Ме интересира дали постојат некои правила за дефинирање протест?Не може 12 луѓе со два шатори да го блокираат цел булевар.
Правно гледано имаат право мирно да протестираат и блокираат некоја улица/раскрсница/булевар, но секако тоа треба законски да биде претходно пријавено во МВР ... значи тие 12мина старчиња со 2 шаторчиња имаат право мирно да си протестираат и да блокираат пола главен град (булеварите се главните артерии на градот) б.т.в. тие и не протестираат туку си седат, си мезат и си слушаат народно музиче што си е сосема ок но проблемот е што ваквите протести од неколкумина или од неколку десетици луѓе (најчесто геријатрија) едноставно накратко кажано се гола вода и немаат никаков народен легитимитет и тежина ... во држава од 2 милиона народ треба барем 50 илјади народ минимум да излезе на протест и да рече не и тоа не да има некаква легитимност, а не вака едни си го прчат по кафани и кафичи, други си се шлапаат на Халкидики, трети си дремат домче и излегле пред собрание десетмина старци да го бранат Македонското име и идентитет, е богами има да го одбранат и го одбранија многу успешно, гледаме !
На Македонецот му се поважни бизнисот, парата, функцијата, ќејфот како и личниот комфор, кој денешен модерен Македонец ќе ти се замара со имиња на држава, идентитети и сл. тракатанци молим те !