Сумирано: нѐ изгазија селаните.
Не знам шо генерација си, ама според мене самите ние сме си криви шо никој не сака овде да остани. Еве јас само и да помислам детето мое да учи во некое училиште во Прилеп, со децата на луѓето од моја генерација и со професорите и капацитети што се достапни, одма ми се приповраќа, а не пак навистина тоа да биде така.
Најголемата миграција село-град по она што го кажуваат постарите била негде 70-80 години на минатиот век. Луѓето од селата водени од желбата за подобар живот во тој период започнале да се населуваат во градовите. Конкретно за Прилеп, во тој период пред приватизацијата работеле еден куп фабрики кои вработувале илјадници луѓе. И тогаш како и сега имало акции за вработување па голем дел и се исповработиле во тие компании. И тогаш било се преку врски, така се вработувале. Некои за едно јагне од по селата влегувале на работа. Се било државно па не се водела контрола за превработеноста. Им било гајле на тогашните директори и шефови, не биле нивни фабриките па да водат евиденција за загуби, не давале пари од нивни џеб за плати и придонеси. Исто како што е сега во јавната администрација.
Кога се случи приватизацијата во 90те чинам оти Прилеп беше еден од најпогодените градови, со најголема невработеност. Еве моментално од посериозните компании кои сеуште егзистираат се: Пиварата, Витаминка со Симон кој му дава по 12к на работниците во 3 смени, Мермерот кој се продаде на Грците и кој сега се извезува низ цел свет означен како грчки производ...толку од државните фирми останаа да егзистираат, другото се отиде под клуч. Има некои нови фирми кои се во незначителен број. Тутунски, колкав објект, егзизтира на апарати. Ти практично произведуваш дрога а пари никаде. Тоне во криминал.
Ова за селаните. Да бидеме реални во голема мера тие ја одржуваат економијата во градот. Еснафите низ чаршијата со душа чекаат тутунарите да ги земат парите за да купат нешто. Ако чекаат на "граѓаните" ќе свршат работа.
Во Прилеп како и во целата држава живее една група на луѓе кои се претежно блиски со локалната власт, се друго е мизерија.
Чисто за илустрација колку е очаен градот се и работниците кои одат да работат по гулазите на Грујо наречени странски инвестиции, поготово во Дрекселмаер-Кавадарци и Кромберт-Битола.
Што се однесува до менталитетот и тоа колку луѓето од селата се виновни за истиот, јас не би правел такви поделби и не би покажувал со прст кон една група.
Прилеп како и сите други градови пати од синдромот на малограѓанштина и тој е сеприсутен, и кај старите граѓани и кај доселениците.
Во Прилеп има еден термин кој се користи, се вика бркање "кападајлок". Тој нема сол в очи се занесува, изиграва големец. Доволно е малку да се крени, да зема некоја илјадарка плус плата и тој од утре на комшиите не му вели "добар ден". Испод чест и достоинство му е да му се обраќа на голтарите околу него.
Друга работа. "Газолижење". Јас утре ако влезам на некоја повисока функција, станам обичен полицаец, скраја да е инспектор...тогаш пола град ќе ме тапша по раменици, ќе ме чести кафе и пат ќе ми прави кога ќе се враќам дома со колата од работа. И оваа особина верувам е блиска не само за Прилепчани ами за целата држава.
Јас кај обични луѓе на гости во Прилеп илјада пати подобредојден се чувствувам одколку кај некои стари граѓани. Ова е мое субјективно искуство, не мора да биде така.
"Кога е гага и киселината е блага". Ако се вика за честење, ако купиш една кола скапана пола град ќе разбере и мадињата че ти ги отечи за да честиш. Патем, триста мани ќе и најде од пуст завидлак. Тие кога ќе купат нешто се кријат в дупка, ги нема еден месец надвор да излезат, да не му речи некој за честење. И ова е дел од менталитетот на градот. Исто верувам својствен и за другите места.
Во моментов луѓето по селата имаат дури и повеќе од овие во градот. Јас кога одам во продавница во локалниот маркет купувам апсолутно се' од брашно, млеко, јајца, сирење, сувомеснати производи...и кога ќе се вратам дома јадам леб и паштета и фрижидерот пак стои празен.
Селанецот кога ќе дојде да пазари, тој не ги купува овие работи оти ги одгледува на село. Овошје и зеленчук си произведува дома, млеко, јајца, месо од живината дома. Ама затоа пак за други работи, слатки, чоколади за кои поголемиот дел од нас не ги ни погледнуваме, пијалоци...количката фул! В гепек и право в село.
Имаат куќа и в село и в град. Пари вишок на банка...е сега на лето нема одмор у Грчка, работа од 4 сабајле до 10 навечер.
Поентата ми е дека мене лично селаните не ми сметаат, посебено не трудољубивиот селанец кој со мака и пот ги печали парите. Тој илјада пати повеќе придонесува во економијата на државата околку некој партиски паразит од градот вработен во јавната администрација.
Никој нормален не би се селел во град ако во местото на живеење има минимум услови за пристоен живот. Зборувам за: пат, канализација, водовод, соодветна инфраструктура...
Еве некои од луѓето од селата кои се поблиску до градот доаѓаат за пет минути со сопствен превоз в град, ако постои соодветна патна инфраструктура. Овие се главните проблеми и ако се решат, тогаш никој нормален не би се селел во Прилеп или Скопје.