Не се согласувам баш, ти држи вода мислењево но не и во целост. Ние како нација во принцип си патиме од тежок господов комплекс и од надменост која мислиме дека доаѓа со самото тоа што сме бели и сме Македонци. Сега ќе ти кажам пример, доаѓа на Онкологија кај нас примариус доктор од Италија да оддржи неколку предавања ама црнец. Излегува во ходникот и една докторка, пази докторка, на цел глас на македонски - ова за ѓубрето дојдоа (мислеше циган дека е) и друга и вика демек потишина малце, не е за ѓубрето, докторот е од Италија и оваа - кај се видело црнец доктор?
Селово Тимјаник не е од Марс, од Македонија е. Може јас сум различна, ти си различен, ојле дојле од темава се различни ама просечниот Македонец е таков. Расист, со изразени нацистички сфаќања за речиси се што не е македонско или не е бело. Сите црнци ни се цигани без разлика дали е фудбалер или примариус доктор, сите кои се поразлични од нас како децава не се достојни за нашето внимание. Тоа е и со децава, сигурно да прашаш некоја од бабите таму ќе ти речат ауу скраја да е, ќе ми ги носите во селово вакви, такви, дури гад ми е да напишам какви зборови сум уверена дека ќе изговорат.
Ние што сме помладиве знам дека не сме такви ама стариве што се сега 50+ години некаде ти се тешки гадови во тој поглед а ако некој е во 20ти, 30ти итн. и да му пречат деца со посебни потреби нема оправдување ни за манипулации ни за ништо, зошто на ова интернет доба каде што можеш да добиеш секакви исфилтрирани информации ако се потрудиш да си таков...