Проблемот со името е едноставно глупост. Глупоста постои затоа што постојат глупави луѓе. Проблемот беше измислен од тогашната грчка влада за да се ќари некој ефтин популистички поен од глупаците во Грција, и еднаш кога проблемот беше створен ниту една влада на Грција не можеше да отстапи од него, повторно заради внатрешно политички притисок.
Во меѓувреме проблемот се надува од страна на националистите од двете страни и сите оние на кои не им одговара Македонија да биде дел од НАТО, почнувајќи од Русија па се до владата на Гвујо.
Сега веќе нема назад, проблемот мора да се реши а при тоа никој да не претрпи големи загуби. Грците не смеат да признаат дека направија една голема политичка шарада, а ние не смееме да го изгубиме Македонија во решението.