиј живот. Некои успеаа да пројдат неказнето некои тепаа пратеници и ќе лежат у 2 на 2 30 години.

Мене гнасната вештачка каста на СДС ми е многу јасна и нивниот фејк елитизам кој денес пак се враќа. Ама, и сиромаштијата ги смени луѓето да мислат како материјално да бидат осигурани за нивните услуги. Тоа што има пар будали што отидоа на “недоговорено” е нивни проблем и тема за размишљање во таа влажна соба.
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
"автентични борци за кауза"
Овие спаѓаат во групата со делузивно растројство.
Епидемиологија: "Преваленцијата расте со возраста; 2-8% од постарата популација има делузии."

Што правиме со останатите?
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.337
Поени од реакции
4.658
Таман дрпнаа некој денар и почнаа "колумни" да пишуваат како бил тежок животот кога дипломирале, но имале сон и успеале. Па цитирање Јунг и триста филозофи, па ментални(психо) хигиени требало, а они заглавени у штабот на сдс :icon_lol:

И статијата завршува со каде се гледате/ме у 2028.

Ти брат или ќе си у опозиција и ќе продаваш магла актив ситизеншип/шарена револуција или ќе сте на власт и ќе одиш на прослава насловена: покана за условна покана за ЕУ. И нема да се замараш со политика многу многу пошо некој треба и на другарчето коста петров да му ги чита книгите успешен претприемач у министерство
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.333
Поени од реакции
26.291
Само што сепак мислам дека поголемиот дел се оние што кур ги боли за идеологија.
Избрале клуб, и навиваат за него. Од друга страна го обвинуваат ривалот за животниот неуспех, и тоа е тоа. Фанатичните навивачи не навиваат за клубот заради начинот на игра, туку едноставно навиваат. Без разлика дали победува, губи, игра офанзивно или дефанзивно. Тој тип на луѓе се ова.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.384
Поени од реакции
18.528
Мислам јасно се глеа у Собрание кој влегол по наредба ( тие со фантомките) и кој беа наснкани. Имаше и некој без фантомки како син му на мијалов кој претпоставувам влегол колку за некаква репутација у иднина.
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Избрале клуб, и навиваат за него. Од друга страна го обвинуваат ривалот за животниот неуспех, и тоа е тоа. Фанатичните навивачи не навиваат за клубот заради начинот на игра, туку едноставно навиваат. Без разлика дали победува, губи, игра офанзивно или дефанзивно. Тој тип на луѓе се ова.
Повеќе потсеќаат на култ одколку навивачи на клуб.
 
T

Terroir

Гостин
90% од тие што влегоа во Собрание, денар немаат видено. Не само директно, туку и индиректно во годините предходно...
Ма немој 80% од овие што се членови на тн патриотски здруженија и едни од главните за упадот се вработени во државни институции
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.149
Поени од реакции
25.756
Овие спаѓаат во групата со делузивно растројство.
Епидемиологија: "Преваленцијата расте со возраста; 2-8% од постарата популација има делузии."

Што правиме со останатите?
Еве да тргнеме работи во директна врска што се со ДПМНЕ како 27-ми. Ниче Димовски растур прави со продажба на книги и е еден од најпродаваните заедно со Коста Петров, на тоа мега селскиот пивски фестивал во Прилеп нема игла кај да падне, најкликани сајтови се-Докажано: Македонците се најстара цивилизација во универзумот и уште многу многу вакви работи врз кои ДПМНЕ нема влијание. Проблемот е што вие (еве може не ти лично) ги избегнувате ваквите фаци. Не сакате да имате никаква допирна дочка со нив, ги немате на Фејсбук, излегувате на различни места ти на Офф фест они на Жељко Јоксимович, гледате максимално да не ви се прекрстат патиштата. И тоа е разбирливо. Е сега само затоа што ти сакаш да држиш ниво и да комуницираш со разбрани ликови и да си опкружен со такви, не значи дека овие другиве ги нема и дека се занемарлива цифра.

Истава ситуација е со либтардите и соживотарите на тема пак ќе ги земам за пример-Албанците. Кога и да им предочиш за каква култура станува збор прво ќе ти лепнат етикета-исламофоб/албанофоб. После тоа ќе ти го земат за пример нивниот другар Бурим геј, веган, поет, атеист член на невладината организација за заштита на дабовите дрва во Македонија што го запознале во Ла Кања. И пошто постојат уште 20 такви како Бурим во цела држава, они се убедени дека се во право. Тие никогаш нема да седнат во чајџилница во Липково или во Qebabtore во Здуње да разговараат со мнозинскиот Албанец и неговите ставови за исламот, улогата на жената во семејството и значењето на Голф тројка и калашников во воспитување на 14-годишен тинејџер.

Оди во Љубанци има постер 10 на 5 од Јохан, на еден Рено 4ката од 81ва му беше со спреј шкртана лавчиња, на секоја ограда имаше постер ВМРО. Каква јавна администрација, каков бутур, еден дали има 3 километри од селото мрднато. Мислиш дека групи како мамички кои се споделувани на сајтови за сеир каде што некоја пишува дека ако детето ти има температура треба 3 пати на буково дрво да го качиш се од ВМРО? Мислиш дека гледаноста и кариерата на Драган Вучич сиве овие децении е ради ВМРО? Или дека турските (претходно шпанските) серии се истураат на тони заради ВМРО? Ако не се гледа серијата, нема спонзори за реклами, нема да има турски серии, уредниците ќе мора друго чаре да бараат.

Ги има вакви еден куп. И ваквите профили се во главно за ДПМНЕ, тоа е капацитетот на овој народ.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.708
Поени од реакции
16.923
зависно гасот, eve koga prdisne umira nikoj
од греење на струја изгореа 4 лица во Тетово, па имаше и ден на жалост ама не одговараше никој за неисправна инсталација... И ај сега такви да се гасифицираат
 
Последно уредено:

Се фино лепо, никој не спори тоа што си го напишал; имаме контакт со таквите профили - сепак се мнозинство во мала држава кадешто таквиот профил е норма. Неизбежен е контактот.
Не верувам дека би превзеле таков чекор без да е предходно обеќан некој надомест а ако не е тогаш неможам да го препишам тоа на глупавоста.

Слушавме и читавме месеци уназад (дури имаше предупредување од екс директор или функционер од УБК) дека состојбата ќе ескалира ако се случи тоа и тоа (на социјалните мрежи и интервјуа) башка, таа група имаше (гледаше) доста харизматичен "лидер" во Владо Јовановски. Има и други дејствија кои некако, површно ми наликуваат на култ (овде би ги додал и придружните "патриотски" здруженија како помал дел од целата групата која дејствуваше и како медијатор помеѓу полицијата и толпата).

Ептен е замрсено.
 
Член од
6 јули 2017
Мислења
2.273
Поени од реакции
1.487
од греење на струја изгореа 4 лица во Тетово, па имаше и ден на жалост ама не одговаараше никој за неиспраавна инсталација... И ај сега такви да се гасифицираат
i koga ke padne avion site televizii pi[uvaat za toa, nomnogu poveke lica ginat od kolite
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Македонците се најстара цивилизација во универзумот и уште многу многу вакви работи врз кои ДПМНЕ нема влијание.
Овде не се согасувам.

Директно учествуваат во тоа повикување на нешто дамнешно и изгубено ради X, непријателски фактор од кој нудат заштита и задоволување на правдата. Итс вери култиш.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom