За 500 години турско ропство македончето како сунгер успеа да впие се што беше негативно, да го изобличи сопствениот ген до степен на непоправливост. Ден денес сме истите лицемерни предавнички гомна. За најобична работа, за обичен лекарски преглед гледа да влезе преку ред, да фати врски. Мозокот само во таа насока ни работи. Нашиот менталитет е сеирџиски. Се дури мечката не заигра во нашиот двор тераме сеир на сметка на комшијата. Тоа е тоа црно семе на завидливост, превртливост, немаме чувство за национална свест, никакво достоинство, се однесуваме како од Марс да сме паднати тука. Кај нас не работи осетот за заедничка одговорност пред идните генерации, живееме од денеска па за утре.
И во таа таканаречена "заедничка" држава сме биле истите гомна како и сега.
Албанците имаат агенда, план за иднината и само трпеливо чекаат погоден момент. Каде беа пред 20 години а каде се сега? Имаат дури три држави. Ова кај нас е де факто држава во држава и само прашање на време е кога ќе се оствари нивниот стремеж за т.н Голема Албанија.
Не за џабе се рекло: на еден комита му доаѓаат уште тројца предавници. Ден денес тоа правило важи. Нашиот ген е самоуништувачки, се мразиме самите себеси. Успеавме за овие 27 години на независност да ги увеземе најлошите работи од Западот, ден денес се одвива тоа со незапирлив интензитет, јуришаме кон сопствената пропаст.
Во нашиот генски код се запишани најлошите карактеристики кои една нација може да ги има. Сме го изгубиле чувството за припадност ами се идентификуваме со работи несвојствени за една здрава нација и општество. Нашите морални вредности се сведени на минимум. Етичкиот и морален кодекс практично и не постои. Ние сме зомби нација, изгубени лутаме на овој мал простор, ја убиваме секоја желба за живот, се храниме од енергијата и вољата на подобрите од нас.
Политичките партии се кампови за регрутација на безкичмењаци, луѓе кои ги поседуваат сите горенаведени карактеристики. Затоа и имаме вакви политичари. Нив не му требаат паметни луѓе кои ќе внесат нови идеи, тоа ќе значи пропаст на веќе разработената шема за саморазнебитување, крадење на сопствениот народ и систематско уништување на државата. Репер за успех се локалните рекетари и арамии. Ниту една нација од надвор не може да уништи друга колку и да се обидува. Клучот за успех и самоуништување лежи во нас самите.