Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.585
Поени од реакции
81.169
Ок, кажете кога може да се збори за дијаспората, да си знаеме.
Еве денес е загревање, утре е она најважното кога ќе го изгласаат законот за јазици... не само што ќе ја направат цела држава двојазична, туку и ќе му ебат матер на буџетот, дека носат закон без да знаат колку пари ќе кошта за да во целост се исполни на дело.

Е утре да удрете најјако по дијаспората.

Ај, само на кратко, да не бидам ко некои и да вртам 3413123 круга за да докажам поента.
Никој не ги обвинува затоа што протестираат туку им се смеат за тоа што се хипокрити.

Ќутат кога браќа сестри и внуци им останаа без работа, кога беа крадени, кога договараа промена на име на држава НЕЛИ ВО НИВНО ИМЕ, кога им убиваа роднини, кога местеа војни за власт, кога на нивните браќа бранители им ги бараа назад парите кои ги добија како надомест, кога гласаа закони во Август месец 2 сабајле кога сите се по одмори, кога тепаа архитекти на плоштад, кога тепаа студенти, нели нивни внуци, синови браќа и сестри.


СЕГА, кога власта се промени никнаа како печурки?

Мрш, лажливи хипокрити. Тронка искреност нема во нив!
ОК, ете хипокрити се, дволични се, штотијасзнам се... Кажи тие ни се виновни што до ова дереџе е дојдена државата?
Знаеш што... и ние во државава сме дволични. Ги вреѓаме македонците по дијаспората, скокаме и се смееме по нив, а кога Заев им ветуваше во Швајцарија пречекорување на Рамковниот Договор на Албанската дијаспора која има македонски државјанства, тогаш беше небитно, никој не се ни обиде да спомне.
Кога доаѓаа гласачи од Пустец да гласаат во Центар сите скокаа (оправдано, и јас сум против тоа), а цело време кога носат албански гласачи со автобуси да гласаат во Струга и Кичево ондак никому ништо... кој е хипокрит?

Ај прво ние да се погледаме во огледало па тогаш да збориме за други, важи?

Патем...

Мрш, лажливи хипокрити. Тронка искреност нема во нив!
И ние имаме такви во државава. Прво беа контрапротестирачите, потоа дојде Студентскиот Пленум, па незаборавната едната и единствена Шарена Револуција. Сите тие беа искрени нели, сите се бореа за подобро утре... :vrtioci:

Незнаеме дома да ги решиме проблемите, други ќе гледаме што прават низ светот.
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.483
Поени од реакции
11.539
Бре бре бре, сите урбанисти од прв до последен, а за пвеводбеничкиот пастир се велеше едно време дека тој лично ги црта детинестите неокласицистички фасади со кои го нагрди Скопјево.

https://off.net.mk/net-roulette/lokalno/vaka-nekako-ne-se-praveshe-i-parapetcheto

Вака некако не се правеше и „парапетчето“?

13 Март 2018 - 12:14

Експерт до експерт



* Фотографија од веста “Шилегов се подготвува за тунелот под Кале“
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.546
Поени од реакции
7.251
Бре бре бре, сите урбанисти од прв до последен, а за пвеводбеничкиот пастир се велеше едно време дека тој лично ги црта детинестите неокласицистички фасади со кои го нагрди Скопјево.

https://off.net.mk/net-roulette/lokalno/vaka-nekako-ne-se-praveshe-i-parapetcheto

Вака некако не се правеше и „парапетчето“?

13 Март 2018 - 12:14

Експерт до експерт



* Фотографија од веста “Шилегов се подготвува за тунелот под Кале“
Ако запнат негде експертиве, сигурен сум дека ќе ги викнат напомош советниците на Грујо
 
S

silmarillion

Гостин
Еве денес е загревање, утре е она најважното кога ќе го изгласаат законот за јазици... не само што ќе ја направат цела држава двојазична, туку и ќе му ебат матер на буџетот, дека носат закон без да знаат колку пари ќе кошта за да во целост се исполни на дело.

Е утре да удрете најјако по дијаспората.
.
Малце е зборено за сите гомна од сите политички партии? И за буџетот што го ебат сите? Тоа со дијаспората беше и пројде кога ги организираа настаните, и со право се бунат сите за нивните протести односно за нивната дволичност и тебе тука не ти држи ама ич муабетот дека они биле помалце битни поише битни. У тој момент беа најбитни тоа е. Од тогаш, не глеам некој да се зафатил со нив да се замара. Ја ги коментирав кога беа протестите, и ќе ги коментирам секогаш ќе прават протести. После тоа не ме занимаат како што ни ја нив не ги занимам додека си живеат удобно во фашистичката ЕУ и НАТО.

Утре ќе ги пљукаме СДС како што ги пљукаме од ден 1 за сите срања кои искочија на површина. Не гледам тука ништо спорно. А дијаспората незнам зашто ја дискутираме у време на нејзина тотална неактивност, каква што и е у суштина.
 
?

..........

Гостин
Охо, па таков е генот бе, помочан. Ќе ти пуштам фб профил од љопка кој продава дрога во Гази Баба, седи во Менада секој ден, има фб профил со мк име и презиме а се вика Аднан и се подјебава со се што се дешава кај Македонците, а каурите восхитени од него- лупаат лајкови и коментараат. Он добар е, ама каурите куропушачки се за на бандери.
Една слика 1000 зборови.

1.jpg
2.jpg [DOUBLEPOST=1520955779][/DOUBLEPOST]Нема дно...

http://a1on.mk/archives/865593
 
Последно уредено од модератор:
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Кажи тие ни се виновни што до ова дереџе е дојдена државата?
Постави му го прашањево на оној кој рекол дека тие се виновни, не мене. Нит го мислам тоа, нит сум го пишал некогаш на форумов, нит па сум го кажал уз муабет.

И ние имаме такви во државава. Прво беа контрапротестирачите, потоа дојде Студентскиот Пленум, па незаборавната едната и единствена Шарена Револуција. Сите тие беа искрени нели, сите се бореа за подобро утре... :vrtioci:

Незнаеме дома да ги решиме проблемите, други ќе гледаме што прават низ светот.

Ама што ми нафрливаш други теми? Тука коментираме јас и ти конкретно за една работа, дијаспорците и нивната дволичност а не за други случувања. Може да збориме за Јуве - Тотенхем и јас да ти кажам „ама таа утакмицата со Милан тогаш Буфон кога си ја заби у гол ама не го признаа голот“, нема да биде во ред, така?

Ние не можеби, ние сигурно не знаеме да си ги решиме проблемите и затоа ни ги решаваат брача американци, тоа не значи дека дијаспорците со повредени чувства ќе ни ги решат и/или треба да решаваат БИЛО ШТО во име на оние кои што живеат тука.
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.442
Поени од реакции
20.190
Постави му го прашањево на оној кој рекол дека тие се виновни, не мене. Нит го мислам тоа, нит сум го пишал некогаш на форумов, нит па сум го кажал уз муабет.




Ама што ми нафрливаш други теми? Тука коментираме јас и ти конкретно за една работа, дијаспорците и нивната дволичност а не за други случувања. Може да збориме за Јуве - Тотенхем и јас да ти кажам „ама таа утакмицата со Милан тогаш Буфон кога си ја заби у гол ама не го признаа голот“, нема да биде во ред, така?

Ние не можеби, ние сигурно не знаеме да си ги решиме проблемите и затоа ни ги решаваат брача американци, тоа не значи дека дијаспорците со повредени чувства ќе ни ги решат и/или треба да решаваат БИЛО ШТО во име на оние кои што живеат тука.
грешиш, дијаспората во швајцарија ни ја реши иднината заедно со господинот без мозок зоран заев.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
„Прилеп е еден од градовите кои што забрзано изумираат и последните истражувања го докажуваат таквиот феномен. Фамозната бројка од преку 75к жители е одамна стара бројка од некои други, различни времиња.
Каде и да отидеш ќе видиш некој познат. Во неколкуте кафулиња излегуваме едни исти, секој со секого се знае а никој не зборува еден со друг, гордоста не дозволува, клет македонски менталитет.“

Еве шо напиша Далтон. Причината за тоа и субсеквентно за се поголемиот наплив на орки е доминацијата на селаните и селскиот менталитет кај граѓаните на Прилеп.

.
Овие градови имаат од една страна висок морталитет (поради многубројното старо население кое изумира) а од друга страна има и доста иселувања на младите надвор од државава ... и Битола има 100 000 жители според пописот од пред 15-16 години но сега реално има доста помалку жители, а истото важи и за Охрид (60 илјади жители но од пред деценија и пол), Велес 55 илјади исто според стар попис !
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
грешиш, дијаспората во швајцарија ни ја реши иднината заедно со господинот без мозок зоран заев.
Заобиколи ме. Не знаеш да дискутираш, удираш ниско со суптилни навреди и на крај ја носиш дискусијата у три лепе.
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.442
Поени од реакции
20.190
Заобиколи ме. Не знаеш да дискутираш, удираш ниско со суптилни навреди и на крај ја носиш дискусијата у три лепе.
Не можам, присилен сум да читам глупости а копчето за игнонрирање не работи на модератори. А ако мислиш дека ќе се спуштам на твое ниво, тоа од мене нема да го видиш никогаш.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Не можам, присилен сум да читам глупости а копчето за игнонрирање не работи на модератори.
Тоа е нивото на дискусија што можеш да го пружиш, две три реплики и одма навреда.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
грешиш, дијаспората во швајцарија ни ја реши иднината заедно со господинот без мозок зоран заев.
Мала исправка ... за господинот З.З. покрај тие неколку десетици илјади Албанци (колку и да се) гласаа и преку 300 000 Македонци према тоа мислам дека се што прави Заев е океј и има зелено светло од народот (и Македонци и Албанци и останати)
Еве вака во мое маало 80% гласаа за Заев, од моето пошироко семејство 70% гласаа за Заев према тоа кој сум јас како поединец да се бунам ако мнозинството околу мене мои сограѓани гласале за овие сегашни политики што ги гледаме !
Јас сум да се воведе двојазичност на цела територија (се до последното село до Бугарска и Грчка граница) и секако да се смени и името, ако мнозинството народ е за ова тогаш апсолутно и јас сум за !
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
Сумирано: нѐ изгазија селаните.

Не знам шо генерација си, ама според мене самите ние сме си криви шо никој не сака овде да остани. Еве јас само и да помислам детето мое да учи во некое училиште во Прилеп, со децата на луѓето од моја генерација и со професорите и капацитети што се достапни, одма ми се приповраќа, а не пак навистина тоа да биде така.
Најголемата миграција село-град по она што го кажуваат постарите била негде 70-80 години на минатиот век. Луѓето од селата водени од желбата за подобар живот во тој период започнале да се населуваат во градовите. Конкретно за Прилеп, во тој период пред приватизацијата работеле еден куп фабрики кои вработувале илјадници луѓе. И тогаш како и сега имало акции за вработување па голем дел и се исповработиле во тие компании. И тогаш било се преку врски, така се вработувале. Некои за едно јагне од по селата влегувале на работа. Се било државно па не се водела контрола за превработеноста. Им било гајле на тогашните директори и шефови, не биле нивни фабриките па да водат евиденција за загуби, не давале пари од нивни џеб за плати и придонеси. Исто како што е сега во јавната администрација.

Кога се случи приватизацијата во 90те чинам оти Прилеп беше еден од најпогодените градови, со најголема невработеност. Еве моментално од посериозните компании кои сеуште егзистираат се: Пиварата, Витаминка со Симон кој му дава по 12к на работниците во 3 смени, Мермерот кој се продаде на Грците и кој сега се извезува низ цел свет означен како грчки производ...толку од државните фирми останаа да егзистираат, другото се отиде под клуч. Има некои нови фирми кои се во незначителен број. Тутунски, колкав објект, егзизтира на апарати. Ти практично произведуваш дрога а пари никаде. Тоне во криминал.

Ова за селаните. Да бидеме реални во голема мера тие ја одржуваат економијата во градот. Еснафите низ чаршијата со душа чекаат тутунарите да ги земат парите за да купат нешто. Ако чекаат на "граѓаните" ќе свршат работа.
Во Прилеп како и во целата држава живее една група на луѓе кои се претежно блиски со локалната власт, се друго е мизерија.
Чисто за илустрација колку е очаен градот се и работниците кои одат да работат по гулазите на Грујо наречени странски инвестиции, поготово во Дрекселмаер-Кавадарци и Кромберт-Битола.

Што се однесува до менталитетот и тоа колку луѓето од селата се виновни за истиот, јас не би правел такви поделби и не би покажувал со прст кон една група.
Прилеп како и сите други градови пати од синдромот на малограѓанштина и тој е сеприсутен, и кај старите граѓани и кај доселениците.
Во Прилеп има еден термин кој се користи, се вика бркање "кападајлок". Тој нема сол в очи се занесува, изиграва големец. Доволно е малку да се крени, да зема некоја илјадарка плус плата и тој од утре на комшиите не му вели "добар ден". Испод чест и достоинство му е да му се обраќа на голтарите околу него.
Друга работа. "Газолижење". Јас утре ако влезам на некоја повисока функција, станам обичен полицаец, скраја да е инспектор...тогаш пола град ќе ме тапша по раменици, ќе ме чести кафе и пат ќе ми прави кога ќе се враќам дома со колата од работа. И оваа особина верувам е блиска не само за Прилепчани ами за целата држава.
Јас кај обични луѓе на гости во Прилеп илјада пати подобредојден се чувствувам одколку кај некои стари граѓани. Ова е мое субјективно искуство, не мора да биде така.
"Кога е гага и киселината е блага". Ако се вика за честење, ако купиш една кола скапана пола град ќе разбере и мадињата че ти ги отечи за да честиш. Патем, триста мани ќе и најде од пуст завидлак. Тие кога ќе купат нешто се кријат в дупка, ги нема еден месец надвор да излезат, да не му речи некој за честење. И ова е дел од менталитетот на градот. Исто верувам својствен и за другите места.

Во моментов луѓето по селата имаат дури и повеќе од овие во градот. Јас кога одам во продавница во локалниот маркет купувам апсолутно се' од брашно, млеко, јајца, сирење, сувомеснати производи...и кога ќе се вратам дома јадам леб и паштета и фрижидерот пак стои празен.
Селанецот кога ќе дојде да пазари, тој не ги купува овие работи оти ги одгледува на село. Овошје и зеленчук си произведува дома, млеко, јајца, месо од живината дома. Ама затоа пак за други работи, слатки, чоколади за кои поголемиот дел од нас не ги ни погледнуваме, пијалоци...количката фул! В гепек и право в село.
Имаат куќа и в село и в град. Пари вишок на банка...е сега на лето нема одмор у Грчка, работа од 4 сабајле до 10 навечер.

Поентата ми е дека мене лично селаните не ми сметаат, посебено не трудољубивиот селанец кој со мака и пот ги печали парите. Тој илјада пати повеќе придонесува во економијата на државата околку некој партиски паразит од градот вработен во јавната администрација.
Никој нормален не би се селел во град ако во местото на живеење има минимум услови за пристоен живот. Зборувам за: пат, канализација, водовод, соодветна инфраструктура...
Еве некои од луѓето од селата кои се поблиску до градот доаѓаат за пет минути со сопствен превоз в град, ако постои соодветна патна инфраструктура. Овие се главните проблеми и ако се решат, тогаш никој нормален не би се селел во Прилеп или Скопје.
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.812
Поени од реакции
1.082
Ако се донесе законот за јазици со сила тогаш албанците по втор пат ќе бидат политички победници после рамковниот договор. Тоа значи дека и официјално македонецот ќе биде РОБ на сопствена земја. После тоа останува уште една опција. Сите на улица и борба до крај. Во спротивно после 4 години на следни избори албанците ќе излезат со уште една дополнителна тиранска платформа. Другиот пат ќе побараат федерализација или припојување кон Албанија или Косово.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Бре бре бре, сите урбанисти од прв до последен, а за пвеводбеничкиот пастир се велеше едно време дека тој лично ги црта детинестите неокласицистички фасади со кои го нагрди Скопјево.

https://off.net.mk/net-roulette/lokalno/vaka-nekako-ne-se-praveshe-i-parapetcheto

Вака некако не се правеше и „парапетчето“?

13 Март 2018 - 12:14

Експерт до експерт



* Фотографија од веста “Шилегов се подготвува за тунелот под Кале“
Све интелектуално-експертутски фаци ... ќе го биде Скопјево нема што !
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom